Полицаец застанува еден човек и го прашува:
- Господине, вие пијан сте?
Овој му одговара:
- Не.
Полицаецот:
- Добро,ама одговорете на прашањево. Гледате две светла кои идат накај вас, што е тоа?
Возачот одговара:
- Па кола.
Полицаецот:
- Да,ама каква кола? Мерцедес, Опел, Цитроен…
Возачот збунето одговара:
- Па од каде да знам!?
Полицаецот:
- Ти си пијан. Ај сега одговори на ова прашање: Гледате едно светло кое иде накај вас, што е тоа?
Возачот:
- Мотор, секако.
Полицаецот:
- Мотор е, ама каков, Јамаха, Хонда, BMW?
Возачот налутено одговора:
- Па јас не можам тоа да го знам.
Полицаецот:
- Ти си сигурно пијан.
Возачот:
- Ај сега јас да те прашам едно прашање. Ако по патот видиш полугола жена со мрежести хулахопки, што е тоа?
Полицаецот:
- Лесно, стриптизерка.
Возачот насмеано:
- Да, ама од каде знаеш дали е ќерка ти, жена ти или мајка ти?
Си стоеле двајца полицајци пред гинеколошка клиника и читале плакат на кој пишувало:
„Најзагрозени професии од сифилис се: 1. Актери 2. Шофери 3. Полицајци.“
Откако го прочитале, едниот полицаец го прашал другиот:
- Абе колега, што е тоа сифилис?
А овој му мавнал еден шамар и му рекол:
- Е од такви како тебе сме на трето место
Полицаец се враќа дома и ја фаќа жена си со командирот во кревет. Го вади пиштолот и му вели на командирот:
- Дојди со мене надвор!
Излегуваат на улица. Полицаецот:
- Слушај комадире, се познаваме одамна, возрасни мажи сме, да не правиме глупости. Ќе пукнам двапати во воздух и двајцата ќе паднеме. Кај кого прво ќе дојде жена ми, за него ќе остане.
Жената слушнала 2 истрела, ја поддала главата низ прозорецот и потоа извикала:
- ПЕРОООО, можеш да излезеш сега! Овие двајца кретени се испотепаа!
Плавуша полага возачки испит, и инструкторoт ja прашува како се пали мотор, а таа:
-А може ли ја со мои зборови да си кажам?
-Секако дека може….
-Бррррммммм, бррррррмммм…
Плавуша влегува во рибен ресторан, и вика дајте ми го специјалитетот на денот....
Келнерот:
- Госпоѓо, специјалитетот денес е кавијар.
Плавушата:
- А што е тоа кавијар?
Келнерот:
- Тоа се јајца од риба.
Плавушата:
- ЗА мене две на око
Мамо, мамо. Може ли да носам минич?
- Не!
- А да ставам кармин на усните?
- Не!
- А да ставам високи потпетици?
- Не!
- Но, мамо, јас сум 18 години ...
- Знам Ненад, знам!