Ви се случила некоја натприродна работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има случено парализа во сон,ма да не знам дали би било во натприродна работа. Навистина заебано и страшно чувство, уште поглупо беше што таа вечер прв пат ја преспав кај дечкото, и што утрото кога се случи тоа, бев сама, бидејќи беше заминат на работа. Ужас.
 
Може подетално, например што гледаше, слушаше ли глас?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Гледав како сенка, седна до мене, како сакаше да ме фати, сакав да викам, мрдам, но не можев.
Потоа стана уште малку така исправен па ми исчезна и се вратив во нормала.
 
Мене исто ме фаќа за врат и неможам да мрднам ме облива пот така извесно време ме држи ме пушта се вртам нема никој.... Ми се има случено 2-3 пати
 
Најчесто се случува во лето јас мислам. Кај мене само еднаш. Само гледав во таванот и неможев да мрдам а имав чувство дека паѓам но никако да паднам. Осетив како некој ме влече од креветот и дојде време да исповраќам се околу мене кога се ослободив. Велат трае до 20 секунди но сепак јас мислев дека тоа беше вечно. Хорор не го посакувам никому тоа. Инаку тоа беше пред 1 или 2 години. Реков на почетокот само еднаш,но еве сега се присетив дека ми се случи два пати. А вториот пат морам да признаам дека слушнав како нешто бучеше, чекореше и ако се сеќавам добро плачење. Врвот го достигна чекорењето мислев дека нешто страшно иде накај мене. Но сепак не сум видел ништо. Само чувства но и тоа како страшно. Несакам да се потсетам на тоа. Повраќањето и паниката едвај ја смирив се тресев како расипана машина за перење алишта. Бог да чува!

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Дали некој знае што значи да сонуваш светец? Јас вечерта четврток спрема петок сонував жена во црно, на два чекора позади неа имаше друг светец но тој исчезна. Ништо не ми збореше само ми се приближи до лицето скоро да ме баци во чело и се разбуив.
 
Ова веројатно би го тумачеле (тие кои веруваат) дека Св. Петка те чува/сака.
 
Мене еднаш пред велигден ми се случи чудо. Родителите во 5:30 часот ме разбудија случајно при одење на работа, потоа до 6:46 часот сум заспал длабоко и одеднаш тај момент на телефонот почнаа да се слушаа гласови од Памела Андерсон потоа почна да се појавува бела светлина и ми испадна Памела Андерсон извикувајки "Come With Me Ohh Ohh Yeah" и јас се разбудив и почнав со нагло повраќање и некој вид дијареа во стомакот едноставно многу лошо беше мислам дека беше пета фаза на спиење ниту психолозите неможат да го објаснат тај поим.

За ова бев кај некој гатач раскажав се и ми рече ова се случувало затоа што сум бил под заштита на Памела Андерсон.
 
:confused: :aplauz::jajce::yid:
 
Јас да ви кажам што се случи, вие најдете ми логично објаснување. Имено, добивам итен повик од жена која штотуку се всели во старечки дом, не ѝ било добро. Отварам врата кај неа дома и гледам човек истрча во дневната соба. Изигнорирав, си викам роднина ѝ е на посета на жената и влегов кај неа во спална. Жената лежеше на кревет и имаше паничен напад. Небитно. Ја прашувам кој ѝ е на гости, вика никој. Како никој? Со кого си дома? Со мачорот. Не ѝ верувам. Ја смирувам и викам ајде да го најдеме мачето(видела крв на него и се исплашила), излегуваме од спалната соба и се наоѓаме во претсобјето, тука имам целосен увид на кујната, нема никој. Се упатуваме во дневна, нема жива душа во станот освен мачорот. Мачорот беше во ред и немаше никаква крв на него.

Пукајте! Што видов?
 
Кога влезе ти во спална кај нејзе, тогаш да не излегол човекот ?
 
Врати се во Велес девојче додека има уште време да те омажиме некаде на Јурија или Којник да се мачиш нагоре по горништата па ќе видиш дали ќе ти се гледаат мажи шо трчаат по дневната :D
 
Лопов што сака да искористи прилика, да украде нешто од дом, во кој живее старо и изнемоштено лице. (кој пак киднал дур си била ти со неа у нејзината соба)
 
Нема шанси да е лопов, местото е обезбедено со аларм и заклучени се и нивните врати и надворешните. Плус има обезбедување.

Врати се во Велес девојче додека има уште време да те омажиме некаде на Јурија или Којник да се мачиш нагоре по горништата па ќе видиш дали ќе ти се гледаат мажи шо трчаат по дневната :D

Тешко мене ако чекам од вас да ме мажите, и тоа кај во Велес, уште па и Јурија или Којник.

Кога влезе ти во спална кај нејзе, тогаш да не излегол човекот ?

Нема шанси некој да влезе или излезе додека сум таму. Што год да е, ќе чуев и ќе видев. Мали соби се и претсобјето е во средина, каде што имав увид цело време.
 
Ок, нешто повеќе за човекот? (или во наводници да го ставам)
Како изгледаше (облека, старост...), како се движеше, рече ли нешто, он те виде ли.....

Како тоа, влегуем унутра и глеам човек истрча у дневна? Истрча од каде?

Нешто за тебе, како се осеќаше ти коа го виде? Или ништо невообичаено не почувствува...Мирис можда некој невообичаен за тоа место?
Што ти рече старицата, освен тоа дека имало крв на мачката, а ти виде дека нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom