Верувам во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Michelle Aline
  • Време на започнување Време на започнување
Верата како претпоставка на знаењето, како доверба или во религиска смисла..., е дијалектичка катергорија, зашто да не?!
Правиш грешка пријателе. Верувањето е незнаење, никогаш нема да биде знаење, ќе се викаше знаење тогаш а не вера.. Верата никогаш не може да донесе знаење. Зборувам општо, не за религиите.
 
Верата како претпоставка на знаењето, како доверба или во религиска смисла..., е дијалектичка катергорија, зашто да не?!

Еднаш некој рекол дека колку поголемо знаење, толку поголема вера.
Се мисли на знаење што ги опфаќа науката.
Сето друго, е лага насочена или кон себе си или кон другите, со некоја цел.
 
Знаењето и верата, како израз на личносно откривање, се поистоветуваат.
 
Знаењето и верата, како израз на личносно откривање, се поистоветуваат.

Каква е релацијата која ги поврзува?

Верата е како катализатор, знаењето е погонското гориво. Или различно размислуваш?
 
Знаењето и верата, како израз на личносно откривање, се поистоветуваат.
Нема врска... ова е само една излитена надувана фраза која нема ни тронка вистина во нејзе...
Никогаш знаењето и верата не се поистоветуваат!
 
Каква е релацијата која ги поврзува?

Верата е како катализатор, знаењето е погонското гориво. Или различно размислуваш?
Релацијата е личносна, т.е. во односот меѓу личностите слободно се открива, изразува знаењето и верата, и било која содржина што личноста ја креира.
Во овој контекст, слично размислувам.
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:08 ---
Нема врска... ова е само една излитена надувана фраза која нема ни тронка вистина во нејзе...
Никогаш знаењето и верата не се поистоветуваат!
Не е фраза, напротив егзистенција, начин на постоење, во овој контекст се поистоветуваат, како израз на две, повеќе личности, кои меѓу себе се во взаемен, слободен однос.
Ти си во право кога е во контекст на интелектуалноста.
 
Каква е релацијата која ги поврзува?

Верата е како катализатор, знаењето е погонското гориво. Или различно размислуваш?

Преку верата-знам.
Преку верата-разбирам.

А релацијата се состои и во личниот духовен опит.
 
Преку верата-знам.
Преку верата-разбирам.

А релацијата се состои и во личниот духовен опит.


Поздрав друже:) Одамна те нема.

Ваљда преку знаењето знам, а преку верата барам се повеќе знаење или така некако.

Не би требало да е вера = знаење.
 
Верата никогаш не може да донесе знаење.

Јааааа..

Е ми, то му доваѓа исто, како што и овосветовното знаење, самото од себе, не може да создаде вера како категорија на духот а не на умот...

Што е уште полошо, овосветовното знаење се прима со вера а не со личен опит, понајмалку со личен духовен опит, туку со „онаа„ познатата: „...тоа е така, затоа што така ме учеа во школо и оти така пишува во тој и тој учебник....„.
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:21 ---
Не би требало да е вера = знаење.

Звучи “блесаво„, ама во право си за поставенава равенка...:D..верата е и знаење, но и доверба во оној од кого потекнува верата.
 
Звучи “блесаво„, ама во право си за поставенава равенка...:D..верата е и знаење, но и доверба во оној од кого потекнува верата.

Се слагам верата е апсолутно доверба во оној или она од каде потекнува истата.

Ама како да ј аизрамниме со знаењето. Биди подетален околу ова размислување.

Можеме да кажеме можда дека се во нераскинлива врска, ама дека се еднакви?
 
Не е фраза, напротив егзистенција, начин на постоење, во овој контекст се поистоветуваат, како израз на две, повеќе личности, кои меѓу себе се во взаемен, слободен однос.
Ти си во право кога е во контекст на интелектуалноста.
Другарче, вера е вера без разлика интелектуална, неинтелектуална, световна, духовна...
Без разлика дали е вера во бог, вонземјани, еднорози, биг-бенг......што и да е.
Ти кажав дека верата не е знаење, ако верување постои, нема знаење, нештото е непознато и затоа веруваш, а јас не верувам. Ако нештото е знаење тогаш ќе го нема ни твоето верување ни моето неверување.
 
ама дека се еднакви?

Не се еднакви, туку се „повикуваат„ една на друга...

Затоа и велиме: преку верата-знам, и преку верата-разбирам.
Ако ја исклучам верата, знаењето би се свело на чисто механичко примање непроверени и непроверливи информации.
 
Правиш грешка пријателе. Верувањето е незнаење, никогаш нема да биде знаење, ќе се викаше знаење тогаш а не вера.. Верата никогаш не може да донесе знаење. Зборувам општо, не за религиите.

Мислам дека целат на друго значење на поимот вера, не она религиското.

Односно мора да имаш верба, во најмала рака во своите квалитети и способности, за да се стекнеш со нови предизвици кои би те донеле до нови знаења.
Валда у овој контекст нешто.

Тука секако е плус верата во Бог, како дополнителен катализатор во барањето знаење.

Јас некако така ги разбрав:) Ако грешам ќе ме поправат.
--- надополнето: 26 април 2012 во 15:34 ---
Не се еднакви, туку се „повикуваат„ една на друга...

Затоа и велиме: преку верата-знам, и преку верата-разбирам.

Се повикуваат, или се потребни една на друга. Погоре објаснив како јас сметам дека е вашето толкување на оваа работа. Односно верата е катализатор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom