Вицеви без наслов 2 дел

Таткото го прашува синчето.
Сине како вика мачето?
-Мјау
А кучето како вика сине?
-Ав ав
А коњчето како вика сине?
СОБИРАМ СТАРО ЖЕЛЕЗО.... СТАРИ АКОМУЛАТОРИ.... ШПОРЕТИ, ПЕРАЛНИ...
 
Се враќа глушецот дома во дупката и ја затекнува жена си во кревет со лилјак:
- Па добро бе, зар од толку глувци и стаорци ти најде со лилјак да ме изневериш?
- Извини душо, ама пилот си е пилот.

:pos:
 
Оди Рамче во дискотека, од шанк зема коцка мраз, ја фрла пред девојката и и вика: Срцка јас го скршив мразот, сега ти си на ред.
:pos:

Абе вицот добар е не дека не ама јас мислам дека Рамче никогаш не бил во дискотека.
 
Отишол македонец на одмор во Грција и таму некој грк го прашал - од каде си?
Тој одговорил - од Македонија.
Тогаш гркот му рекол - па овде е Македонија.
Македонецот му возвратил и го прашал - па ако овде е Македонија тогаш каде е Грција?!?
 
Го буди мајката синот за во школо!
- Ајде сине станувај, од денес идеш у школо...
- Мамо ма, остај ме, нејќу да идам у школоооо!
- Ајде сине, знаеш дека мораш!
- Ама мамооо, сите деца ме мразат, и учителите ме мразат, дури и чистачките, не сакам да одаммм
- Ајде сине мораш да станеш, ти си Директор на школото!
 
Иде еден дедо кај попот да се исповеда, и му вика: —Попе, вчера бабата се наведна на замрзнивачот месо да изваде, мене ми дојди, знајш де, и ја и го опна на бабата, гре ли е тоа…. —Не е грев, тоа е сосема природно…. Утрето иде и бабата, и она му вика: —Попе некња ја се наведна на замрзнивачот, и деото ми го перна, а мене убаво ми дојди, гре ли е тоа.. —Абе вчера дојди и мажот твој, и нему му реку дека тоа е природна појава и дека не е грев…. —Добро, а попе дали сме уште добродојдени у црквата… —Е како не…. —Добро оти у Тинекс, не сме виќе…..
 
Винарија дава оглас за вработуење на дегустатор, се јавуе една пијаница на огласот, и директорот месле како да го откаче.....
Му дава чаша вино да проба, и виа вика:
---Шардоне, стар четири години, на суво одгледуван, чуван у метално буре, среден квалитет ама че изоде......
Диреткорот вика:
---Точно, ама дајте му уште една чаша да проба.....
Му дават, пробуе виа, и вика;
---Каберне, старо девет години, гледано на странка на југ завртена, дабово буре, зреен на 8 степени, уште три години зреење и че биде прекрасен.....
Директорот воодушевен, вика да му дадат и трета чаша, виа вика;
---Бел шампањски пинот, екстремно висок квалитет....
Диреткорот останал без зборови, ама да го откаче, оде и шепнуе нешто на секретарката.....
Оде ваа у другата соба, се враќа после 2-3 минути, му а дава чашата на пијаницата п'на со мочка, виа пробуе и вика:
---Плавуша 28 години, трудна виќе трети месец, и ако не ми а дјате ваа работа, че кажам кој е таткото...
 
—Оде Блажо на доктор и му вика —Докторе, ја су заљубен у мој’то куче… —Види Блажо, знајме дека газдите си ги сакат домашните миленичиња… —Алооо докторе, мене физички ме привлекуе.. —Мажјак или женка е… —-Женка бе докторе, ја на педер ли ти личам…

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Трпе лежи во кревет после секс, пуши цигара и се загледува во една слика на зидот.
- Кој ти е оној ма на ѕидот, маж?
- Не.
- Брат?
- Не.
- Швалер?
- Не бе, јас сум тоа, само пред операција!
 
Последно уредено:
Дедото го прашува внукот.
-Што гледаш?
-Фудбал.
-Кој игра?
-Австрија и Унгарија
-Против кого???[DOUBLEPOST=1409791900][/DOUBLEPOST]У виа години, срцето каа че ти заиграе, па че застане....
И каа че осетиш немир..
Каа че ти се замагле пред очи, и свеста че ти се замате,
Не се плаши, тоа не е љубов....
Тоа е инфаркт.....
 
Последно уредено:
Земав да ја чистам тастатурата и извадив бурек, две пици, тост, хамбургер, тепсија баклава и гробот на Александар Македонски.
Џабе све ако немаш јеховин сведок :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom