Л
Лигеја
Гостин
Појавата на мирис во устата го сметаме за симптом затоа што 80% се работи за инфекција во устата.Моето куче има 5 месеци и се е убаво само устата му мириса ,што да му давам за да не му мириса?некој стапчиња или пак нешто друго ако знаете пишете .
1.Ако мирисот е трулежен-значи има застој на храна во забите.
2.Ако е слаткаст-се јавува при распаѓање на олупениот (површинскиот) епител на кожата.
3.Гнил,кариесен мирис кој е ептен остар и јак- укажува на болест на забен камен.
Треба да му ги прегледаш забите.Ако се бели,без наслаги погледни му ги непцата и допри ги со прстот,треба да се црвени,бојата при допирот брзо да се враќа и да не го боли кога го допираш.Ако нема испакнатини,израстоци на нив тогаш е во ред.Ако устата ти мириса како што наведов погоре,забите се жолти или пак имаат кафени наслаги а непцата се крвави или бели тогаш му треба третман со антибиотици и чистење на устата од ветеринар бидејќи е можна секаква инфекција која гледано површински не се ни забележува.
Ако забележиш само жолти заби а се друго е во ред,значи дека се работи само за застој на храна и тогаш ќе си купиш паста,ги има секакви во во ветеринарните аптеки ќе му ги измиеш забите по упатството еднаш неделно и ќе му ја смениш храната.Поздрав!