Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
25.07.2007

Топлотниот бран попушта


Топлотниот бран што последниве денови ја зафати Македонија денеска се очекува да почне да се намалува Метеоролозите за денеска предвидуваат сончево и малку посвежо време. Температурите ќе се движат од 33 до 38 степени Целзиусови.

Врвот на тропскиот бран беше вчера со температури од 45 степени измерени во Демир Капија и Гевгелија. Во скопје, според метеоролозите беа измерени 43 степени Целзиусови.



Колапс на електроенергетскиот систем на Балканот





Цела Македонија, како и повеќе држави на Балканот останаа вчера попладне без електрична енергија поради колапс на електроенергетскиот систем. Снабдувањето со електрична енергија во Македонија целосно е нормализирано доцна синоќа.

До падот на системот дошло откако Грција повлекла повеќе струја од мрежата, поради што се активирала автоматската заштита. Имало дефект и на мрежата во Србија, по што паднале системите и на Косово, Албанија, Бугарија и во Црна Гора.



Американски и руски експерти ќе дискутираат за антиракетниот систем





Руски и американски експерти наредната недела во Вашингтон ќе дискутираат за поставувањето на спорниот американски антиракетен систем во Европа.

Ова синоќа го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој информираше дека средбата ќе се одржи в понеделник и вторник.

Во својата изјава за руските медиуми Лавров не ја исклучи можноста да се разговара и за „активно вклучување на Русија која заедно со европските партнери треби да го реши проблемот со антиракетниот систем“.


извор
 
Топлотниот бран попушта


Топлотниот бран што последниве денови ја зафати Македонија денеска се очекува да почне да се намалува Метеоролозите за денеска предвидуваат сончево и малку посвежо време. Температурите ќе се движат од 33 до 38 степени Целзиусови.

Врвот на тропскиот бран беше вчера со температури од 45 степени измерени во Демир Капија и Гевгелија. Во скопје, според метеоролозите беа измерени 43 степени Целзиусови.
И од утре се враќаме на старото работно време.. од 8 и 30 до 16 и 30
 
Косово го спушта тонот, Белград му нуди „тајвански“ статус
52C0A245818B3642AB50D65EEA8AD80D.jpg

Србија според кинески терк ќе растура дипломатски односи со земји кои евентуално би го признале независно Косово
Димитар Чулев

Косово
– српски Тајван! Оваа идеја на поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Драшковиќ, вчера одново беше актуелизирана во дел од белградскиот печат, како опција за идниот статус на протекторатот по минатонеделниот неуспех Советот за безбедност на ОН да постигне согласност за нова резолуција која би создала правна рамка за независен статус на Косово.

Пишувањето се совпадна и со изјавата на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари, дека неговата мисија завршила.

„Мојата работата заврши“, изјави вчера за финската државна телевизија Ахтисари, кој пред шест месеци предупреди дека нема да продолжи со посредничката мисија во случај на блокирање на преговорите на една од страните.

Пишувањето на „Политика“ дека Косово би имало статус на Тајван или на Северен Кипар може да се протолкува како „зацврстување“ на ставот на официјален Белград кој се противи на каква било форма на независност, но под огромниот притисок на меѓународната заедница и де факто неконтролирањето на Косово како „неотуѓив дел на Србија“ бара излезни решенија.

Тоа е пресликување на кинескиот концепт „една земја – два система“ кој функционира меѓу Пекинг и Тајпеј. Тоа значи дека Косово како држава би го признале САД и некои европски земји, но оти покраината според меѓународното право и натаму би била дел од Србија, токму како што е Тајван дел од Кина или како што Турската република Северен Кипар е дел од Кипар – пишува „Политика“.

Официјален Белград со години повторува дека со Косово не смее да се случи меѓународен преседан, односно дека давањето независност би претставувало отворена закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Дека Србија веројатно ќе ја турка оваа „формула“, потврда може да биде и резолуцијата за која се залагаат српски парламентарци и која предвидува Србија да ги прекине дипломатските односи со оние земји кои унилатерално ќе го признаат независно Косово... Кина ја спроведува истата тактика, а Македонија имаше такво непријатно искуство по тајванската авантура во 1999 година.

Српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ завчера во Скопје побара поддршка од Македонија за зачувување на територијалниот интегритет на Србија затоа што „Македонија, според Ѓелиќ, се наоѓа на врвот на листата на пријатели на Србија“. На ваквото „испитување на пулсот“ премиерот Груевски го потсети гостинот дека „Македонија има разбирање за ситуацијата во која се наоѓа Србија, но косовското прашање е сложено и нашата земја не е таа што ќе одлучува за него“.

05EE06636C11A446B2021265CCC13447.jpg

Односите во регионот се комплицирани: Грција и новата ЕУ-членка Романија стравуваат дека подарената, наметната или самопрогласена независност на Косово, како преседан, може да стане меѓународно правило и таквиот исклучок да го воведе Балканот во нова нестабилност. Но, Албанија и преку новоизбраниот претседател Бамир Топи порачува дека „независноста на Косово претставува гаранција за мир и стабилност во регионот“.

Ова не е многу утешителна изјава за скептиците кои стравуваат од создавање мегадржава на Албанците со натамошни аспирации кон западниот дел од Македонија, југот на Србија, па дури и Чемерија во Грција.

Овој сложен склоп на околности сигурно го имал предвид Антонио Милошоски кога завчера во Брисел изјави дека „нашата позиција за Косово е усогласена со таа на ЕУ и сакаме да и' се ставиме на располагање, бидејќи ова е европско прашање“. Но, не постои ни усогласен став внатре во ЕУ околу ова прашање, планот на Ахтисари што Македонија, исто така, го поддржуваше е официјално мртов. Милошоски во изјавите за Косово треба да го стави акцентот на прашањето за необележаната северна граница, што го блокираат токму косовските власти кои не го признаваат меѓународно признатиот договор за границата потпишан од Белград и Скопје во 2001година. И второ, да се побараат гаранции од ОН, ЕУ и од НАТО за безбедноста на Македонија поради опасност од Косово да еманира нестабилност.

Што се однесува до тоа какво и чие прашање е Косово, најдобро говори состанокот на Контакт-групата која се обидува да анимира нови директни и отворени преговори меѓу Белград и Приштина, кои треба најдобро сами „да се договорат“, за што постои општ консензус во меѓународната заедница.

Истото го бара и Русија, која во изминативе неколку тензични месеци по објавувањето на планот на Марти Ахтисари, се третираше за кочничар на наводно „готовата“ косовска независност, изјави за Би-Би-Си британскиот публицист и аналитичар Тим Џуда. Тој смета дека состанокот на Контакт- групата е купување време, зашто САД и Европската унија сакаат со новото време што го добија да создадат „критична маса“ меѓу земјите-членки на Унијата кои ќе ја признаат еднострано прогласената независнот на Косово, Ниту Албанците ниту Србите веќе и не се заинтересирани за компромиси. Под компромис овде може да се мисли и опцијата поделба на Косово, за која Србија можеби и некогаш била заинтересирана, но тоа е премногу сложено: нови раселени, размена на население, пребивање долгови, косовско барање за размена на северните делови од Косово за Прешевската долина...

Дека работите не одат така лесно, доказ е експресното заминување и уште поекспресно враќање на косовскиот преговарачки тим во Вашингтон од кој „побара објаснување“ што по пропаѓањето на последниот четврт по ред обид во ОН да се протурка резолуција која предвидува Косово да добие независност. Косовскиот премиер Агим Чеку, кој пред десетина дена на средба со Солана изгуби нерви, во петокот се закани дека ќе побара од парламентот да прогласи независност на 28 ноември (Денот на независноста на Албанија и Ден на албанското знаме) со што се доближи до позицијата на движењето „Самоопределување“ на прогонуваниот и затваран лидер Албин Курти. Но, по средбата на косовскиот тим со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, беше официјлизирана информацијата дека Косово го уверил Вашингтон дека не планира „унилатерално прогласување од Србија без консултации со клучните партнери САД и ЕУ во заклучувањето на процесот за независност“.
 
Денес ваљда сме 26.07.2007...

Скопје одбележува 44 години од катастрофалниот земјотрес





Скопје денеска се одбележува 44 години од скопскиот катастрофален земјотрес, во кој загинаа 1.070 жители, а беа повредени околу 3.300.

Во потресот со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој траеше околу 17 секунди, беа урнати голем број згради, јавни објекти, како и речиси 80 отсто од живеалиштата на скопјани.

Во земјотресот тешко беа оштетени Железничката станица, Офицерскиот дом, Поштата, Банката, хотел „Македонија", трите театри, зградата на Народната и универзитетска библиотека, Историскиот музеј, како и други објекти симболи на Скопје.

Скопје веднаш по земјотресот стана град на светска солидарност. Помош на спасувачки екипи, лекови, шатори, ќебиња и облека пристигнуваше од сите континетни. За кусо време градот почна повторно да функционира, а започна и изградбата на повеќе населби, како и објекти кои подоцна му дадоа нов лик и дух на разурнатиот град.

Како и секоја година на 26 јули, и денеска семејствата на жртвите на катастрофалниот земјотрес заедно со градските власти ќе ги посетат Градските гробишта во Бутел, каде што ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот.



Пожарите се уште активни - уништени над 3000 хектари шума





Над 3,000 хектари, пред се , шума, уништија досега пожарите што се уште се активни низ цела Македонија, а во врска со алармантната состојба денеска треба да расправа и Собранието на посебна седница.

На противпожарните единици, војската и локалното население, во гаснењето на пожарите им помагаат авиони и хеликоптери од Турција, Словенија и Хрватска.

Најголеми размери има пожарот во пределот на Стара Планина, што се прошири во атарите на повисоките тетовски села – Луковица, Седларево и Гргурница, како и во пониските Лешница и Стримница.

Овој пожар досега е проширен на повеќе локации и кон Националниот парк „Јасен“, на потегот кај Ивање, од левата страна на браната Козјак, како и на десната кај селото Света Петка.

Дел од „Јасен“, кај месноста Кула, е загрозен од поголем пожар, што пред неколку дена се појави над селото Патишка река.

Противпожарни сили и припадници на АРМ го ставија под контрола пожарот од Црн Врв кај Катланово, што во средата премина кон селата Градиманци и Џидимирци и се префрла кон светиниколска страна.

Пожарот кон викендичките во Горна Матка е ставен под контрола, а активен е пожарот кај Мала Река – Преслап „Китка”.

На Скопска Црна Гора активен е пожарот кај селото Раштак, пожарот во Раовиќ стагнира, а околу сто војници се вклучени во гаснење на пожарот што се префрли над селото Љуботен и зафати мешана ниска шума.

Во битолско, пожарот на потегот кај селата Мегленци – Маково- Рапеш ескалирал во три правци, а опожарени се 200 хектари густа борова шума. Пожарот се гасне од воздух и земја, а поради временските услови, можно е пожарот да се прошири.

Околу 1.000 хектари дабова, борова и друга мешана шума гори кај Братиндол – Кочевски врв, лево и десно од патот Битола – Ресен. Во гаснењето се вклучија авионите „канадери“ од Хрватска и Турција, противпожарни единици и локално население. Пожарот е уште активен и се шири кон езерото Стрежево.

Активен е пожарот и во реонот на струмичкото село Сушево, а зафатени се околу 300 хектари мешана шума.

Од претпладнево под контрола е пожарот во реонот на граничниот премин Ќафасан – Струга, како и од страната на селото Радожда.

Пожарот што се појави помеѓу селата Боровец и Јабланица во струшко, тешко се контролира, се приближува кон селото Пискупштина, а има потреба од засилување во луѓе и опрема за негово локализирање.

Нов пожар во средата вечер е регистриран и во дебарско, во реонот на селото Кривци, а гори густа шума.

Во кичевскиот крај повторно се активирал пожарот во општината Вранешница, а пожарот кај селото Осломеј е проширен кон селата Горно Строгомиште и Жубрино. На терен во кичевскиот крај се противпожарни единици, војници и доброволци.

Пожар веќе ги зафати првите плевни во селото Миравци, а се активира и пожарот во реонот на гевгелиското село Мони што се шири кон караулата на грчката граница.

Пожарот што се појави кај тетовското село Туденци се прошири кон Сирачино и Радуша, а опожарена е површина од 200 хектари и кон гостиварското село Лакавица и ридот Митрови Крсти.

Два хеликоптери на АРМ и еден од Словенија се вклучени во гаснење на пожарот што се прошири од околината на беровското село Бајмирово и зафати 250 хектари борова шума.

Активни се пожари и во кавадаречко, кај селото Раец, и во штипско, во атарот на село Калепетровци.

Регионалниот центра на ЦУК од Прилеп извести дека пожарот во реонот на Борула што излезе од контрола, се прошири и се движи кон соседната општина Велес. Досега е опожарена површина од 80 до 100 хектари.



Македонија го повлече барањето за чествување во „Прохор Пчински“





Македонија го повлече барањето до Србија да дозволи државна делегација да го посети манастирот „Прохор Пчински“ по повод чествување на Националниот празник Илинден.

Ова денеска за Макфакс го изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи (МНР) на Македонија Шпреса Јусуфи.

Таа посочи дека одлуката била разгледувана синоќа и се темели на проценката дека “и покрај добрата волја на српското МНР, во некои сегменти нема расположение за таква активност“.

„Се дури не се создадат добри предуслови, Македонија нема да бара да и биде овозможено да го чествува 2 август во „Прохор Пчински“, додаде портпаролот на македонското МНР.

Македонија последен пат го чествуваше Националниот празник Илинден во манастирот „Прохор Пчински“ пред две години.


извор
 
26.07.2007 (СВЕТ)

Конференција за ирачките бегалци





Конференција за помош на ирачките бегалци започна денеска во главниот град на Јордан, Аман.

Високи сириски, египетски, јордански и ирачки функционери учествуваат во работата на конференцијата. Како посматрачи ќе учествуваат и претставници на Турција, Иран, Русија, Јапонија, Велика Британија, ЕУ и ОН.

Околу 2,2 милиони Ирачани побегнаа од својата земја од 2003. година поради насилствата и судирите и се засолнија во Сирија, каде што ги има 1,4 милиони, како и во Јордан, каде што се 750.000. Околу 2 милиона се раселени внатре во Ирак.


Најмалку 15 загинати во експлозија на складиште со експлозив





Најмалку 15 војници загинаа, а 50 се повредени во експлозија во складиште со експлозив во военото училиште во северниот дел на Сирија, соопштија денеска официјални лица.

„Тука владее пеколен бран горештини, а температурите се доближиле до 50 Целзиусови степени, што ја предизвика експлозијата во складиштето“, изјави воен функционер.

Сириската телевизија во извештајот за овој настан истакна дека „не се работи за терористички напад“.



Најголем случај за поткуп поврзан со Пентагон





Американски мајор е уапсен поради обвинение за земање поткуп во износ од 15 милиони долари, што е досега најголем случај за мито поврзан со Пентагон.

Уапсениот Џон Кокрам (41) во периодот 2006-06 година додека бил на служба во Кувајт зел 9,8 милиони долари од најмалку осум бизнисмени за да лобира Пентагон да им обезбеди склучување договори во Ирак и Кувајт.

Според обвинението, мајорот очекувал во најскоро време да добие уште 5,4 милиони долари.

Со Кокрам се уапсени и неговата сопруга и сестра. Жените се обвинети дека во договор првообвинетиот ги примале парите од бизнисмените и ги внесувале на банкарски сметки и трезори во Кувајт и Дубаи.

Ако судот ги прогласи за виновни, тројцата обвинети можат да бидат осудени на казни затвор од 20 години и глоба во износ од половина милијарда долари.



ЕУ, САД и Русија – посредници меѓу Белград и Приштина





“Тројката“ ЕУ, САД и Русија ќе бидат посредници во идните преговори меѓу Белград и Приштина.

Овој предлог на шефот на германската дипломатија Френк-Валтер Штајнмер синоќа во Виена го прифатила Контакт групата, јавија белградските гласила.

Директорите на отсекот за Балкан на министерствата за надворешни работи на САД, Русија, Италија, Германија, Франција и Велика Британија оцениле дека овој предлог е прифатлив за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина.

Неименуваните дипломатски извори тврдат дека на состанокот се расправало за идејата посредниците од САД, Русија и ЕУ да спроведуваат “шатл“ дипломатија меѓу Белград и Приштина.



“Боинг“ на пат да го урне “Ербас“





Акциите на Boeing денеска се продаваат по највисока цена досега откако овој американски производител на авиони за три месеци заработи 1,1 милијарада долари.

Компанијата, во второто тромесечје од годинава, го бележи најголемиот профит во изминатите три и пол години со што и натаму задава тешки удари на својот европски конкурент Airbus.

Резултатите се подобри од очекуваните – најдобри што Boeing ги реализираше од четвртиот квартал на 2003 – и лесно ги надминаа предвидувањата на Вил Стрит (Wall Street) и ја зголемија вредноста на акциите на компанијата за над три проценти.

Американскиот производител на авиони, во периодот април-јуни, оствари чиста заработувачка од 1,05 милијарди долари во споредба со загубата од 160 милиони долари пред една година кога беше погодена од судски трошоци поради државна истрага.

Вкупниот приход на Boeing во вториот квартал се зголемил за 14 проценти, односно на 17 милијарди долари.

Светскиот производител на патнички авиони број два, зад Airbus, на пат е да го престигне европскиот ривал до почетокот на наредната година и поради новиот модел Dreamliner.

Компанијата наведува дека очекува годинава вкупен приход од 65 милијарди долари.


извор
 
Експлозија на гасоводот кај Санкт Петербург

Еден од најголемите гасоводи на северозападот на Русија во текот на ноќта го зафатил пожар, а одекнала и силна експлозија, соопштија властите. Засега нема податоци за евентуални жртви и не е јасно дали испораката на гас е прекината.
„Се работи за експлозија на трупот на гасоводот под висок притисок“, изјави Валентин Седорин, портпарол на Ленинградската област околу Санкт Петербург.
Според исказите на очевидци одекнала силна експлозија која ја почувствувале и жителите на станбените згради оддалечени пет километри. Според нив, настанал и сообраќаен метеж откако вознемирените жители со возила почнале да бегаат.
Главниот пат на рускиот гас кон Европа, гасоводот Јамал-Јуроп, се наоѓа доста појужно од местото на експлозијата, но во близина на местото на детонацијата е гасоводот со кој се испорачува гас на Финска.
Детонацијата се случила недалеку од местото каде гасоводот минува во близина на електраната во предградието на Санкт Петербург.
Претставници на итните служби наведуваат дека прозорците на електраната се разнесени во силната експлозија. Според нив, уништени се 50 метри од гасоводот чиј пречник е 80 сантиметри.
 
Мет Дејмон доби ѕвезда на Булеварот на славните

Американскиот актер Мет Дејмон (36) доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
met-dejmon-zvezda.jpg
Дејмон стана 2.343-та личност во светот на филмот која добила ѕвезда на познатиот булевар во американската престолнина на „седмата уметност“.
Со цел да му се посвети на филмот, тој ги напушти студиите на познатиот Универзитет во Харвард.
Дебитираше во 1998-ма година покрај Џулија Робертс во филмот „Mystik Pizza'“. Во Холивуд стана познат откако заедно со Бен Афлек освои Оскар за најдобро сценарио за филмот „Добриот Вил Хантинг“.
„Кога почнувавме со оваа работа, Бен и јас живеевме во еден никаков стан на неколку блока одовде“, рече Мет Дејмон на церемонијата, присеќавајќи се на своите почетоци, кога заедно со Бен Афлек се обидувале да се пробијат во светот на филмот
Снимаше со најголемите режисери како Френсис Форд Корола, Стивен Спилберг, Мартин Скорсезе, Стивен Сотерберг.
Неговиот најнов филм, „Борнеовиот ултиматум“ во кината ширум северна Америка ќе почне да се прикажува на почетокот на август.
 
Извор: Утрински весник

Пожарите направија штета од 15 милиони евра
5414C78DFF353943BBA611A8216B0CD5.jpg

Според проценките, досега изгореа околу 4.000 хектари шума, но тоа не е целосниот биланс
СВЕТЛАНА УНКОВСКА
АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ


Околу 15 милиони евра изнесува директната штета што ја предизвикаа пожарите при беснеењето низ земјава, велат неофицијални извори од Дирекцијата за заштита и спасување. Според процените, досега изгореа околу 4.000 хектари шума.

Во врска со справувањето со огнената стихија, владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера реагираше дека во последно време се' повеќе прстот се вперува кон премиерот, кон директорот на Центарот за управување со кризи, градоначалникот на Битола и други. „Сега не е време за посочување со прсти. Кога сето ова ќе заврши, тогаш нема воопшто да се воздржуваме да прашаме каде беше лидерот на опозицијата во време кога Македонија е во кризна состојба, каде беше шефот на Генералштабот, кој не може да го прекине својот годишен одмор, и дали на господинот Бранко Црвенковски приоритетно му беше да го прими Сојузот на композиторите наместо да помогне во справувањето со кризата“, рече Боцевски.

Владиниот портпарол изјави дека целосно е мобилизирана Дирекцијата за заштита и спасувавање и се ангажирани стотици војници, полицајци и население кои вложуваат натчовечки напори во справувањето со огнената стихија и дека и натаму ќе се продолжи со гонењето на сите оние кои можат да предизвикаат пожари.

Силните пожари вчера за миг како да стивнаа иако гореше на повеќе места низ земјава. Најкритично беше на планината Сува Гора и во Тетовско, а се' уште активни се пожарите над скопски Раштак и Љуботен и кај резерватот „Јасен“. Во Битолско, огнот ескалирал во три правци и се стравува да не се разгори повторно во енормни димензии, а гори и во Штипско, Струмичко Сушево и браната „Турија“, Црн Врв, на Китка, Берово, Струшко, Прилепско, Демирхисарско, Дебарско и Гевгелија и се шири кон грчката граница. Во меѓувреме, полицијата уапси пироман од Берово, кој го запали атарот на Стојмирово.

Најголема штета од пожарите претрпеле шумите во Демир Хисар каде што изгореле 5.000 кубици дрва. Ако се знае дека еден кубик дрва во просек чини 30 евра, тогаш може да се пресмета дека штетата од пожарите во Демир Хисар изнесува приближно 150.000 евра. Сепак, овие процени се приближни, имајќи предвид дека до почетокот на вегетацискиот период, нема да може да се официјализираат бројките.

„Ќе формираме комисија за процена на штетите и тогаш ќе знаеме колкав е точниот износ на направената штета“, ни изјави Трајко Тодорчевски, главен инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување.

Во тендерска процедура влезе владината одлука за набавка на пет нови цистерни. Според преставници на една од фирмите што склопува вакви возила, тие чинат по околу 130.000 евра.

DDCED1EE0A761F448995C2456219BA21.jpg

Голем дел од пожарите вчера се држеа под контрола, но се' уште имаше места каде што тешко оди со справувањето со огнената стихија. Најпроблематични се непристапните терени, каде може што да се гасне единствено со лопати, метли или гранки: војниците со метли го гаснеа пожарот кај Битола
Голем дел од пожарите вчера се држеа под контрола, но се' уште имаше места каде што тешко се одвива со справувањето со огнената стихија. Најпроблематични се непристапните терени, каде што може да се гасне единствено со лопати, метли или гранки. Дополнителен проблем прави и ветерот, кој од завчера дува и реактивира многу жаришта, а нема најави за дождови кои би ја смириле состојбата. Вчера најголеми размери имаше огнената стихија на планината Сува Гора и во Тетовскиот регион.

Пожарите во пределот на планината Сува Гора се најраспространети и се проширени кон повисоките тетовски села, каде што има две поголеми жаришта. Едното е над селата Туденце и Копанце, каде што од оган се зафатени големи површини и се заканува да се спушти кон овие две села. Истиот пожар го зафати и Ротинце, а се движи и кон повисоките делови на Жеден. Вториот пожар е над селото Челопек и се движи во насока на Гургурница и Седларево. Во Тетовско, прв пат досега, во гаснењето се активирани два хеликоптера, а покрај пожарникари, гасат и шумари и жителите на Челопек.

Над скопски Раштак гори мешана шума, теренот е непристапен, а екипи од шумско стопанство, триесетина војници, како и жители од околните села организирано одат на теренот да го гасат огнот. И жителите од соседното село Љуботен, заедно со војници се справуваат со пожарот, кој веќе се префрли кај бачилата.

Дел од резерватот „Јасен“ кај месноста Кула има посилен пожар, кој се движи од Караџица кон Кула. Поради непристапниот терен и непроодноста со возила, интервенцијата е невозможна. Пожарот на потегот Горна Матка - Ивање кон викендичките е под контрола. Кај Катланово на Црн Врв, огнот од селата Градманци и Џидимирци се префрла кон светиниколската страна и на тој терен се повеќе екипи на противпожарните бригади и шумско стопанство, а покрај стотината војници на тој терен АРМ праќа засилување.

Во Битолско е активен пожарот во три насоки, едниот кон село Мегленци, вториот кон Долно Ореово и третиот кон Маково. Околу илјада хектари дабова, борова и друга мешана шума гори кај Братин Дол - Кочевски Врв, лево и десно од патот Битола - Ресен. Пожарот се' уште е активен и се шири кон Стрежево. Покрај противпожарни екипи, во гасење на пожарите помагаат и војниците, како и вработените во РЕК „Битола“. Поради временските прилики, постои можност пожарот повторно да се прошири и да зафати поголеми размери.

Центарот за кризи во Прилеп известува дека пожарот во реонот на Борула се шири кон Велес и досега е зафатена површина од стотина хектари. Пожарите во реонот на Богомила се' уште се активни, а се шири и пожарот кај демирхисарското село Света.

Пожарот кој веќе три дена е активен на потегот меѓу граничниот премин Ќафасан и струшкото село Радожда е под контрола, но поради непристапниот терен, не може да се изгасне.

Во атарот на дебарското погранично село Крифци, во близина на бањата Бањиште, изгаснат е пожарот. Изгореа над три хектари нискостеблеста шума, но е запрено оганот да се прошири кон дабовата шума.

„Ова е досега најголемиот пожар во реонов“, изјави командирот на противпожарната единица Џетан Мифтаровски, кој дополни дека најголема штета е забележана во Центар Жупа.

Пожарот во реонот на струмичкото село Сушево се' уште е активен и се шири во правец на браната „Турија“ и месноста Железен Дол. Теренот е тешко пристапен, а на околу 300 хектари гори мешана шума и даб. Во близина на Берово е зафатена борова шума на околу 250 хектари. Активен пожар има и во Кавадаречко, каде што гори ниска шума и габер.

Полицијата го уапси беровчанецот Стојан Г. (52) поради сомневање дека во вторникот го запалил пожарот пред селото Смојмирово, во кој беа зафатени околу 400 хектари борова шума со различна старост, а беа опожарени и повеќе приватни и стопански објекти. Нему веќе му е одреден десетдневен притвор. Истрагата утврди дека Стојан Г. со запалка и бензин намерно запалил шумата. Инаку, тој во 1988 година, исто така, бил пријавен за истото дело, за што добил парична казна од тогашни 100.000 динари.

