Christian Lovato
stonecold
- Член од
- 2 април 2012
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 272
Јас така на сабајле се разбудив еднаш за нашколо у 6:30,отидов да си ги наместам леќите се враќам 7:15Еее за темава имам многу да раскажувам.
1. Ми се случувале некој ептен чудни работи, еве како на пример ќе се случи нешто ВИСТИНСКО и јас имам чуство дека тоа се случило истото и порано, ова не ми се случува еднаш туку повеќе пати. Пр: Некое случување ќе се случи, и јас откога ќе заврши тоа и ќе се задлабочам како да ми се повторува нешто...
2. Пред 3,4 години јас убеден бев дека некој ќе ме киднапира кога се враќав накај дома. Што е најинтересно се враќав во 7 саатот, не беше ни стемнето. А јас толку бев сигурен дека некој ќе ме киднапира, секоја кола што поминуваше мислев дека во неа се киднапери и секој човек ми беше крајно сумљив, трчав накај дома како луд, ептен беше страшно...
3. Ова ми се нема случено многу пати, ама ми се случува бар еднаш годишно, кога си легнувам упорно слушам некој звуци како некој да чекори кон мојата врата во соба, ептен е морничаво, еднаш дури и станав да проверам што е(можете да ме замислите хехе) и немаше ништо, но кога се вратив и легнав пак слушав звуци како некој чекори кон мојата соба.
4. Ова е најинтересно ми се има случено еднаш (фала богу), ако за се можам нешто да најдам објаснување за ова стварно неможам. Бев многу мал станувам рано и легнував рано. И едно утро станав во 8 и 15, отидов во кујна да земам нешто за лапачка и кога гледам саатот е 10 и 10. Ова немаше да биде чудно, и јас немаше да одадам важност ако не се јавив на мајка ми во 8 и 15, значи имам зачувано во повици дека толку бил часот.
Ако на некој му се има слично десено нека каже...

А еднаш ме мрзеше да станам од кревет, па астрално се проектирав до продавница да земам Шпиц,без пари беше тогаш


