Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Еј што е ова само црна хроника?!
И после стравови ирационални кај луѓето.
Санава, манава, ганава

Ај ја ќе пишам нешто убаво

Хуманоста на крводарителите од Штип нема граници
За шест месеци натфрлен годишниот план!
Штипјани продолжуваат со хуманоста. Иако може да се оце-ни дека штипјани се сиромашни, голем број во транзицијата оста-наа без работа, сепак никогаш не забораваат на хуманоста. Та-ка беше и вчера, кога Црвениот крст и одделението за трансфу-зиологија организираа хумана ак1П1Ја за доброволно дарување крв. Токму во овој период,драго-цената течност се бара најмногу. Вчера, крв даруваа околу 120 штипјани. Меѓу нив и двајцата рекордери, Миланчо Манев, кој по 133 пат ја даруваше драгоце-ната течност и професорката Верица Кожинкова, која го про-слави 100 дарување крв. Инаку, во изминатите шест месеци шти-пските крводарители дарувале 2064 шишиња крв, а планот за оваа годинапредвидуваше 1521. Значи, годишниот план е исполнети натфрлан во првите шест месеци.
Вчерашната акција мина во добра организација, само што крводарителите се жалеа на високите температури во просто-риите каде ја дарувале драгоце-ната течност, кои биле без кли-ма уреди. Затоа, тие упатија и апел до надлежните и овие просторин што побрзо да сс клпма-тизираат, за да се овозможи и попријатни условн за работа п за медицинскиотперсонал."
К.Манев

Веста е обработена преку ABBYY FineReader од утрешната Нова Македонија.
 
продужувам со црната хроника

Двајца ранети во оружен напад во Сарај

Двајца ранети во оружен напад врз „Ауди А-6“ на гастарбајтерот Мумин Исмани. Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот и 30 минути на локалниот пат Сарај-Глумово, во близина на селските гробишта.
Од десна страна е пукано врз аудито, со кое се возеле тројца. Возачот од Белгија е неповреден, неговиот роднина Митат Исмани бил полесно ранет во десната нога, а третиот патник Скендер Скендери бил ранет со неколку куршуми во врат и во десната страна на градниот кош.
„Се работи за еден повреден и хоспитализиран во шок соба на хируршкото одделение. Моментално здравствената состојба е стабилна, тој е надвор од животна опасност. Се вршат дополнителни иследувања, па ќе видиме како ќе биде понатаму, како ќе биде разврската“, рече прим. д-р Санде Стојановски, началник на хирургија на Воена болница.
Луксузното „Ауди“ се уште се вештачи во крим техниката на МВР, на него се познаваат дупки од куршумите, а во внатрешноста на возилото има и траги од крв. Мотивите засега се непознати, ниту пак, се знае колку напаѓачи учествувале во инцидентот.
Тројцата нападнати биле мирни момчиња, велат во селото, а еден од ранетите е во роднински врски со министерот за здравство Имер Селмани, кој живее во општина Сарај.

Истрели кон полициската станица во Гошинце

01.08.2007
Синоќа се слушнале истрели кон полициската станица во Гошинце и експлозии на рачни бомби во непосредна близина на станицата, лоцирана на границата кон Косово, потврди официјално полицијата.
Инцидентот во кој нема повредени се случил синоќа околу 20 часот и 45 минути, кога непознати лица со пешадиско оружје стрелале кон полициската станица во Гошинце, при што дел од куршумите завршиле во дворот и станицата.
Во исто време, на оддалеченост од 50 до 100 метри од полициската станица се слушнале неколку детонации, за кои е утврдено дека се предизвикани од експлозии на рачни бомби. Полицијата не соопштува други детали.

Македонката жестоко измачувана пред убиството

01.08.2007
Македонката Билјана Наумова и Бугаринот Емил Кушлев, кои пред неколку дена беа пронајдени мртви во стан во Софија, биле застрелани, а пред тоа жестоко измачувани. Ова денеска го јавија бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од истрагата.
Според податоците од аутопсијата и во двете тела биле пронајдени по неколку куршуми. Пред да бидат застрелани, Кушлев и Наумова биле претепани и неколку пати прободени со ножиците, кои што беа пронајдени покрај нивните безживотни тела.
Кушлев бил смртно прободен во срцето, а Наумова во главата.
Локалните медиуми јавуваат дека има повеќе верзии за причината за нивното убиство. Според едната верзија, убијците ги барале парите од жртвите со кои што тие планирале да купат стан. Додека според другата верзија, постојат сомневања дека Кушлев бил дилер на дрога, а двојното убиство било извршено поради неисплатени долгови.
 
Побегнале 13 пациенти од психијатриската болница во Бардовци

Скопје /05/08/ 15:16
Тринаесет пациенти осуденици побегнале од судското одделение во „Психијатриската болница“ во Бардовци, соопшти денеска полицијата.

Отсуството на пациентите вчера во полициската станица во Ѓорче Петров го пријавил директорот на болницата.

Полицијата, која трага по избеганите пациенти, за сега го знае идентитетот на четири лица, додека за останатите се уште чека за евентуално распишување интерна потрага.

Во текот на денешниот ден две од лицата се лоцирани, пронајдени и вратени во болницата, додека од страна на вработените е пријавено дека уште три од останатите девет се вратиле во судското одделение. Од страна на МВР е извршен разговор со директорот и чуварската служба и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Две лица избодени со нож бранејќи девојка

Скопје /05/08/ 14:56
Две лица се повредени кога се обиделе да се пресметаат со непознат напаѓач ноќеска на улицата Никола Парапунов во Скопје, соопштено е од МВР.

Со тешки телесни повреди, од рани нанесени најверојатно со нож, се здобиле 20-сет годишниот Т.Д. од Скопје, кој бил прободен во градниот кош, во близина на срцето, и 22-годишниот Ѓ.Т. од Скопје, кој бил прободен во вратот и стомакот.

Двајцата настрадале, откако заедно со уште еден другар, се обиделе да фатат засега непознато лице кое ја следело 21 годишната девојка на Т.Д.

Имено, во последниве 10-тина денови, таа во неколку наврати се пожалила дека ја следи машко лице на возраст од околу 30 години. Утринава околу 2 часот по полноќ, таа со такси возило тргнала да си оди дома и повторно го забележала лицето. Веднаш потоа избегала во влезот од зградата и влегла во лифтот, така што лицето не успеало да ја стигне.

Кога пристигнала дома му се јавила на Т.Д. и овој заедно со уште двајца другари се упатил кон нејзиниот дом. Сите заедно се симнале пред зградата каде девојката го препознала лицето кое се уште стоело таму. Во моментот кога тројцата му се приближиле, тој успеал да извади остар предмет со кој што ги избодел Т.Д. и Ѓ.Т.

Тие веднаш се префрлени во Ургентниот центар каде им е извршена хируршка интервенција.

Увидна екипа од СВР Скопје веднаш излегла на местото на настанот од каде се подигнати траги од крв и други предмети за натамошно расчистување на случајот. Според досегашните сознанија осомничено е едно лице по кое се трага.

Уапсени романски државјани за измама

Осуммина романски државјани се уапсени во велешко и светиниколско под сомнение дека извршиле повеќе измами.

Романците по патиштата стопирале автомобили и барале бензин или пари за бензин. На оние што запреле за да им помогнат, им продавале накит- бижутерија за кој тврделе дека е златен. Две лица сведочат дека приведените им продале накит во вредност од 16 илјади денари. Тројца од Романците оперирале на територијата на Велес, а петмина во светиниколско. Кај побројната група полицијата пронашла 714 евра и 470 денари за кои се тврди дека се од измамени граѓани. Уапсените Романци со одземените предмети и пари се предадени на основниот суд во Велес.

Дваесет и шестгодишно момче од Србија се удави во Охридското Езеро

Дваесет и шестгодишниот Горан Поповиќ од Ниш, Србија се удавил во Охридското Езеро.

Неговото безживотно тело го забележал опслужувач на бродот „Галеб“, на местото каде што реката Црн Дрим се влева во езерото во комплексот Свети Наум. Поповиќ бил на годишен одмор во Охрид. Ова е трет случај на давеник во Охридското Езеро во последните две седмици.
 
Семејства на починати обвинуваат за негрижа на Клинички

Несовесно лекување и негрижа се причината за смртта на нашата ќерка, обвинува Мирјана Анѓелковска, медицинска сестра од Гостивар. 18-годишната Теодора починала пред десетина дена на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Клиничкиот центар во Скопје.
Откако била оперирана по паѓање од мотор, здравствената состојба кај Теодора се подобрувала, велат родителите, се до моментот кога дежурната докторка во два-три наврати ја исклучила од апаратот за дишење без нивно и без знаење на неврохирургот.
„Јас не ни видов дека е откачена од апаратот, туку само видов дека градите скокаа. Беше црвена и со капки пот. Внатре беше докторката и сестрата. Не можеш да будиш дете кога е со седативи. Треба прво да му се намалат седативите, да го оставиш спонтано. Тие фактички предизвикаа со сила будење“, изјави Мирјана Анѓелковска, мајка на починатата Теодора.
Родителите не знаат што ја натерало лекарката пред време да ја исклучи Теодора од машината и зошто не се придржувала на препораките од неврохирургот што ја оперирал и лекувал - да не се брза со исклучување.
Од тогаш девојчето паднало во кома од која не излегло десет дена се до нејзината смрт. Не дозволиле обдукција на телото, бидејќи предвреме им ги побарале органите за донирање.
„Кој одговарал досега? Дали некој одговарал? Затоа ве викнав, чисто само за да се посрамоти здравството, да се каже еднаш засекогаш, да се преземат мерки и моето девојче да биде последен случај што загинал од човечка рака и од лекари“, рече Мирјана Анѓелковска.
Нема да ја тужат клиниката, само сакаат јавноста да дознае за пропустите кои ја чинеа живот нивната Теодора.
Случајот со 18-годишната Теодора од Гостивар не е единствен. За последните две недели уште едно семејство од Лисиче обвинува за нестручност и негрижа на лекарите.
64-годишниот Крсто Димовски починал откако три дена неговото семејство го шетале од една на друга клиника, барајќи да биде згрижен. Крвта која требало да ја прими стигнала дури третиот ден, половина час откако починал на Клиниката за гастро.
„Ќе не пратат на Гастро, на Гастро ти вели, не е за кај нас, носи го на Кардиологија. Ние го носиме на Кардиологија“, вели Мишо Димовски, син на починатиот Крсто.
„Од Кардиологија не враќаат на Токсикологија, од Токсикологија не враќаат на Хематологија, на Хематологија ни велат, покриен е од наша страна, докторката ноќеска му дала ампули, а му дала Б-12, што е ништо, човекот се жали на болки, не можеме да го смириме. Ни велат, јас ако го примам сега, кој ќе ви го лечи од понеделник, јас одам на одмор“, додаде Димовски.
Ова семејство сепак ќе го тужи Клинички центар, откако ќе ги добијат резултатите од обдукцијата.
 
Две лица избодени со нож бранејќи девојка

Скопје /05/08/ 14:56
Две лица се повредени кога се обиделе да се пресметаат со непознат напаѓач ноќеска на улицата Никола Парапунов во Скопје, соопштено е од МВР.

Со тешки телесни повреди, од рани нанесени најверојатно со нож, се здобиле 20-сет годишниот Т.Д. од Скопје, кој бил прободен во градниот кош, во близина на срцето, и 22-годишниот Ѓ.Т. од Скопје, кој бил прободен во вратот и стомакот.

Двајцата настрадале, откако заедно со уште еден другар, се обиделе да фатат засега непознато лице кое ја следело 21 годишната девојка на Т.Д.

Имено, во последниве 10-тина денови, таа во неколку наврати се пожалила дека ја следи машко лице на возраст од околу 30 години. Утринава околу 2 часот по полноќ, таа со такси возило тргнала да си оди дома и повторно го забележала лицето. Веднаш потоа избегала во влезот од зградата и влегла во лифтот, така што лицето не успеало да ја стигне.

Кога пристигнала дома му се јавила на Т.Д. и овој заедно со уште двајца другари се упатил кон нејзиниот дом. Сите заедно се симнале пред зградата каде девојката го препознала лицето кое се уште стоело таму. Во моментот кога тројцата му се приближиле, тој успеал да извади остар предмет со кој што ги избодел Т.Д. и Ѓ.Т.

Тие веднаш се префрлени во Ургентниот центар каде им е извршена хируршка интервенција.

Увидна екипа од СВР Скопје веднаш излегла на местото на настанот од каде се подигнати траги од крв и други предмети за натамошно расчистување на случајот. Според досегашните сознанија осомничено е едно лице по кое се трага.

Ахх, Џоле и Тони.... мравка да стапнат жал ќе им падне, а глеј шо им се деси...... :(:(:( ...битно добри се...
 
Побегнале 13 пациенти од психијатриската болница во Бардовци

Скопје /05/08/ 15:16
Тринаесет пациенти осуденици побегнале од судското одделение во „Психијатриската болница“ во Бардовци, соопшти денеска полицијата.

Отсуството на пациентите вчера во полициската станица во Ѓорче Петров го пријавил директорот на болницата.

Полицијата, која трага по избеганите пациенти, за сега го знае идентитетот на четири лица, додека за останатите се уште чека за евентуално распишување интерна потрага.

Во текот на денешниот ден две од лицата се лоцирани, пронајдени и вратени во болницата, додека од страна на вработените е пријавено дека уште три од останатите девет се вратиле во судското одделение. Од страна на МВР е извршен разговор со директорот и чуварската служба и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Две лица избодени со нож бранејќи девојка

Скопје /05/08/ 14:56
Две лица се повредени кога се обиделе да се пресметаат со непознат напаѓач ноќеска на улицата Никола Парапунов во Скопје, соопштено е од МВР.

Со тешки телесни повреди, од рани нанесени најверојатно со нож, се здобиле 20-сет годишниот Т.Д. од Скопје, кој бил прободен во градниот кош, во близина на срцето, и 22-годишниот Ѓ.Т. од Скопје, кој бил прободен во вратот и стомакот.

Двајцата настрадале, откако заедно со уште еден другар, се обиделе да фатат засега непознато лице кое ја следело 21 годишната девојка на Т.Д.

Имено, во последниве 10-тина денови, таа во неколку наврати се пожалила дека ја следи машко лице на возраст од околу 30 години. Утринава околу 2 часот по полноќ, таа со такси возило тргнала да си оди дома и повторно го забележала лицето. Веднаш потоа избегала во влезот од зградата и влегла во лифтот, така што лицето не успеало да ја стигне.

Кога пристигнала дома му се јавила на Т.Д. и овој заедно со уште двајца другари се упатил кон нејзиниот дом. Сите заедно се симнале пред зградата каде девојката го препознала лицето кое се уште стоело таму. Во моментот кога тројцата му се приближиле, тој успеал да извади остар предмет со кој што ги избодел Т.Д. и Ѓ.Т.

Тие веднаш се префрлени во Ургентниот центар каде им е извршена хируршка интервенција.

Увидна екипа од СВР Скопје веднаш излегла на местото на настанот од каде се подигнати траги од крв и други предмети за натамошно расчистување на случајот. Според досегашните сознанија осомничено е едно лице по кое се трага.

Страшно:nesum:
 
Манијакот од Карпош фатен во Крива Паланка

06.08.2007
manjaciste-karpos.jpg
Тоше Величковски
Манијакот од Карпош што завчера избоде со нож две момчиња е фатен во Крива Паланка. Таму синоќа бил на свадба. Триесет и четиригодишниот Тоше Величковски е осомничен за убиство во обид.
Неговиот идентитет денеска го потврдија девојката и едно од момчињата што беше нападнато.
Величковски десет дена ја следел 21-годишната Елена во Карпош 4. Тројца нејзини пријатели во обид да и помогнат завчера беа нападнати и избодени со нож од страна на Величковски.
Двете момчиња се надвор од животна состојба и нивната здравствена состојба се подобрува.

Пациент се фрли од шести кат на Торакална хирургија

06.08.2007
77-годишниот пациент Благоја Костадиновски утрово околу 6 часот и 30 минути се фрлил од шести кат на Торакална хирургија. Костадиновски на Торакална бил примен минатата среда поради вода во белодробните крила, но се уште немал дијагноза.
Во изминативе денови не покажувал какви било знаци на депресија. Костадиновски утрината два пати побарал да оди во тоалет, влегол во празна соба, по што се фрлил од прозорецот.
Пред неполн месец на Институтот за белодробни испитувања на Клинички центар беше пронајден мртов пациент, веднаш под прозорецот на собата во која лежел. Остана нејасно дали се работи за самоубиство или несреќен случај.

Заскитан куршум погоди 14-годишник во Сингелиќ

06.08.2007
Уште една жртва од заскитан куршум. 14-годишниот Алија Еркан тешко е повреден вчеравечер. Однекаде испукан куршум направил прострелна рана во неговиот врат и рамо.
Момчето се симнало од автобус во скопското село Сингелиќ нешто по 22 часот. Веднаш почувствувал силна болка во вратот и раката, по што се струполил на земја.
Случаен минувач со автомобил го префрлил во ургентниот центар. Повредите му се санирани и оттаму велат дека детето е во стабилна состојба и контактибилен. Само среќа го спасила Алија Еркан од повреда на виталните органи.
Никој во околината не слушнал за ранувањето. Полицијата го пронашла на улица испуканиот проектил, балистичарите работат на откривање од каде е испукан, иако за тоа постои мала веројатност.
За само неколку дена Алија Еркан е втората жртва од заскитан куршум. Минатиот четврток во населбата Ѓорче Петров додека си играло во дворот од градинката беше погодено четиригодишно девојче во потколеницата. Кај неа куршумот се задржал во петата.
И покрај се, безуспешни се апелите на домашните и меѓународните организации за некористење на оружјето. Се проценува дека во Македонија граѓаните поседуваат над 100.000 парчиња нелегално оружје.
Криминалитетот со употреба на огненото оружје е зголемен во последните неколку месеци. Разните веселби не минуваат без испукани куршуми од кои страдаат недолжни деца.
Само се констатира дека се пука за најбанална причина и без размислување на оние кои го поседуваат оружјето.

Две гранати испукани кон Владата

06.08.2007
granati-vlada.jpg

Две гранати 30 минути по полноќ биле испукани кон Владата, ама паднале преку пат, пред јапонскиот конзулат. Едната експлодирала кога удрила во бетонски ѕид, другата уште подалеку од Владата, зад конзулатот, во гранките на едно дрво.
Владиниот портпарол вели дека е терористички напад. Целта била Владата.
„На извршителите и на наредбодавците на овој чин Владата на РМ им порачува дека кога-тогаш ќе се најдат зад решетки. На политичките инспиратори, пак, на овој чин Владата на РМ им порачува дека пораката е примена и дека со овој чин само ја зацврстија одлучноста на Владата на РМ да продолжи со истите политики што ги спроведуваше и досега“, изјави Ивица Боцевски, портпарол на Влада на РМ.
Од полицијата за А1 не потврдуваат дека се работи за терористички напад. Се уште не знаат кој е мотивот, кои се напаѓачите и од кој правец е стрелано. Не е сигурно ниту дали Владата била цел.
Попладнево полицијата беше на скопското Кале и испитуваше дали е стрелано од таму. Досега единствено се знае дека некој пукал со рачен фрлач од јужноафриканско производство. Дометот на оружјето бил 450 метри.
„Се вршат сите неопходни проверки во радиус од 450 метри, за да се утврди од каде се испукани и евентуално да се утврди идентитетот на лицата коишто ги испукале гранатите“, рече Иво Котевски, портпарол на МВР.
Инцидентот го пријавиле жителите на околните згради. Слушнале како да има силна експлозија, но се зачудиле од малата разорна моќ.
„Врнеше и не знаевме што е. Се јавивме во комшии, никој не знаеше што е. Излеговме на балкон, не видовме никого и повторно се повлековме во соба“, вели граѓанка.
МВР најави засилено обезбедување на државните институции, иако пред Владата не е видливо полициско зајакнување. Владиниот портпарол претходно, пак, најави дека нема да има вонредни мерки.

granati-vlada.jpg
 
Снег на Солунска Глава

06.08.2007
Ладниот бран што во изминатите 24 часа ја зафати Македонија донесе снег на Солунска Глава, каде што температурата во текот на ноќта паднала под нула степени.
Ова денеска го потврдија од Управата за хидрометеоролошки работи. Според нив во текот на ноќта врнежите од дожд преминале во врнежи од снег, за изутрината повторно да преминат во дожд.
Температура од -0,6 степени била измерена синоќа во 20 часот на Солунска Глава, а според последните мерења во 11 часот, таа изнесува плус три степени.
Најмногу дожд во Македонија во изминатите 48 часа наврна во Берово и Струмица по 70 литри на квадратен метар.

Миле Стојкоски тргна кон Пекинг

06.08.2007
mile-stojkoski-trgnuva-kina.jpg
Миле Стојкоски
Со солзи во очите и молитва на усните, прилепчанецот Миле Стојкоски во инвалидска количка денеска симболично, во името на хуманоста, од спомен домот на Мајка Тереза во Скопје го продолжи патот до Кина на отворањето на Летните олимписки игри идната година во Пекинг.
Целта на мисијата на Стојковски е привлекување странски донатори кои ќе изградат болници за луѓето со посебни потреби во Македонија.
„Поттикот за да го иницираме фондот и да го промовираме на ова патување е токму од досегашните такви активности коишто завршувале со успех“, изјави Миле Стојкоски.
Мисијата има и мировна димензија, бидејќи заедно со 15-члената екипа, Стојкоски ќе мине низ кризните региони во Ирак и Авганистан.
„Го одбравме тој пат токму заради мировната мисија на ова патување, за да апелираме и суштински за мирот токму во регионите кадешто е тој најпотребен“, рече Стојкоски.
Стојкоски до Кина ќе мине 15.000 километри низ триесетина држави, ќе посети значајни институции и ќе се сретне со видни светски личности.
Патот до Летните олимписки игри Стојкоски го започна на Илинден од Крушево, а ќе го заврши на отворањето на Летните олимписки игри на 8 август идната година во Пекинг.
 
навистина многу убаво и храбро од негова страна :smir:
 
08.08.2007 - Невообичаено виножито над Малезија

Грнето со злато се наоѓа на крајот на виножитото, така барем велат легендите.

Но, оние кои се во потрага по богатството, биле разочарани кога виделе дека виножитото што се појавило над Малезија нема крајо – тоа било вистински совршен круг.

Невообичаената глетка што во понеделникот можела да се види над Малезија всушност и не е вистинско виножито, туку редок феномен што се јавува кога сонцето е ниско, а неговите зраци допираат до ситните кристали на мраз што се наоѓаат во атмосферата на височина од околу 10 километри.

Зраците на сонцето тогаш се шират на специфичен начин, формирајќи совршено, кружно “виножито“ со сонцето во центарот.
getimgae2.jpg
 
Старец завршил во кома по разбојнички напад

Битола /09/08/ 14:17
Старец завршил во кома откако двајца разбојници го прободеле со нож неколку пати и го претепале, неговата сопруга минала подобро во насилничкиот напад.

Марија и Видан Бошевски, двајцата на возраст од 77 години, се хоспитализирани во битолската болница, откако откако вчера после полноќ биле нападнати во својот дом во мариовското село Маково од двајца разбојници, јави допсиникот на Макфакс.

Видан со крварење во мозокот, скршеници на три ребра и убодна рана во десното белодробно крило, во коматозна состојба се наоѓа на одеделението за интензивна нега, а Марија е со полесни повреди на хируршкото одделение во болницата.

Ташко Трајковски (25) од селото Маково и Никола Тодоровски (18) од Битола, вчера околу 02 часот тропнале на вратата на сопружниците Бошевски и откако со измама влегле внатре, најпрво ја совладала Марија а потоа и Видан.