Градоначалникот на Општина Петровец вчера со допис реагираше по повод завчерашното апсење на тројца вработени во комуналното претпријатие на Петровец поради сомневање дека оставиле запален смет на дива депонија, по што пламна пожарот кај скопско Катланово.

„Со стопроцентна сигурност тврдам дека тие се целосно невини, а дека надлежните бараат дежурен виновник за нивната немоќ“, смета градоначалникот Звонко Цветковски. Тој тврди дека приведените секоја вечер активно учествувале во гаснењето на пожарот, што можело да го потврдат сите што биле на терен изминатите денови во Катланово.
 
Влада – неработен само 2 август





Владата на Македонија денеска донесе одлука со која се укинува досегашната пракса на спојување на празниците со викендите.

Согласно оваа одлука, а во врска со претстојниот национален празник Илинден неработен ќе биде само 2 август.

„Принципиелно, овој став на Владата не се однесува само за претстојниот празник, 2-ри и 3-ти Август, туку и за сите празници во иднина“, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.


Откриени 24 девојки во акција против трговија со луѓе






Полицијата откри 24 македонски и странски државјанки кои нелегално работеле во угостителски објекти во Гостивар и околината.

Полициската акција била спроведена во четвртокот вечер во угостителски објекти во градот Гостивар и во околните села Чегране, Равен и Добри Дол.

Во нив нелегално работеле десет македонски државјанки, девет од Србија, четири од Албанија, како и една бугарска државјанка.

Тие се пренесени во Транзитниот центар во Скопје, а во тек е постапка против сопственици на објектите во кои девојките работеле нелегално.

Дел од угостителските објекти во кои била извршена контрола работеле и покрај забраната изречена од Управата за јавни приходи.



Запленети рекордни 160 килограми кокаин во Хонг Конг



Околу 160 килограми кокаин, во вредност од 14,5 милиони долари, открија денеска властите на Хонг Конг, во товарни контејнери што превезувале минерална вода од Панама.

Според информациите, цариниците, дрогата ја пронашле во два од контејнерите, за кои што било соопштено дека превезуваат „пречистена вода“. Уапсени се седум лица од Хонг Конг, петмина мажи и две жени на возраст меѓу 23 и 51 година.

Кокаинот бил сокриен во 80 дрвени кутии сместени под шишињата со вода, а биле откриени со помош на кучиња и скенери.



Експлозија во руска подморница





Експлозија од помали размери се случи во една руска подморница каде се претпоставува дека има нуклеарен погон, но не е забележана зголемена радиоактивност, јави руската агенција Интерфакс.

Агенцијата наведува дека експлозијата се случила во четвртокот на руска подморница во време додека била на ремонт во пристаништето Северодвинск, во Бело море. Воените власти,досега не издала никакво соопштение.

„Нивото на радиоактивност, изутрината, беше вообичаено“, изјавил портпарол на локалното здружение за заштита на природната средина.

Службата за атомска заштита во соседна Норвешка кратко соопшти дека проверува евентуално зголемување на нивото на радиоактивност.



извор
 
Вооружен маж уби девет лица во источна Србија

Белград, 28 јули (МИА) - Девет лица се убиени синоќа кога вооружен маж стрелал од автоматско оружје врз жителите на селото Јабуковиќ на околу 30 километри од градот Неготин во источна Србија.
Покрај деветмината убиени (пет мажи и четири жени), во инциденто се повредени уште две лица, кои се пренесени ви клиничкиот центар во Ниш.
Неколку часа по инцидентот, рано исутринава, полицијата ги уапси напаѓачот, кој е идентификуван како Никола Радосављевиќ (38) од Јабуковиќ, кој неодамна се вратил од Австрија.
Според српските медиуми, Радосављевиќ по расправијата со неговата сопруга излегол од својот дом и почнал да пука врз лицата што се движеле по селските улици.
Српскиот министер за внатершни работи Драган Јоциќ кој го посети Јабуковиќ изјави дека засега не се познати мотивите за инцидентот.
- Веројато се работи за нешто што е во доменот на ирационалното, нагласи Јоциќ.

Заложничка драма во трите социјални згради во Велес

Заложничка драма во комплексот социјални згради во Велес. Од денеска стотина луѓе се оставени без вода и храна.. Меѓу нив има и деца. Полицијата ним не им дозволува да излезат надвор од социјалните згради. Затворена е влезната капија, на комплексот ,пред која цел ден роднини и пријатели се молат да им достават вода и храна. Повикана беше и брзата помош. Освен над малолетно девојче лекарска интервенција имаше и над возрасни луѓе.

„Шестгодишно дете е горе само. Јас цел ден вртам околу зградиве со шишето вода и викам од терасата Ева. Само сум серќна што горе нема вода и струја. Знам дека нема да направи пакос... Две внучиња имам јас едното е шест години другото три години. И они сега немаат ни храна немаат ништо. А ова го прават веќе четврти ден. Бараме помош да ни дозволат да им дотураме храна, а они нека си седат таму“ – велат роднините на социјалните семејства.

Полицијата го спроведува вчерашното барање на министерството за транспорт во кое министерот Јанакиевски од социјалците бара веднаш да ги напуштат становите. МВР денеска против осуммина граѓани, кои пред три дена на сила влегоа во трите социјални згради, поднесе кривични пријави за насилно однесување. Социјалците денеска почнаа да бараат помош од Народниот правобранител, Детската амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншкиот комитет.

Пожарите постепено стивнуваат

Освен во кичевско и бродско, пожарите во другите делови од земјава почнаа да стивнуваат. Вкупно триесетина се се уште активни, но поголемиот број се ставени под контрола – велат од центарот за управување со кризи. Во битолско, пожарот кој се прошири кон селата Ивањевци, Подино, Свети Тодори се движи кон селото Беранци. Проценките се дека набргу ќе биде ставен под контрола. Веќе 10-ти ден гори и шумата близу тетовските Копанце и Раотинце. Во тетовско денеска избувна пожар и во месноста Кале, близу селото Лавце.

Во скопско, струмичко, кавадаречко, малешевијата, Демир Хисар и струшка - Радожда пожарите се активни но ставени се под контрола и не постои опасност за населените места. Во акциите за гаснење на пожарите се вклучени вкупно шест хеликоптери, два на АРМ, два на германските војници од КФОР, и по еден од Словенија и Турција. Во гаснењето вклучен е и еден канадер од Турција кој попладнево ќе биде заменет со ист друг од Турција. Хрватите го повлекле нивниот канадер поради сериозната состојба со пожарите во Хрватска. Во меѓу време се очекува да пристигне и помош од норвешка. Покрај пожарникарите, во акциите се вклучени и војници и резервисти – вкупно околу илјада. Само тие добиваат дневници од по илјада и 40 денари, а не и доброволци од населението чиј имот и домови се загрозени. Првичните сознанија на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство покажуваат дека досега се опожарени околу 5 илјади хектари површина. Штетата се проценува на 40-тина милиони евра, со тенденција да се зголеми, бидејќи се уште има активни пожари и во овие пресметки не се вклучени трошоците за гаснење. Пошумувањето на опожарените места ќе почне од септември, откако ќе се исчисти теренот.
 
Пет момчиња загинаа во сообраќајни несреќи

capture1bo4.jpg


Скопје /28/07/ 12:43 makfax
Пет момчиња загинаа утринава во две сообраќајни несреќи во Македонија, во кои се повредени седуммина млади, жртвите се на возраст од 16 до 28 години.

Четири момчиња загинаа утринава на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај селото Вратница, кога нивното возило поради неприлагодена брзина удрило во бетонски столб и се превртело, соопшти полицијата.

Во несреќата што се случила околу 6 часот загина, возачот Ивица Блажевски (28) од тетовското село Раотинце и сопатниците Новица Апостоловски (23), Небојша Стефановски (23) и Бобан Спасеновски (16), тројцата од Старо Село, тетовско.

Во несреќата се повредени уште две лица на возраст од 18 и 20 години, кои биле во возилото „Бјуик“ со американска национална ознака.

Во друга сообраќајка што се случи на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај месноста Манастирец околу 2:30 часот, загина Ѓорѓи Трајковски (20) од Кавадарци. Тој бил во автомобил „Мицубиши“, што од непознати причини излетал од патот.

Во оваа несреќа повредени се возачот С.М.(24) од Кавадарци, сопатниците З.К. (16) од Неготино, Б.К.(17) од Кавадарци и две девојки од Ваташа и од Росоман

Најмалку 27 луѓе загинаа во поплави во Индија

capture2ct0.jpg


Њу Делхи /28/07/ 13:27
Најмалку 27 луѓе загинаа, а над три милиони се загрозени во поплавите што ја зафатија источна Индија, како последица од поројните дождови во текот на изминатите денови.

Според официјалните податоци, во државата Бихар, инаку втора по големина во Индија, животот го загубиле 14 лица, од кои 12 во најпогодената област Бхагалпур.

Поплавите го загрозија животот на околу два милиона жители на Бихар, додека во соседните држави Ашам и Магхалаџа во поплавите загинале 13 лица, а над 750.000 се евакуирани.

Од минатиот месец, кога започна монсунскиот период во Индија, настрадаа околу 800 луѓе
 
ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ ЗА ХОТЕЛ СО ПЕТ SВЕЗДИЧКИ
Нема Хилтон во Охрид


capture3tc3.jpg


Охридскиот Хилтон со пет sвездички нема да се гради. За 15.877 квадратни метри градежно земјиште во близина на хотелот "Инекс Горица" Министерството за транспорт и врски до средината на август ќе распише нов меѓународен тендер. Од таму вчера информираа дека претходната купопродажна постапка пропаднала зашто Соравија Инвест од Скопје, дел од австриската групација, не ги уплатила 55,6 милиони денари во законскиот рок од 15 дена по јавното надавање кое се случи на 1 јуни годинава.
"Инвеститорот Соравија со допис на 28 јуни го извести Министерството дека поради технички причини доцни уплатата на парите. Со цел да не отстапува од законските рамки и да се овозможи влез на странски инвестиции, Министерството ќе распише повторна објава за отуѓување на земјиштето во Охрид под истите услови како и првата објава", вели портпаролот на Министерството Драган Симоновски.
Од Соравија велат дека уплаќањето на парите се ископлицирало кога почнале преговорите со Министерството за транспорт и врски за усогласување на купопродажниот договор.
"Во купопродажниот договор се појавија обврски кои не беа предвидени во тендерската објава. Парите не можевме да ги уплатиме зашто не успеавме во рокот да се договориме околу правата и обврските на Соравија. За Соравија беше неприфатливо да влезе во ризик поради најмалото задоцнување од неколку дена со реализацијата на проектот да остане без земјиштето и без банкарската гаранција од 500 илјади евра", објаснува Петер Рот, генерален директор на канцеларијата во Скопје.
Рот вели дека отпочнале преговори со Министерството, но пред да ги завршат разговорите, банкарската гаранција се зголемила речиси пет пати - 2,5 милиони евра и комапанијата не ги уплатила парите.
"Никогаш не беше предвидено Хилтон да го гради хотелот. Инвеститор на хотелот во Охрид требаше да биде Соравија, а откако ќе изградевме објектот кој ги задоволува хотелиерските критериуми, Хилтон ќе го превземеше управувањето. На истиот начин соработуваме со Хилтон во Виена. Соравија добива процент од добивката, како инвеститор на објектот", објаснува Рот.
Директорот на одделот за комуникации во седиштето на Хилтон во Европа Никола Мекшејн за неделникот "Капитал" изјавува:
"Хилтон моментално разгледува неколку можности за инвестирање во Европа и во моментов сме фокусирани на развивање на брендовите на Хилтон групацијата на нашите клучни пазари. Исто така ве советувам дека нашата групација нема дадено никакви најави поврзани со изградба на хотел на Охридското Езеро во Македонија", вели Мекшејн во изјавата на "Капитал.
Министерството за транспорт одговори дека на повторниот тендер очекуваат да се појават светски познати ланци на хотели кои ги исполнуваат тендерските услови.
 
Старец се обидел да силува старица во кочанско

70-годишниот Методи Димитриев од кочанското село Пресека завчера се обидел да ја силува 77-годишната Божана Јанева, додека таа го напасувала добитокот на пасиштата околу селото што се наоѓна на Осоговските Планини, соопшти денеска полицијата.
Случајот во СВР-Кочани го пријавил синот на жртвата, Томе Јанев, кој живее во населбата Оризари.
Јанева, откако починал нејзиниот сопруг, а синовите заминале да живеат во Оризари, останала сама во Пресека.
Нејзиниот соселанец, Димитриев, кој како пензионер се вратил да живее во селото, неочекувано ја нападнал, обидувајќи се да ја силува. Таа успеала да се оттргне од него и двапати го удри со овчарскиот стап, нанесувајќи му повреди.
По пријавувањето на случајот полициска екипа веднаш заминала на местото на настанот, но во Пресека не успеала да го најде напаѓачот.
Во тек се мерки и активности за целосно расветлување на случајот.


Македонец се удави на бугарското црноморје

Варна /29/07/ 14:00
Момче од Македонија на возраст од 24 години се удавило во Црното Море кај Варна.

Македонскиот државјанин од Штип бил пронајден удавен вчера околу 17:10 часот во Варна на јужната плажа пред воден тобоган, јави бугарската агенција Бгнес. Местото на несреќата го посетиле надлежните органи, а телото е пренесено на аутопсија во Судската медицина.

Момчето на 22 јули отседнало во приватно сместување во Варна
 
30.07.07

Експлозија на бомба во Штип

Експлозија на бомба во Штип, нема повредени, напаѓачите непознати. Наменета била за штипскиот бизнисмен Мики Наумов. Од експлозијата се оштетени пежото и цитроенот, сопственост на бизнисменот.

Детонацијата направила и помала штета во станот на Наумов, а испукало и стаклото на магацинскиот простор што се наоѓа на приземјето.

Многу јака детонација, чудо беше. Околу 4 часот се слушна силна експлозија, јас спиев. Едно време станав и кога излегов на терасата, немаше ништо надвор“, велат штипјани.

Според жителите на штипската населба, пред детонацијата биле истрелани и два куршума. Наумов не даде изјава, тврди дека не должи никому пари. Тој поседува акции во повеќе фирми и е човекот што ги организирал акционерите за заштита на нивните права. Смета дека мотивот е завист.

Пред дваесетина дена беа запалени и гумите на возилото на Наумов. За полицијата напаѓачите засега се непознати.
 
Виничанката била убиена во софиски стан

30.07.2007
Празна куќа во Виница. Тука живеела 24-годишната Биљана Наумова, убиена во Софија заедно со момчето од бугарскиот град Велико Трново. Нејзините најблиски заминале во Бугарија, ги чекаат резултатите од обдукцијата за да може да го земат телото на Биљана и да го погребаат во родната Виница.
Сите жалат за судбината на сограѓанката која пред пет години заминала да студира во Бугарија.
„Премногу е жално кога ќе загине толку млада девојка. Што да правиме? Нема што да се прави. Никој не може да помогне“, изјави роднина и сосед на убиената Биљана Наумова.
Избодените тела на Биљана Наумова и на нејзиното момче Емил Кушлев се најдени во изнајмениот стан во софиската населба Редута. Во саботата навечер откако не одговарале на ѕвончето и на повиците на братот на Биљана, вратата ја обил бравар.
Во станот Наумова и Кушлев лежеле во локви крв, а до нив имало ножици. Биле избодени неколкупати и потоа застрелани со огнено оружје, велат во македонската амбасада во Софија, повикувајќи се на полициски извори.
Бугарските медиуми објавуваат две верзии за убиството. Првата е дека станува збор за семејно насилство без учество на трето лице.
Но, поверојатната верзија за која е информирана и македонската амбасада е дека Наумова и Кушлев се убиени бидејќи со себе имале пари за да купат заеднички стан во бугарскиот главен град.
Најверојатно убијците ги знаеле нивните намери и затоа ги убиле и ограбиле, се претпоставките на бугарската полиција која допрва ги испитува сите овие информации.

Полицијата откри над 200 таблети – екстази

Скопје /30/07/ 17:40
Над 200 таблети – екстази откри македонската полиција во Гевгелија, при што уапси и две лица.

Наркотиците се откриени за време на претрес извршен за време на минатиот викенд во домот на едно од лицата осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

Пријавени се Н.К.(22) од Гевгелија и З.П.(22) од Богданци, на кои надлежен судија им одредил притвор од по 15 дена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom