Доаѓа швaлерот дома додека маж и бил на работа. Нејзиниот 9 годишен син упаѓа дома ненадејно, ги здогледува и се сокрива во ормар. Мажот исто така ненадејно се појавува а жената го става швалерот во ормарот, не знаејќи дека и синот е внатре.
малиот: Мрачно е овде.
швалерот: да, мрачно е.
малиот: имам фудбалска топка.
швалерот: баш убаво.
малиот: сакаш да ја купиш?
швалерот: не, фала.
малиот: татко ми е надвор, знаеш?
швалерот: добро, колку пари?
малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар.
малиот: мрачно е овде.
швалерот: аха, мрачно е.
малиот: имам патики.
Спомнувајќи си што се случи минатиот пат, швалерот веднаш прашува:
колку пари?
малиот: 750 евра.
швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, татакото му вика на синот:
- Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
малиот: не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
таткото: ги продаде? за колку пари?
малиот: заедно за 1000 евра.
таткото: илјада евра?? па тоа е грозно, така да ги дереш своите пријатели... тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат... одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
малиот: мрачно е овде
попот: еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање!