Ви недостига ли сивата економија?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Можеби ова требаше во економија и бизнис да го отворам, па ако е за таму, може и да се префрли, со линк во политика и вести.

Во налет на предновогодишните празници, почнаа да ми недостасуваат тезгите...Се сеќавате порано на плоштад, или на улица Македонија, каде можевте да си купите секакви работи, од честитки, балони до елки и светилки(па и пиротехника)?

Откако стапија на сила регистрирањето на трговци поединци и друштва, фискализирање, и сите ограничувања на слободната трговија, овие работи ги нема...
 
фалат богами..имаше мнекоја атмосвера...

уствари..тезги се дозволени ...сум гледал во австрија баш за божикните празници..ама таму идат преку фирми изгледа
 
Можеби ова требаше во економија и бизнис да го отворам, па ако е за таму, може и да се префрли, со линк во политика и вести.

Во налет на предновогодишните празници, почнаа да ми недостасуваат тезгите...Се сеќавате порано на плоштад, или на улица Македонија, каде можевте да си купите секакви работи, од честитки, балони до елки и светилки(па и пиротехника)?

Откако стапија на сила регистрирањето на трговци поединци и друштва, фискализирање, и сите ограничувања на слободната трговија, овие работи ги нема...

Ама ти ко да не си прошетал накај Битпазар.
 
Еееееееееј ,стварно бееее, сеа се потсетив... Фалат, како не фалат, баш ми праеше да ми биде топло на душичката..
 
абе во битола ги има на истото место ко секогаш... па барем сеа за нова година нека ги остат можи тие па милионите ке ги изват па јаката сива економија:toe::toe:
 
оние тезгине пазарски зелени што беа низ цела улица македонија од кај барселона се до плоштадот? супер што ги нема. на ништо не личеше. вака убаво, чисто шеталиштето, со убави канделабри, широко, романтише...
не недостига, супер е вака.
 
И поубаво што ги нема од една страна, од друга и полошо.

Лошото е што секогаш беа на сред плоштад без никаква уреденост, се продаваше се и сешто без никаква котрола и повеќе имаше луѓе што продаваа на пакети него на тезги.
Личеше плоштадот на пазар некој.

Би било добро да има за новогодишните празници само 10тина тезги кои ќе ги издава одредена фирма и тоа само за период од 2-3 недели, а не да остануваат по 2-3 месеци. И да бидат ставени на некој дел од плоштадот кај што ќе изгледа ем убаво ем нема да биде токму на центарот без никаков ред.
А и секако да ги нема оние на картони што продаваат.
Има вакви тезги во многу градови низ светот може да има и кај нас, но со контрола и сето тоа да е уредно.
 
Ja па мислев сива економија е поширок поим,оно да ти биле тезгите на плоштад..
(иначе ми фалат и тие “жижицижижицижижици...петардипетардипетарди’’ :))
а на Бит Пазар тие каква економија се...?
 
Не ми недостигаат, ги има во изобилие на Битпазар дури и повеќе од порано.
 
Можеби ова требаше во економија и бизнис да го отворам, па ако е за таму, може и да се префрли, со линк во политика и вести.

Во налет на предновогодишните празници, почнаа да ми недостасуваат тезгите...Се сеќавате порано на плоштад, или на улица Македонија, каде можевте да си купите секакви работи, од честитки, балони до елки и светилки(па и пиротехника)?

Откако стапија на сила регистрирањето на трговци поединци и друштва, фискализирање, и сите ограничувања на слободната трговија, овие работи ги нема...

Во Велес дојди се ова што го наброја го има :)
 
... почнаа да ми недостасуваат тезгите...Се сеќавате порано на плоштад, или на улица Македонија, каде можевте да си купите секакви работи, од честитки, балони до елки и светилки...
фалат богами..имаше мнекоја атмосвера...
Абе ај не заебавајте! Колку гадна слика оддаваа од паланкава.
 
Ja па мислев сива економија е поширок поим,оно да ти биле тезгите на плоштад..
(иначе ми фалат и тие “жижицижижицижижици...петардипетардипетарди’’ :))
а на Бит Пазар тие каква економија се...?
тоа требаше да биде, ама ја затераа само за тезгите.
треба општо да се свати. секако дека сум против за сива економија. треба сите да си ги плаќаат давачките према државата, сите мора да се регистрирани. зашто еден да плаќа, а друг да профитира? што, поглупи се тие што се поштени? =)))

а тие "петардипетардипетарди, жижицижижицижижици, цинцилаторицинцилаторицинцилатори" се интересни од друга гледна точка, како атракција :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom