Не знам зошто, ама кога и да ми ја утнат фризурата, дур сум сеуште на фризер викам дека ми е супер и кисело се смеам. Едноставно немам срце да и/му кажам дека сум одвратна (демек не знаат

)
Ама откако ќе излезам кое пцуење и нервози се, тоа е нешто невидено.
Исто ! Можеби огледалото е некое посебно, па не можам да се видам како што треба и да им се пожалам додека сум таму.
Како на секој, така и на мене ми се има милион пати случено ФРИЗЕРОТ ДА МЕ ОСАКАТИ (не збориме за осакатување на кичма, нели ? :pos2: ) ... Имам обичај да експериментирам со косиштево, секој месец - ново. Секој месец - унаказено.

Шала на страна, два-три пати ми се има десено да НЕ СЕ ПОДНЕСУВА фризурата. Еднаш отидов кај една фризерка што ја утепаа од фалење, ај викам и јас да ја пробам - побарав кратка коса со степен и шишки. Ама после шишање позади немав степен имав ТОПКА коса, а ја исчешлаш се крева и си мислиш ти пораснала главата. Повеќе ме болеше кога дознав дека не ми растела главата (мозокот), туку дека тоа била косата.

Незнам кај се запустив кај отидов, после 300 чуда и фризери неможеа да ми ја поправат таа топка позади се додека не ми порасна малку. Друг пат бев кај еден фризер, многу добро познат во Драчево, најскап е. Па се лажат луѓето колку пари - толку музика. Му побарав шишки до веѓите. Ми ги направи ви се верува или не до пола чело, можеби и врв на чело. И земав јас си ги ишишав до корен. Ми скурчи веќе дефинитивно. :pos2: Требаше да одам на свадба, а изгледав како да ќе одам на маскембал. Верувајте со шишки ишишани со ножици до корен изгледав подобро него со шишки до врв-чело.

Со тек на време растеа па почнаа да штрчат - од лево собирав коса и ги маскирав некако, носев венчиња и капчиња за да помине без спектакли. Карикатура права беф. Кога ќе ме осакатат за разлика од другиве, нит пцујам, нит плачам - се смеам на мојата фризура (кога не е можно ништо друго подобро е да се смеам него да плачам), на мојот памет и на тоа какви школувани фризери има. Коса расте - памет не расте. Така си се тешам.
