Л
Лигеја
Гостин
Појавата на мирис во устата го сметаме за симптом затоа што 80% се работи за инфекција во устата.Моето куче има 5 месеци и се е убаво само устата му мириса ,што да му давам за да не му мириса?некој стапчиња или пак нешто друго ако знаете пишете .
1.Ако мирисот е трулежен-значи има застој на храна во забите.
2.Ако е слаткаст-се јавува при распаѓање на олупениот (површинскиот) епител на кожата.
3.Гнил,кариесен мирис кој е ептен остар и јак- укажува на болест на забен камен.
Треба да му ги прегледаш забите.Ако се бели,без наслаги погледни му ги непцата и допри ги со прстот,треба да се црвени,бојата при допирот брзо да се враќа и да не го боли кога го допираш.Ако нема испакнатини,израстоци на нив тогаш е во ред.Ако устата ти мириса како што наведов погоре,забите се жолти или пак имаат кафени наслаги а непцата се крвави или бели тогаш му треба третман со антибиотици и чистење на устата од ветеринар бидејќи е можна секаква инфекција која гледано површински не се ни забележува.
Ако забележиш само жолти заби а се друго е во ред,значи дека се работи само за застој на храна и тогаш ќе си купиш паста,ги има секакви во во ветеринарните аптеки ќе му ги измиеш забите по упатството еднаш неделно и ќе му ја смениш храната.Поздрав!
Во ред е,му мириса здивот заради смената,забите му се бели и ти дало да му ги допреш непцата кои се розови како што треба да бидат.Можеш да му купиш само паста за да се намали миризбата која со тек на време ќе исчезне.
главно јаде дехидрат,кога и готват добива стекче,ребренца, срце, оривче,малку морковче,јаде јаболка...буквално кучето подобро јаде од мене,ама здив еве кажувам на километар можам да ја осетам.