Маж и жена одат кај пријатели на гости во друг град.
Домаќинкава го прашува мажот:
- Што ќе се напиеш?
Жена му одговара:
- Не, не, тој не сака да пие ништо, не треба.
Домаќинкава пак го прашува мажот:
- А нешто да каснете, салатичка, кифли, мезе?
Жената пак одговара:
- Не, не, не му се јаде, нема потреба.
Доаѓа време да си одат по дома, мажов влага во кола, пали колата,
трга да си оди и овие го прашуваат:
- Чекај бе, а жена ти? Да не ја заборави?
Мажот:
- Не, не, таа сака пешки да си оди.
-----------------------------------------------------------
Некој човек останал на пуст остров и најблиското копно му било оддалечено некои 10 000 км. Си ловел риби и начекал златна рипка и нели по дифолт, оваа му вика, ќе ти исполнам само една желба. На тоа овој вика:
- Сакам да ми направиш мост до копното и некоја кола, колку да не одам пешки натаму.
Рипкава вика:
- Е сеа и ти, дај нешто по скромно, ова многу работа има, тешко е, а и не е изводливо...
- Е па тогаш, би сакам да можам да ги разберам жените...
На тоа рипкава одговара:
- А мостот сакаш со 4 ленти да биде? Сакаш кола Бугати Вејрон со бесконечно многу гориво? Девојки 2-3 голи со тебе да има? И милјон евра? Кога да го направам, одма?
