Вицеви без наслов 2 дел

Пациентот: Докторе, докторе, сите ме повторуваат!
Докторот: Докторе, докторе, сите ме повторуваат!
 
Некој човек отишол во хотел и му се присрало, арно ама во неговата соба била расипана шољата. За да не се посере, тој зима искорнува едно цвеќе, и сере во саксијата...
После две недели му стига писмо во кое пишува „Господине се ви е простено, само кажете каде е гомното“. :vozbud:
 
Две баби седат во темница и едната и вика на другата:
- Дај запали светлото за да се уверам дека сум го изгасила.
 
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
 
Тројца мажи стигнуваат во рај во отприлика исто време. Свети Петар седнал и им објаснил дека рајот станува прилично полн, па одлучиле на секој трет да му дозволуваат влез во рајот. Св. Петар одлучил дека оној од тројцата кој умрел на најлош можен начин, ќе влезе во рајот. Седнува со првиот малку по на страна и чека да ја раскаже неговата приказна.

- Имав многу лоша недела. Веќе подолго време се сомневам дека жена ми ме изневерува, па тој ден излегов порано од работа за да ја фатам на дело. Стигнав дома, ја гледам жена ми гола во кревет, ама него никаде го нема. Барам низ стан и го начекав копилето како виси на мојот балкон. Живеев на осми спрат, па почнав да му ги газам прстите за да го натерам да падне, ама гомнарот никако не сакаше да се пушти. Влегов назад во стан и земав чекан, па почнав да му ги кршам прстите. Најпосле се пушти и падна на грмушки, па се гледаше дека уште е жив! Влегов пак во стан, го извадив фрижидерот од струја, го фрлив од балкон, и право над типот падна. Веќе беше сигурно мртов.
После таа случка, се чувствував многу лошо па се самоубив.

Св. Петар се согласил дека ова е еден лош начин да се умре, но сепак го повикал вториот малку на страна, да ја чуе неговата приказна.

- Купив една нова книга за Јога па решив да ја испробам. Се вратив дома на десети спрат и почнав да вежбам, ама загубив баланс и паднав преку прозор. За среќа, се фатив за балконот два спрата подолу, кога од никаде се појави еден и почна да ми ги гази прстите! Фала му на Бога успеав да се задржам, и кога отиде внатре пробав да се искачам, ама овој пат типот се врати со чекан и ми ги скрши прстите! Не можев повеќе да се држам и паднав од осми спрат. За среќа паднав на грмушки, па ми го ублажија падот и завршив само со скршени коски. За среќа останав жив. Последно на кое се сеќавам е огроменв фрижидер како паѓа врз мене и ме убива.

Уште еднаш Св. Петар се согласува дека ова е ужасен начин за да умреш. Сепак, го повикува и третиот на страна. И овој ја почнува приказната за својата смрт.

- Замисли ова Петар. Гол ко пиштол си во фрижидер...
 
Влегува пијаница во кафана и порачува ракија. Шанкерот го гледа пијан и го откачува:
- Искачај надвор, не служиме пијаници.
Поминуваат 10 минути пијаницата се враќа и повторно бара ракија. Шанкерот пак го откачува. Не поминуваат ни 15 минути, а ете ти го пијаницата пак. Му се доближува тој на шанкерот и го прашува:
- Извини дечки, има ли некоја кафана во градов во којашто ти не работиш?
 
Си биле дечко и девојка и застанале пред некој улаз и фраерот така со раката се потпрел на ѕидот,
и накај неа навален цело време се труди да ја убеди да му го испуши,
но таа упорно не сакала а дечкото цело време настојувал и по еден саат убедување од зградата
излегло едно мало девојче и рекло "тато кажа јас да ти го испушам, баба кога ќестане и она ќе ти го испуши и мама кога ќе се врати од работа и таа ќе ти го испуши само те молам да ја тргнеш раката од дамофоно''
 
Докторке, имам ерекција 24 часа на ден. Што можете да ми дадете? - Стан, храна и 500 евра месечно :-DDD
 
Што е разликата помеѓу пријател и сопруга?

На твојот пријател можеш да му кажеш
- Ти си ми најобар пријател.

А дали имаш храброст на сопругата да и кажеш
- Ти си ми најдобра сопруга?
 
Пијан човек се враќа дома. Жената го прашува:
- Каде беше?
- На гробишта.
- Зошто, да не умре некој?
- Нема да поверуваш... Таму сите се умрени. :pipi:
 
-Докторе имам депресија.
-Најдобро Средство е да се нурнете во работата
-Ама,докторе јас сум чистач на ВЦ шољи
 
- Брат бе, куче ти ја нападна жената!!
- Како ја нападнал, така нека се брани
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom