Вицеви без наслов 2 дел

Вечер, сопружниците се во дневната соба. Мажот ја прашува жена си:
– Душо, каде е кафето?
Таа го погледнува луто и избувнува:
– ТИ БЕ УШТЕ ЛИ НЕ НАУЧИ?! ТОЛКУ ГОДИНИ, уште не знаеш каде стојат работите?! Засрами се! КАКО МОЖЕ ДА СИ ТОЛКУ ИЗГУБЕН!
– Добро бе жено, не се дери, кажи каде е?
– Е КАКО КАДЕ?! Како и секогаш – во една кутија од кикирики, на која пишува „шеќер“ и си стои на втората полица во фрижидерот!
 
Оди човек по улица и здогледува маче.
- Мац! Мац!
Во тој момент поминува една дебела жена:
- Што ти е бе манијаку?!
- Мац викам, мац, не викам МЕЦ!
 
Италија. Бар во помало гратче на брегот на Адриатикот . На маса седи едно бучно друштво италијанци.
Во барот влегува мароканец со триста тракатанци на него - за продавање , приоѓа до шанкот и нарачува вода.
Италијанците престануваат да галамат и сето внимание го насочуваат кон црнецот. По некоја секунда еден од италијанците (И)да се покаже духовит пред друштвото му се обраќа на мароканецот(М) :
- Еј, мароканецу, дојди тука!
Овој приоѓа
(И) - Погоди, зошто ти си целиот црн, а дланките ти се бели ?
(М) - Не знам...
(И) - Затоа што кога јас тебе те фарбав , ти со нив беше потпрен на ѕидот!!!
Италијанците се ваљаат од смеа , а мароканецот постојал, постојал и се вратил на шанкот
Но, италијанецот по некоја минута пак го вика :
- Еј, мароканецу, дојди тука!
овој доаѓа
(И) - Погоди, зошто си ти црн, а стапалата ти се бели
(М) - Не знам- одговорил
(И) - затоа што кога јас те фарбав ти стоеше на земја!!!!
Италијанците повторно се грчат од смеа, а овој се вратил на шанкот да си ја допие водата
Ја допил и дошол кон масата со веселите италијанци и го прашува „најпаметниот“ од нив
- А ти знаеш ли, зошто си целиот бел а само чмарот ти е црн ?
-?!?!?!...
- Затоа што кога те е*ев на мене бојата уште беше свежа и недосушена !!!
 
Му ѕвони Ангела Меркел на Груевски:
– Никола, пријателе, ми треба помош од тебе. Во Германија ќе има избори и многу ми е тешко.
– Ангела, ако помогнеш да влеземе во ЕУ, нема проблем. Што да направам за тебе?
– Никола, ако можеш, испрати ми некој искусен стратег да ми помага!
– Нема проблем, Ангела, ќе ти го испратам Мартин.
Поминале изборите и Груевски и ѕвони н Меркел:
– Ангела, што бидна, победивте ли?
– Не, завршивме на второ место и ги изгубивме изборите.
– Како така, а кој победи тогаш?
– ВМРО…
 
Отишол Цветко на гатачка, тропнува на вратата, а таа вели:
- Кој е?
На тоа Цветко одговара:
- И ти си била видовитата...
 
Малиот Жарко отишол на гости кај баба. Баба му го прашува:
– Жаре, твоите да не се скарани нешто?!
– Даааа… Мама се врати од одмор и им донесе некаков трипер на тато и на двајца од соседите. Сега четворицата се караат… Или малку донела, или не им го подели подеднакво…
 
Сообраќајна полиција сопира автомобил:
- Господине не сте пиеле а тука покажува 2.30?
- Абе јас до 5 останувам секоја вечер, има време верувај ми....
 
Професорот по математика го прашува едно дете Влав:
- Имаш 8 јаболка, ако јас ти побарам 3 колку ќе ти останат?
Детето: 8!

:D
 
Почетници прв пат скокаат со падобран. Инструкторот наредува:
– Првиот да скокне!
– Вториот да скокне!
– Третиот да скокне!
– Не си ги заборавајте падобраните!
 
- Ти зошто толку брзо танцуваш, нели гледаш дека танцов е бавен , музиката исто така ?
- Да, но јас немам време, ќе изиграм брзо и ќе си одам дома
 
Што е врв на финансиска криза?
- Кога влегуваш во кинеска продавница и викаш „Ништо, ништо, само гледам“.

:D
 
Одел маж низ поле. касно, изморен и му се присакало cекc . Ноќ. Никој. Гледа во полето тикви посадени . Откинува една тиква , прави дупка во неа и започнува со своето дело.. Патролирал во тие краеви еден полицаец и го забележал овој , па му приоѓа поткашлувајќи се-
— кх, кх , пардон, што правите овде во ова глуво доба човеку, зар со државен имот се самозадоволувате? Срамота ...
Мажот не запирајќи со својата „работа„ му вели:
— а колку е саатот?
полицаецот:
— Точно 00 часот и 5 минути
Мажот:
— У п.м , господине полицаецу , ви се колнам дека пред само пет минути наназад овде беше Пепелашка ...
 
Една баба влегува во автобус и му вика на шоферот:
- Синко, немам пари за карта, може ли да ти дадам јајце?
- Ајде бабо, не е проблем.
Наредните неколку денови се повторувало истото и на шоферот му дошло преку глава и и рекол:
- Ајде влегувај, но од утре неможе да се возиш без карта. Повеќе нема да те примам со јајца.
Следниот ден бабата доаѓа со кокошка во рака и му вика:
- Месечна, синко!
 
Разговараат две пријателки:
– Мојот простак постојано се налева, што и да направам не можам да го одвикнам од пиењето – се жали едната.
– Јас мојот многу лесно го натерав да престане со пиењето.
– Како?
– Кога имаме секс го казнувам со поза 01!
– Каква е пак таа поза?
– Мажот одозгора, а одоздола нема никој!
 
И се јавувам на жена ми:
– Душо, бизнисот ми пропадна, банкротирав!
Се враќам дома, нема ни трага од неа, сите партали си ги собрала и ме напуштила.
Голема работа! Што ќе ми е жена без смисла за хумор?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom