Мамо, мамо, ќе ми купиш велосипед за роденден?
-Не сине, што ќе ти е, ти имаш инвалидска количка.
Прашање: Што се добива кога ќе потопиш бебенце во врела вода?
Одговор: Чај од мајчина душичка...
Мамо, мамо мозе да си играм со дедо?
- Може, ама после пак да го закопаш.
Како се вика куче со две нозе?
-Како и да го викаш, нема да дојде!
Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта. Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата, па ѕиркаат лево, десно да видат од каде доаѓа тропањето. Кога, ете го позади една грмушка човек со чекан и длето удира по една надгробна плоча. На двајцава и олеснува, а Трпе проговорува:
- Господи, колку не исплаши, мислевме дека си некој дух! Па, добро бе човеку, што правиш волку касно на гробишта?
Човеков одговара:
- Будалите ми го згрешиле името!
На Цветко му доаѓа комшијата на гости и уште од врата зачудено го прашува:
- Цветко бе, што си го ставил бебето да спие на плакар?!
- Абе, кога паѓа од креветче не го слушам.