Разбојниците ги врзале двајцата старци и ги малтретирале барајќи им пари. Потоа ја претуриле целата куќа и револтирани што пронашле само 600 денари, продолжиле да ги тепаат, а на Видан му нанеле и убоди со нож.

Насилниците, откако ја напуштиле куќата ноќта ја поминале во соседното село Ореово кај свој пријател, оставајќи ги старците врзани.

Изутрината околу 5 часот Ташко Трајковски сам се пријавил во полиција, по што двајцата сопружници веднаш биле префрлени во битолската болница.

Двајцата разбојници се приведени, одредена им е мерка притвор и е поднесена кривична пријава за разбојништво.

П.С. немој и од ова тема да вадиш :nos:
 
Исчезна 29-годишна мајка од Штип

09.08.2007
isceznata-majka.jpg

Шестмесечната Мартина Лазарова е доенче на кое последните четири дена му е ускратено мајчиното млеко. Нејзината 29-годишна мајка Жаклина се води како исчезнато лице.
Ова денес го потврди виничката полиција, каде во изминативе три години сега исчезнатата Жаклина барала институционална заштита од нејзиниот агресивен сопруг. Тој често физички и психички ја малтретирал, а го удирал и бебето по глава. Ги бркал од домот.
Но, нејзините браќа и сестри се очајни и се сомневаат дека животот на оваа млада мајка и е одземен со насилна смрт. Една од сестрите на исчезнатата овој случај го поврзува со неколкуте неуспешни обиди на зетот кој со голи раце се обидувал да ја задави Жаклина додека таа спиела.
„Се жали дека ја малтретира, дека детето не е негово, дека на двапати сакал да ја дави навечер, а тој велел дека тоа било во сон, божем не сакајќи. А тој ја стискал и неа после ја болеше, плачеше“, рече сестра на исчезнатата Жаклина.
Семејното насилство кај Лазареви е евидентирано и во виничкиот Центар за социјални грижи, институција од која насилниот сопруг и татко вчера побарал да го посвои шестмесечното бебе.
Никој од стручниот тим не и помогна на мојата сестра, тврди нејзиниот брат, на кој од виничкиот Центар за социјални грижи му објаснувале дека психологот им е на годишен одмор.
Жаклина Лазарова последен пат е забележана расплакана и очајна во Кочани минатиот понеделник во утринските часови од страна на една продавачка во минимаркет, стои во полицискиот извештај.

од А1 за Кајгана vlatkolik:pos:
 
Денеска времето измерено во 14 часот беше 28 степени под сенка.
Метеоролозите предвидуваат благо разоблачување кон 18 часот но без дожд.
Максималната дневна температура до 32 степени
Максималната ноќна температура до 16 степени

Утре: Слично на денеска со максимална дневна температура од 30 степени, а ноќна до 15.

поздрав.
 
Безживотното тело на 37-годишната наставничка во кочанското основно училиште „Никола Карев“ е пронајдено попладнево на креветот од спалната соба во куќа на улица „Раде Кратовче“.
Смртта на Марија Мишева ги затече нејзините пријатели. Роднините тврдат дека била со добро здравје, не боледувала од ништо. Ниту еден преглед не покажал можни срцеви заболувања.
Неофицијално, Мишева е пронајдена со најлон кеса на глава, задушена. До неа бил еден од нејзините двајца синови, 13-годишно дете со хендикеп. Првично, истражните органи се сомневаа во насилна смрт.
Додека траеше обдукцијата и најблиските соседи стравуваа од убиство, но не забележале ништо сомнително, иако Мишева имала тежок живот со бракоразводна постапка и чести брачни несогласувања.
„Удрена беше на лицето. Од што е, не знам“, рече сосед.
Ненадејната смрт на Марија Мишева ги вознемири кочанчани, кои во последните две седмици се изложени на чести напади од страна на две непознати лица, мажи на 30-годишна возраст, кои во ноќните часови влегувале преку прозорец во спалните соби.

Смртта на Мишева е природна, потврдија официјалните органи по обдукцијата. Причината е срцево заболување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom