Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 121098
Што би можело да е ова? Цело време се лиже, не верувам да е некоја кожна болест зашто скоро ич не се митари откога е средена, воопшто не и' паѓа длаката и само на ова место е вака. Не се сеќавам да се повредила од некаде, така да 80% сум сигурна дека не е повреда.
Kaко што гледам е на предните нозе, да ти проверат да не е некоја габа?
 
Kaко што гледам е на предните нозе, да ти проверат да не е некоја габа?
Ја однесе вчера татко ми на ветеринар и викаат ништо не нашле... Ми кажаа и на фб дека би можело да биде габа, но кај Диме ништо не нашле.
Патем на задните нозе е кај бутот.
 
Ја однесе вчера татко ми на ветеринар и викаат ништо не нашле... Ми кажаа и на фб дека би можело да биде габа, но кај Диме ништо не нашле.
Патем на задните нозе е кај бутот.
А дали и провериле анални жлезди, јас со месеци се влечев и имав вакви проблеми со едното куче само поради тие анални жчезди. А голема е веројатноста да е тоа бидејки и сама имаш кажано дека и даваш домашно готвена храна. По се што имаш наведено, прилично сум убеден дека е тоа.
 
Не знам дали и' провериле. Како што знам симптомите се кучето да се врти цело време назад како нешто да му смета, но мојава тоа не го прави. Ми кажуваа дека ако се давале коски на куче може да се пукнат жлездите и ќе немало потреба да се носи на ветеринар да и' ги пукаат. Не знам колку е точно ова...
 
@Papillon.Papi
Прво немора да се врти назад ама понекогаш ќе го прави тоа (мојава на почетокот го правеше тоа подоцна го игнорираше, ама јас имав 3-4 месеци проблем со ова)
Друго не не треба да и пукнат она треба нормално да ги празни секогаш кога оди по големата работа, ама од домашна храна изметот и е малку помек и не ги стиска доволно за да ги испразни. Кај мене беше дојдено до операција зашто на 2-3 дена одевме на чистење, па ја сменив на дехидрат и сега е како ништо да не било. Храната е мн важна во целава работа, да домашното е најубава храна ама знае да направи и проблеми. Со коските само ке и предизвикаш запек што се вика премногу ке и го стегнеш изметот колку да ги истиска еднаш ама после пак ако продолжиш со домашна храна пак ќе си направиш проблеми.
Нека и ги проверат жлездите, ако и се полни ќе и ги истискаат, да ги исперат убаво со физиолошки раствор и да ги наполнат потоа со антибиотик за да не се воспалиле тие самите веќе, а веројатно се според сликата (нормално ако се жлездите во прашање), за неколку дена ке се вратиш пак да ја проверат и да ја исперат со физиолошки раствор и после тоа полека почни да забораваш на домашната храна за да не ти се повторува проблемот.

ПС тоа со една 2 коски не се решава
 
@wiksa изметот воопшто не и' е мек, баш напротив, цврст и' е, за разлика од тогаш кога јадеше дехидрати. Мислам дека знаеш, Брит кеар на почетокот и' давав, но резултатите од домашно готвената храна се далеку подобри. И ако точно памтам од недостиг на влакна беа проблемите со аналните жлезди или грешка е?
 
Во право си. Ама храна богата со влакна ја стегнува столицата :)
 
Во право си. Ама храна богата со влакна ја стегнува столицата :)
Претпоставувам оризот има влакна. Ние не и' даваме само месо, и' ставаме и ориз. Некогаш интегрален, некогаш бел. Не сме имале подобри резултати од домашно готвената храна.
 
Претпоставувам оризот има влакна. Ние не и' даваме само месо, и' ставаме и ориз. Некогаш интегрален, некогаш бел. Не сме имале подобри резултати од домашно готвената храна.
Сега не си ми јасна, упорно ми тврдиш дека се е супер а верувај дека ако и се жлездити и ако и ја промениш храната како што ти велам ќе го немаш проблемот. Остај ти резултати ако гледаш дека не е добро за здравјето на миленикот? Ми викаш ориз па и јас не давав само месо знам дека треба да има протеини влакна витамини во оброкот и јас и дозирав како што наведуваш со приближно тие процентуално застапени состојки ама верувај со глава ѕид не се бутка. Ете ги резултатите воспалени жлезди и опаѓање на крзното.
Ако и се жлездите не ориз во МЕСОТО има да ставаш ориз во ДЕХИДРАТОТ и ќе заборавиш на месото и домашното готвење. Плус ќе треба да мачкаш со посебна маст нека проверат дали е жлездите па ќе ти дадам рецепта и за тоа ако треба ама разбери дека не секогаш она што дава најдобри резултати на миленикот е најдобро за него.
 
@wiksa Брит Кеар и' купував и не го трпеше желудникот нејзин ни тој дехидрат. Кој да го користам, веќе не знам, било каков да и' дадам пролив има, а и често и' здосадуваа дехидрати па јадеше само кога премногу ќе огладнеше заштл гледаше дека немаше ништо друго за јадење. Кој друг дехидрат?
 
Имам 4 мали маченца, по 2-3 недели се стари. Сега ги гледам имаат болви, можам ли да им ставам ампули или? Како да ги остранам болвите?
А и незнам од каде им се болвите, имам куче, и 2 други големи мачиња но ниедно од трите нема болви.
 
Вчера приметив кучето онака си седнува и ме гледа чудно. Вчера вечерта почна да има пролив и да кашла, баш онака како кога ти иде да повратиш. Денес поврати два пати, има пролив и не јаде.

Што може да му е? Ќе треба ли да се носи на ветеринар?
 
Мојата така правеше кога имаше труење од храна. Што јадел во последно време? Му фрлаш твоја храна или само неговата ја јаде?
 
Мојата така правеше кога имаше труење од храна. Што јадел во последно време? Му фрлаш твоја храна или само неговата ја јаде?
Јаде и кучешка и обична храна. Можеби пред некој ден јадеше паштета, малце така почудна, неможеше да се процени дали е Ок, но и јас јадев и ништо не ми е.

Доколку е труење од храна што да му дадам?
 
@wiksa Брит Кеар и' купував и не го трпеше желудникот нејзин ни тој дехидрат. Кој да го користам, веќе не знам, било каков да и' дадам пролив има, а и често и' здосадуваа дехидрати па јадеше само кога премногу ќе огладнеше заштл гледаше дека немаше ништо друго за јадење. Кој друг дехидрат?

Нормално е да има пролив 2-3 дена поготово ако нагло и ја промениш храната. Тоа што не ја јаде е уште понормално ја раниш како божица па после тоа и даваш да јаде како скитник :)
Баш таква е споредбата помеѓу вкусот на домашно приготвена и дехидрат. Незнам ако не ти ја јаде КарниЛове пробај со N&D ако веќе идеш на најдоброто што го има во МКД. Ако и тоа не помага пробувај и со поефтините варијанти. Не секогаш она што е најскапо е и најдобро за миленикот.
Искрено ранев со КарниЛове ама прекинав сега сум на Profine или Naxos. Значително поефтини храни од претходно наведениве, ми даваат добри резултати. Да бевме во друга нормална земја ќе ти речев давај Ориен они имаат посебен метод на производство и нивната храна освен по состојките и по начинот на производство е посебна и плус е страшно вкусна нема некој да се пожалил кучето не ми ја јаде ама за жал ја нема кај нас.

ПС јас кај мене го менувам вкусот со секоја нова вреќа

Имам 4 мали маченца, по 2-3 недели се стари. Сега ги гледам имаат болви, можам ли да им ставам ампули или? Како да ги остранам болвите?
А и незнам од каде им се болвите, имам куче, и 2 други големи мачиња но ниедно од трите нема болви.
Милслам дека беше НЕОПИТРОИД мали се за било што друго, ова е прашак што се користи и за луѓе и за животни, околу 120-150 денари е по аптекиве, земјоделска аптека, ветеринар и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom