Вицеви без наслов 2 дел

Седат наркомани на скалите и се фиксаат. Доаѓа стара баба, па ги прашува:
- Што правите,деца?
- Еве, се фиксаме, бабо.
-Ако, ако, деца. Само немојте да седите на студен бетон.
 
Си било едно дете и многу сакало да учи за вошката. Еден ден наставникот да го испрашува за оценка и му рекол ај кажи ми што има кравата и он почнал:
- Па кравата има месо, коски, влакна, а на влакното има вошка, и почнал да кажува: вошката е инсект...
Наставникот рекол ај да го прашам за коњот и го прашал и овој почнал пак
- Па коњот има месо, коски, влакна, а на влакната има вошки и пак почнал да кажува за вошката.
Па наставникот што да прави и му текнало дека рибата нема влакна па нема да може да збори за вошки и го прашал и овој му рекол:
- Епа рибата има месо, коски, нема влакна ама да имаше ќе имаше и вошки, а вошката е инсект...

Двајца педери немале што да прават па решиле да се мечуваат со куровите. Едниот по некое време се уморил и му вика на другиот:
- Неможам повеќе, убиj ме!
 
Вицов е :pos2:


Исус, Св. Петар и Јуда се шетале и наишле на една река. Тогаш Исус им рекол дека со верба можат да одат и по вода. Седнал, се молел 10 мин па ја преминал реката. Се помолил и Св. Петар 10 минути па и тој ја преминал реката.
Се помолил Јуда, и пробува да помине ама паѓа во реката. Испаднал, и Исус му вели: "Мораш да се молиш со верба, со срце!" Се моли пак Јуда едно саат време, пак пробува и пак пропаѓа. Пробувал вака Јуда 20тина пати и секогаш овие му велеле дека мора да се моли со срце. После некое време пред Св. Петар да каже да се моли со срце, Исус го прекинал и му рекол:
"Абе пеер, ај доста го дупиме. Ај кажи му кај се камењата.

Седи зајакот на шанк а пред него кригла пиво. Дошол дабарот да го зафркава, арно ама зајко никако да мрдне. Дабарот на финта му го зел пивото и го испил. А зајакот на тоа со тажен глас му вели:
- Ееее, значи денес стварно ми е лош ден, ништо не ми оди од рака. Прво пробав со пиштол да се убијам - нема куршуми. Потоа земав јаже да се обесам - се скина јажето. На крај со последните пари купувам пиво ставам отров во него и да не веруваш ми го снема пред нос.
 
Се враќаат мечокот, мечката и мечето дома. Гледа мечокот во празната чинија на масата и вели:
-Чинијата ми е празна, некој ми јадел од храната!
И мечето гледа, и тоа вели:
-И мене ми е празна чинијата, и мене некој ми јадел од храната!
Мечката гледа и вика:
-Aj не драпајте многу, уште не сум ви ни турила!
 
Трпана на телевизија гледа емисија за готвење.
-Трпе доаѓа и и вика: Што гледаш вакви емисии и онака не те бива!
-Tрпана: Па и ти гледаш порничи!
 
си седеле мара, зора и дара.
Мара рекла- на мој перо синока му беа многу ладни јајцата.
Утредента на седенката зора рекла-абе незнам што е работата и на мој киро синоќа му беа ладни јајцата.
утредента се собрале пак на седенка и дара дошла цела помодрена и потечена од тепање.
што ти е тебе ја прашале во еден глас.
Што ми е? Си легнавме јас и ристо и јас го прашев , абе ристо зосто на перо и киро му се ладни јајцата а тебе топли!!!

Синот го прашува таткото:
- Вистина ли е дека во некои области на Африка мажот не ја познава жената сè додека не ја ожени?
Таткото:
- Така ти е тоа, сине мој, во сите земји.
 
Св.Петар и Ѓаволот поставуваат ограда за да го поделат небото. Арно ама Ѓаволот влегол 5 метри во рајот со оградата.
Св. Петар му вика:
- За 10 дена да ја поместиш оградата, да не се расправаме.
Ѓаволот одговара:
- Ај не ме замарај, нема шанси да ја поместам...
За 10 дена се среќаваат, оградата непоместена, и Св. Петар му вика на Ѓаволот:
- Абе оградата требаше да ја поместиш, а не си ја поместил. Сега ке те тужам!!...
Ѓаволот почнал да се смее, и низ смеа одговорил:
- Е ај да те видам кај ке најдеш адвокати!!!:pos2:
 
Оди човек во Мадрид, Шпанија, седнува во ресторан и го порачува специјалитетот на куќата. Келнерот му носи чинија со компири и две топки месо. Човекот прашува:
- Што е ова?
- Кохони, господине.
- Што се кохони?
- Кохони се тестиси од бик што има изгубено во попладневната борба на арената.
Отпрвин му се згадило на човекот, ама откако ги пробал и му се бендисале се изел. Другиот ден човекот повторно отишол во истиот ресторан и повторно порачал кохони. Го донел келнерот јадењето, но со две топки скоро двојно помали од претходните. Човекот револтиран:
- Што е ова?
- Кохони господине.
- Не, не. Јас вчера јадев кохони и тие беа многу поголеми од овие.
- Господине, не губи секој ден бикот!

:pos2:
 
Дебелиот Цветко стои пред детска градинка. Поминува покрај него воспитувачката и го прашува: - Извинете вие чекате дете? - Не, тоа ми е од пиво!!:pos2:
 
Отишол Трпе на море. Таму запознал некоја странкиња и почнал да ја работи, и кога завршил ја прашал:
- Are you finish?
Странкињава му вели:
- No.
Овај продолжува и си вика, сега ќе ја искинам, па грабнал агресивен секс, завршил и ја прашал:
- Are you finish?
Странкињава му вика:
- No.
Овај почнал уште појако дури не му помодрел к**** од плескање, и си вика, оваа мора да сврши да не ги оговара како македонциве не ги бива, па ја грабнал. После 4 саати умрени од секс, и таа и тој, ја прашува:
- Are you finish now?!
Таа му вика:
- No, I'm not FINISH, I'm SWEDISH!!! :pos::pos:
 
Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот. По некое време, Кралицата рекла:
- Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
- Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
- Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
- И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел... го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
- Колку дужам?
- Десет денари, рекол Ѓаволот.
- Како тоа 10 денари? Ови разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
- Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локал.:)
 
Дневникот на Цвета:
Средата навечер ми изгледаше дека Перо се однесува чудно. Уште утрото се договоривме да се најдеме на пијалак. Цел ден го минав со пријателките на шопинг, па мислев дека е нервозен заради тоа што малку задоцнив, меѓутоа тој ништо не прокоментира. Разговорот некако не ни одеше, па му реков да се преместиме на некое потивко место каде што ќе може да зборуваме. Тој се согласи но остана тивок и отсутен. Го прашав што е проблемот, тој рече ништо. Го прашав дали е моја грешка што е вознемирен. Тој рече дека не е до мене и да не се грижам. На пат кон дома, му кажав дека го сакам, тој едноставно се насмеа и продолжи да вози. Не можам да го објаснам неговото однесување, не знам зошто не ми рече дека и тој ме сака. Кога дојде дома се чувствував како да сум го изгубила, како да не сака да има ништо со мене. Само седеше и гледаше во телевизорот, повторно целиот далечен и отсутен. Конечно решив да си легнам, околу 10 минути подоцна и тој дојде во кревет. На изненадување, тој реагираше на моите провокации и водевме љубов, меѓутоа се уште беше изгубен и со мислите на друго место. Решив дека повеќе не можам да го толерирам и одлучив да го конфронтирам, но тој веќе беше заспан. Почнав да плачам и плачев се додека не заспав. Не знам што да правам, речиси сум сигурна дека неговите мисли се со некоја друга. Мојот живот е катастрофа.

Дневникот на Перо:
Денес Милан отпадна од Лигата на Шампиони.
 
Си било едно црвче и сакало да се најаде. Го гледа листот и размислува....
- Ај да почекам нека стане зелен и посочен, па ќе го изедам.
Во меѓувреме, некое врапче го мерка црвчето и размислува...
- Ај да почекам да созрее ливчето, црвчето нека го изеде, ќе стане подебело, па потоа ќе го изедам - да имам што да лапнам.
Во меѓувреме, некое маче го гледа врапчето и си размислува...
- Ај да почекам да созрее ливчето, па црвчето нека го изеде, па него врапчето ќе го изеде, ќе биде подебело, па потоа јас ќе го изедам врапчето - да имам што да каснам.
- И така би. Црвчето го изело ливчето, врапчето црвчето, арно ама на мачето му побегнало врапчето, и тоа паднало во едно вирче.
Наравоучение: Ако многу му ја мислите, и предиграта Ви трае подолго од вообичаено, има шанса мачето да ви остане само влажно!
 
Кога одите јужно од Македонија како знаете дека сте ја преминале границата ?
- Наместо мајка почнуваат да ви пцујат татко.

Зошто само кога ја посетува грција папата не се наведнува да ја бакне земјата...
- Зашто ако се наведне, ке му го натегне некој спопален малака
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom