Вицеви без наслов 2 дел

Корисник се јавува на сервисерот за компјутери и му го кажува проблемот.
Сервисерот- А, имаш ли икони на десктопот?
Корисникот- Да!
Сервисерот- Е, па моли се
 
Цветко зборува на телефон:
- Ало! Здраво! Со кого зборувам?
-Со продавницата за обувки.
-Извинете сум го згрешил бројот.
-Нема проблем, дојдете ќе ги смениме, само носете си ја и фискалната сметка.
 
Кој витамин го има најмногу кај овците?
- Беее!
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 14:42 ---
Софија станала американка. Ја сретнала Шер и и се пофалила. Шер и рекла:
- Сестро, рака на срце за тебе, рака на гз за мене!

--- надополнето: 6 февруари 2013 во 14:43 ---
Си биле две баклави и се шетале. Едната и рекла на другата:
- Јас не можам веќе ме глоѓаат оревите.:pos:

--- надополнето: 6 февруари 2013 во 14:44 ---
Едно дете му вика на таткому детето:

- Тато, тато, купи ми слон!!!
- Абре сине немаме со што да го храниме!
- еј, па како во зоолошка вика: НЕ ГИ ХРАНЕТЕ ЖИВОТНИТЕ.


 
Директор на една Неготинска фирма, че оде за прв пат со службената кола за Скопје....

И едно време, го прашуе он шоферот:

---Море, шо туку а мрдаш таа рачката, напред-назад?

---Па, мењам брзини директоре...

---Ами нели ти реку приѓеска у гараж'та, да смениш се шо требе пред да тргниме...
 
Нинфоманка отишла на психијатар.Штом влегла во ординацијата психијатарот рекол
-Ве молам легнете на каучот.
А таа возбудено рекла
-Господине ...колку бргу погодивте што ми фали...!!!
 
Седат двајца пријатели во една кафана:
- Пријателе, најдов идеална жена за тебе!
- Кој е таа бе?

- Цвета бе... Од соседното село!
- Која Цвета бе? Цвета глувата?
- Да бе, што ако е глува... Тамам нема да може да те слушне кога ќе си одиш пијан дома.
- А нели таа и не гледа добро?
- Да бе... Тамам нема да те гледа кога пиеш со пријателите.
- А тоа што накривнува со едната нога?
- Да бе, тамам нема да може да те брка и да те фати кога ќе се напиеш.
- А таа нели е малку приглупа?
- Тамам ќе можеш да ја лажеш како сакаш.
- А тоа што е многу грда?
- Ееее, ти пак сега... не може се да е убаво!
 
- Што е разликата меѓу слон и клавир?
- На клавирот може да се наслониш, а на слонот не можеш да се наклавириш.

Си оди мажот дома и и вели на жена му:
-Зошто си гола?
А таа му одговорила:
-Па така, се релаксирам.
-Аха, ти мораш да имаш скриено некој тука.
И почнал да бара. Барал и барал и најпосле го отворил гардеробот и гледа човек.
-Кој си ти бе? – го прашал.
-Борче.
Мажот го скапал од ќотек.Тоа се повторило и вториот и третиот ден. Четвртиот ден влегува мажот и повторно ја гледа жена му гола и намуртена. Го отвара гардеробот, гледа голем и намуртен билдер и вели:
-Еј абе кај е Борче?????????


Перо оди во пустина и побеснал за вода. Оди , оди и гледа езеро , заминува кај езерото и ко ќе види змеј до езеро. Перо ги бери последните сили и скока се тепа со змејот, змејот го фаќа го ака од земја и му вели : шо сакаш ти бе ?
- абе вода да се напијам
-па напиј се шо се тепаш.........

:pos:
 
Две кумановке се возив у аутобус на релацију Куманово-Скопје, па ву една вика на другу:
- Ух, виде се он'j д'н сас Сашу.
- Кој Сашо, прашује гу другачка ву, он'ј ли што идесте некое време?
- Не мори, ов'ј е нов. И видесмо се, па к'д ме дофати Сашо, па едно целивање, па мазење, па к'д ме фати за кукови, па ме дрса, влече, па малце ме гали па после ме фати за г'з, па па такој, па нешто музиче иде, а ми пијуцкамо вино, па после сас леву руку ме држи, сас десну ме соблача, па, паааааааа
К'д од ед'н пут, чује се од задњо седиште глас:
- Ајде мори кажуј, еба ли те т'ј Сашо, матер ти јебем... Требаше да се симну још у Агино Село!
 
Се караат маж и жена и таа му вели:
- Подобро ќе беше да се омажев со ѓаволот!
А мажот и одговара:
- Bенчавката меѓу роднини со закон е забранета.


Нов, непознат пријател на скајп и пишува на една девојка:
- Алооо, убавице имаш ли дечко?
- Имам! А кој си ти?
- Јас сум твојот татко! Кога ќе си дојдам, ќе видиш што ќе се случи!
- Ама тато, јас се зафркавав. Немам дечко, мала сум уште...
По некое време и пушува друг:
- Срце, имаш ли дечко?
- Не!
- Леле, ќе те убијам, јас сум дечко ти!
- Ооо извини душо, извини, јас мислев дека пак татко ми ме проверува...
- Пак е татко ти! Чекај ме дома! :pos:
 
Се враќа Циго од доктор, и жена му го прашуе:
---Ее, шо кажа докторот?
---Лошо жено, ми се помешале орган'те....
---Како тоа се помешале бре?
---Па така, отишол дробот у курац....
 
Перо му праќа писмо на синот во кое се наоѓала банкнота од 500ден. Во писмото покрај банкнотата имало и лист на кој што пишувало:
- Драги сине, еве ти ги праќам оние 500 денари кои ми ги бараше, и само да знаеш 500 се пушува со две нули а не со три, џабе те праќам на факултет!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom