Бигорски што има, ни Света Гора нема
		
		
	
	
Резбите во овој манастир, архиерејскиот трон и игуменскиот стол изработени од македонски копаничари се резбарски дела какви што не се среќаваат ниту во светогорските манастири. Сцената "Танцот на Салома" на иконостасот во "Св. Јован Бигорски", е нешто што, исто така, го нема на Света Гора", се вели во книгата 
Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата, (18 и 19 век) со своите богати содржини, архитектурата, фрескоживописот, иконите и резбата, кои ги поседуваат, претставуваат вистински предизвик за истражувачите на културното наследство. Според д-р Димитар Ќорнаков, "тие се сведоштво за високите дострели на македонските гении-градители, зографи и резбари-копаничари". 
Токму за најимпресивните македонски соборни храмови и тоа 14 на број, во монографијата промовирана во Матица, зборува авторот Ќорнаков. 
"Сцената "Танцот на Салома" на иконостасот во најголемото и најзначајното светилиште од времето на преродбата - манастирот "Св. Јован Бигорски", е нешто што го нема ниту на иконостасите на Света Гора. На неа е претставена Салома во мијачка носија - вита млада девојка, која под ударот на тапанот и звуците на зурлите, ќе заигра пред царот Ирод на гозбата, со отсечената глава на св. Јован. А мијачките копаничари токму на Света Гора го учеле резбарството во резбарските работилници на италокритските и венецијански мајстори-резбари", посочува во воведниот дел авторот, историчар на уметноста, кој на двапати во 1984-та и 1987 година престојувал на Света Гора (Атос) каде ги проучувал резбаните иконостаси во повеќето светогорски манастири.
Тој истакнува дека во време на преродбата на македонскиот народ Мијаците спаѓаат меѓу првите преродбеници. Стожер и главен светилник на Мијаците од Реканскиот крај бил манастирот Бигорски. Таму, како што е цитирано во монографијата,
"Мијаците го добивале првото и основно образование. Божјата служба во него секогаш се служела на словенски јазик, а ова е и единствениот крај во Македонија каде не се помни дека се читало и пишувало на грчки јазик. Манастирот Бигорски отсекогаш бил во рацете на Мијаците и сиот македонски народ. Резбите во овој манастир, иконостасот, архиерејскиот трон и игуменскиот стол, изработени од македонски копаничари се резбарски дела какви што не се среќаваат ниту на Света Гора" се вели во книгата. 
На иконостасот, амвонот, архиерејскиот трон, балдахинот, царските двери, целиванијата, певниците... изработени од вредните македонски копаничари се восхитувале и во Нордискиот музеј во Стокхолм во 1980 каде што ги нарекле "големите уметнички дела на еден мал народ, пред кои застанува здивот на посетителот на храмот".
Со факти и фотографии за најимпозантните храмови
Во монографијата на едно место со факти и фотографии се раскажува историјата на најимпозантните македонски соборни храмови, меѓу кои Св. Богородица Скопје, Св. Пантелејмон-Велес, Св. Никола - Куманово, Св. Илија - Стар Дојран, Св. Димитриј - Битола, Св. Ѓорѓија - Струга, Св. Ѓорѓи - Лазарополе, Св. Јоаким Осоговски - Крива Паланка, Св. Јован Бигорски...
Претставен е и манастирот Зограф на Света Гора подигнат од тројца браќа охриѓани Мојсес, Арон и Јован. 
Таа раскажува и за сите македонски градители, зографи и копаничари, за еснафи, мецени и преродбеници од Македонија заслужни за создавање на македонската национална култура.
http://sitel.com.mk/mk/bigorski-shto-ima-ni-sveta-gora-nema
[DOUBLEPOST=1392924062][/DOUBLEPOST]ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ
Исламска организација ќе ги казнува муслиманите што ќе живеат на Марс: „Нема морална причина за тоа“
Општата администрација за исламски прашања и заоставштина (ГАИАЕ) од Обединетите Арапски Емирати ги предупредила муслиманите да не заминуваат за Марс бидејќи „тоа претставува реален ризик по животот“, пренесува 
Дејли мејл.
ГАИАЕ истакнале дека секој што ќе се реши да замине на толку „опасен пат“ ќе умре без „правилна причина“ и ќе биде изложен на „сличната казна предвидена за самоубиство“.
Дејли мејл истакнува дека фатвата најверојатно била објавена како одговор на минатогодишниот предлог на холандската компанија Марс уан во 2022 на пат во „еден правец“ кон црвената планета да испрати четири лица.
„Таквите заминувања во еден правец претставуваат ризик врз животот и не може да бидат оправдани во исламот“, се истакнува во фатвата.
Досега повеќе од 200.000 луѓе се пријавиле за заминување во еднонасочната мисија на Марс.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/islams...ite-muslimani-shto-kje-zhiveat-na-mars-zashto[DOUBLEPOST=1392924110][/DOUBLEPOST]
ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА
Египет загрижен поради исламистичката закана против туристите 
Египетската Влада вчера потврди дека е загрижена од заканата на исламистичките милитантни групи, против странските туристи и туристичката индустрија на Египет, која е од витално значење за домашната економија. Премиерот Хазем Беблеви изјави дека исламистите во реонот на Синај станаа "сериозна закана" за странските туристи во овој дел од земјата. Изјавата на Беблеви доаѓа по ултимативната закана на милитантната група Ансар Беитал ал-Макдис, испратена преку Твитер, "сите странски туристи да си заминат од Египет". Во заканувачката порака се вели дека сите туристи мора, до денес, четврток, да ја напуштат земјата, или ќе бидат соочени со напади.
Но, со посебно соопштение, групата ги демантираше заканите објавени на Твитер, тврдејќи дека пораката не е нејзина. Во Каиро се вели дека се испитува веродостојноста на заканата на интернет, но на странските туроператори им се дадени гаранции, дека египетските власти имаат преземено дополнителни безбедносни мерки за заштита на странските туристи во Шарм ел Шеик, на синајскиот брег. Во тој дел на Синајскиот Полуостров по падот на претседателот Хосни Мубарак, беа извршени повеќе киднапирања на странски туристи кои подоцна беа ослободувани. 
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3FC2D115FF8F6C40A8419FF9B3819E77[DOUBLEPOST=1392924184][/DOUBLEPOST]
Исламисти убија 47 лица во Нигерија
Вооружени лица од нигериската исламистичка група Боко Харам убија вчера 47 лица во напад врз североисточниот град Бама, соопшти полицијата.
Полицискиот комесар од државата Борно го потврди бројот на загинатите.
Тоа е еден од неколкуте крвави напади на екстремистите оваа седмица. Во неделата најмалку сто лица, претежно христијани беа убиени од исламисти во едно село на североистокот на Нигерија.
http://a1on.mk/wordpress/archives/285956