Плавуша му кажува на сопругот дека сака да посвои тримесечно бебе од Англија. Сопругот ја прашува:
- Што ќе правиш со него ??
- Па кога ќе почне да зборува, од него ќе учам англиски.
Влегува бесконечен број на математичари во кафиќ. Првиот математичар доаѓа до шанкот и вели:
"Мене дај ми едно пиво, на другиот 1/2 пиво, на третиот 1/4 пиво, на четвртиот дај му 1/8 пиво, на петиот 1/16 пиво итн."
На тоа, шанкерот одговара:
"Ма вие сте сите геометриски конвергентни кретени" - и им наточил 2 пива!
Доаѓаат гости кај Влав и гледат цел облечен во црно.
- Зошто бе ти така у црно?
- Абе вчера татко ми умре...
- Како бе кога сабајле го видовме стоеше на портата?
- А не, ние така го потпревме за да прими пензија.
Си го купив најновиот iPhone.
Во именикот за „Тато“ ја ставив сликата на началникот на полицијата во униформа.
На „Вујко“ ја ставив слика од окружниот обвинител.
На „брат“ ставив слика од полицаец од Алфите.
Веќе 3 пати ми го крадат телефонот и 3 пати ми го враќаат!
Се јавува пијаница во советувалиште за алкохоличари. - Ало, дали тоа е советувалиштето за алкохоличари? - Да, да, повелете. - Може да ме посоветувате што да пијам вечер?
Се сретнале Трајче и Панче - Кај си бе ? Шо има ново ? - Абе отидов до лотаријата и земав грепка, нема да поверуваш ја изгребав колата! - Стварно? - Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот.
Зборуваат две плавуши по телефон и едната и вика на другата:
- Знаеш дека за да се сплете еден џемпер потребни се три овци?
- Еј, незнаев дека овците можат да плетат.
Пијаница им раскажува на своите другари: - Видете, јас сум многу рентабилен. Дневно ми требаат литро ракија, литро млеко и мачка. - Е зошто ти е мачката бе? - Е како зошто? Па кој ќе го испие млекото?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.