Верски вести III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Бигорски што има, ни Света Гора нема


bigorski-2.jpg


Резбите во овој манастир, архиерејскиот трон и игуменскиот стол изработени од македонски копаничари се резбарски дела какви што не се среќаваат ниту во светогорските манастири. Сцената "Танцот на Салома" на иконостасот во "Св. Јован Бигорски", е нешто што, исто така, го нема на Света Гора", се вели во книгата

Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата, (18 и 19 век) со своите богати содржини, архитектурата, фрескоживописот, иконите и резбата, кои ги поседуваат, претставуваат вистински предизвик за истражувачите на културното наследство. Според д-р Димитар Ќорнаков, "тие се сведоштво за високите дострели на македонските гении-градители, зографи и резбари-копаничари".

Токму за најимпресивните македонски соборни храмови и тоа 14 на број, во монографијата промовирана во Матица, зборува авторот Ќорнаков.

"Сцената "Танцот на Салома" на иконостасот во најголемото и најзначајното светилиште од времето на преродбата - манастирот "Св. Јован Бигорски", е нешто што го нема ниту на иконостасите на Света Гора. На неа е претставена Салома во мијачка носија - вита млада девојка, која под ударот на тапанот и звуците на зурлите, ќе заигра пред царот Ирод на гозбата, со отсечената глава на св. Јован. А мијачките копаничари токму на Света Гора го учеле резбарството во резбарските работилници на италокритските и венецијански мајстори-резбари", посочува во воведниот дел авторот, историчар на уметноста, кој на двапати во 1984-та и 1987 година престојувал на Света Гора (Атос) каде ги проучувал резбаните иконостаси во повеќето светогорски манастири.

Тој истакнува дека во време на преродбата на македонскиот народ Мијаците спаѓаат меѓу првите преродбеници. Стожер и главен светилник на Мијаците од Реканскиот крај бил манастирот Бигорски. Таму, како што е цитирано во монографијата,

"Мијаците го добивале првото и основно образование. Божјата служба во него секогаш се служела на словенски јазик, а ова е и единствениот крај во Македонија каде не се помни дека се читало и пишувало на грчки јазик. Манастирот Бигорски отсекогаш бил во рацете на Мијаците и сиот македонски народ. Резбите во овој манастир, иконостасот, архиерејскиот трон и игуменскиот стол, изработени од македонски копаничари се резбарски дела какви што не се среќаваат ниту на Света Гора" се вели во книгата.

На иконостасот, амвонот, архиерејскиот трон, балдахинот, царските двери, целиванијата, певниците... изработени од вредните македонски копаничари се восхитувале и во Нордискиот музеј во Стокхолм во 1980 каде што ги нарекле "големите уметнички дела на еден мал народ, пред кои застанува здивот на посетителот на храмот".

Со факти и фотографии за најимпозантните храмови

Во монографијата на едно место со факти и фотографии се раскажува историјата на најимпозантните македонски соборни храмови, меѓу кои Св. Богородица Скопје, Св. Пантелејмон-Велес, Св. Никола - Куманово, Св. Илија - Стар Дојран, Св. Димитриј - Битола, Св. Ѓорѓија - Струга, Св. Ѓорѓи - Лазарополе, Св. Јоаким Осоговски - Крива Паланка, Св. Јован Бигорски...

Претставен е и манастирот Зограф на Света Гора подигнат од тројца браќа охриѓани Мојсес, Арон и Јован.

Таа раскажува и за сите македонски градители, зографи и копаничари, за еснафи, мецени и преродбеници од Македонија заслужни за создавање на македонската национална култура.
http://sitel.com.mk/mk/bigorski-shto-ima-ni-sveta-gora-nema




[DOUBLEPOST=1392924062][/DOUBLEPOST]ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Исламска организација ќе ги казнува муслиманите што ќе живеат на Марс: „Нема морална причина за тоа“

Општата администрација за исламски прашања и заоставштина (ГАИАЕ) од Обединетите Арапски Емирати ги предупредила муслиманите да не заминуваат за Марс бидејќи „тоа претставува реален ризик по животот“, пренесува Дејли мејл.


mkd-109013.jpg

ГАИАЕ истакнале дека секој што ќе се реши да замине на толку „опасен пат“ ќе умре без „правилна причина“ и ќе биде изложен на „сличната казна предвидена за самоубиство“.

Дејли мејл истакнува дека фатвата најверојатно била објавена како одговор на минатогодишниот предлог на холандската компанија Марс уан во 2022 на пат во „еден правец“ кон црвената планета да испрати четири лица.

„Таквите заминувања во еден правец претставуваат ризик врз животот и не може да бидат оправдани во исламот“, се истакнува во фатвата.

Досега повеќе од 200.000 луѓе се пријавиле за заминување во еднонасочната мисија на Марс.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/islams...ite-muslimani-shto-kje-zhiveat-na-mars-zashto[DOUBLEPOST=1392924110][/DOUBLEPOST]ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

Египет загрижен поради исламистичката закана против туристите

BBBD808C867B6444A9C50BC54C8D89EA.jpg
Египетската Влада вчера потврди дека е загрижена од заканата на исламистичките милитантни групи, против странските туристи и туристичката индустрија на Египет, која е од витално значење за домашната економија. Премиерот Хазем Беблеви изјави дека исламистите во реонот на Синај станаа "сериозна закана" за странските туристи во овој дел од земјата. Изјавата на Беблеви доаѓа по ултимативната закана на милитантната група Ансар Беитал ал-Макдис, испратена преку Твитер, "сите странски туристи да си заминат од Египет". Во заканувачката порака се вели дека сите туристи мора, до денес, четврток, да ја напуштат земјата, или ќе бидат соочени со напади.
Но, со посебно соопштение, групата ги демантираше заканите објавени на Твитер, тврдејќи дека пораката не е нејзина. Во Каиро се вели дека се испитува веродостојноста на заканата на интернет, но на странските туроператори им се дадени гаранции, дека египетските власти имаат преземено дополнителни безбедносни мерки за заштита на странските туристи во Шарм ел Шеик, на синајскиот брег. Во тој дел на Синајскиот Полуостров по падот на претседателот Хосни Мубарак, беа извршени повеќе киднапирања на странски туристи кои подоцна беа ослободувани.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3FC2D115FF8F6C40A8419FF9B3819E77[DOUBLEPOST=1392924184][/DOUBLEPOST]Исламисти убија 47 лица во Нигерија

Вооружени лица од нигериската исламистичка група Боко Харам убија вчера 47 лица во напад врз североисточниот град Бама, соопшти полицијата.

Полицискиот комесар од државата Борно го потврди бројот на загинатите.

Тоа е еден од неколкуте крвави напади на екстремистите оваа седмица. Во неделата најмалку сто лица, претежно христијани беа убиени од исламисти во едно село на североистокот на Нигерија.
http://a1on.mk/wordpress/archives/285956
 
Последно уредено:
Maya Wallace и нејзиниот пат до исламот!!
интервју во Presstv
Mā shāʼ Allāh
 
само во совршениот ислам, имаат ваква “заштита“ и “праведност“ муслиманките и останатите


1.02.2014, 16:24
СУДАН ОСУДИ СИЛУВАНА ТРУДНИЦА ЗА НЕМОРАЛНОСТ

СУДАН (Би-Би-Си) - Етиопјанка која тврди дека била жртва на групно силување во Судан, беше осудена за неморалност. Осумнаесетгодишната жена била во третиот месец од бременоста кога се случил наводниот напад. Беше уапсена откако на социјалните мрежи се рашири видеоснимка на која е фатено наводното силување. Тројцата мажи кои признаа дека имале секс со жената и двајцата кои ја објавиле видеоснимката наводно се осудени на камшикување.

DA1E0B4BF8A12F40A48639B27EBBCB44.jpg


Тројцата добија казна од 100 камшици за прељуба, а двајцата по 40 за ширење неморален материјал, објави групата за заштита на правата на жените Стратешка иницијатива за жени на Рогот на Африка (СИХА).Жената е осудена на еден месец затворска казна, но отслужувањето ќе биде одложено бидејќи е бремена, изјави нејзината адвокатка Самија ал-Хашми. _ беше изречена и парична казна од 880 долари. Жената исто така се соочуваше и со обвиненија за прељуба и проституција за кои можеше да биде осудена на смрт со каменување, но овие обвиненија беа отфрлени откако успеа да го убеди судот дека е разведена, соопшти СИХА

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=BF95CA99034AED4BBA31990706ABBB3D[DOUBLEPOST=1393021094][/DOUBLEPOST]http://republika.mk/?p=206733[DOUBLEPOST=1393021140][/DOUBLEPOST]Секс скандал во Бугарската црква: Епископ „оргијал“ со четири жени, па си ја снимал „журката“!

http://taratur.com/seks-skandal-vo-...al-so-chetiri-zheni-pa-si-ja-snimal-zhurkata/
[DOUBLEPOST=1393022056][/DOUBLEPOST]21.02.2014, 15:02
ОТКРИЕНИ КРАДЦИТЕ ВО ЦРКВИТЕ ВО ТЕТОВСКО

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=34CAAB0F2EF5F14DB28827A8C988DD8C
 
Последно уредено:
ФОТО: Реисот Реџепи објави фотографии од својот малолетен внук со пиштол во рака


Муслимански верници реагирале до редакцијата на Денешен, поради однесувањето на поглаварот на Исламската верска заедница Реисот Сулејман Реџепи, кој на својот Фејсбук профил објавил слики од својот внук со оружје во рака.

На верниците не им е јасно како успеал да добие дозвола за толкав арсенал на оружје, и дали доколку нема дозвола, за него важат законите за забрана за носење и поседување на оружје.

Верниците прашуваат и како може еден верски лидер да ги учи своите деца уште од мали години да ракуваат со оружје.

-Малиот Сулејман Реџепи тренира со револвер во рака во Жеден на врвот на орелот. Алах да му даде здравје, бериќет, просперитет и иднина, напишал Реџепи под сликите кои ги објавил.


DETE-PISTOL2-354X630.JPG

DETE-PISTOL1-434X630.JPG

Category:

http://www.press24.mk/node/70764
[DOUBLEPOST=1393110378][/DOUBLEPOST]Ниту починатите во Брњанци немаат мир


Починатите во скопско село Брњанци ниту на денешна задушница не наоѓаат мир. Веќе неколку години во селото некој ги крши надгробните плочи и гробовите. Селаните велат тоа се случува кога има погреб или пред некој празник.

74750.jpg
Камерата на 24 Вести забележа дека и денеска неколку семејствата послужиле храна и запалиле свеќи на нови но искршени гробови.

Иако е запознаен со случувањата, од градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски жителите добиле само ветување дека ќе се превземе нешто. Помош не добиле ниту од полицијата која им рекла дека може само да патролира до гробиштата.

Но тоа не е единствениот проблем на кој се жалат селаните. Велат неможат да ја пасат стоката, но стравуваат и за животите. Пред некој ден од група Албанци било било претепано момче од 20 години. Жителите сметаат дека во Брњанци не е безбедно да се живее. Стравуваат дека случувањата во селото имаат една цел - иселување на македонските граѓани како од Арачиново.

Во ваквите случувања иселување на македонското население препознава и Стојанче Ангелов од кој селаните побарале помош.

Во селото живеат околу 450 жители. Тие останаа во своите куќи и по 2001 година, но денес се пред ново искушение. Велат дека доколку државата не им помогне нема уште долго да останат во селото бидејќи многу нивни соселани веќе масовно ги продаваат своите имоти.

http://24vesti.mk/nitu-pochinatite-vo-brnjanci-nemaat-mir
 
се пријави во војска само заради тоа да убива муслимани, но на крајот заврши во исламот!
 
24 февруари 2014 - 09:51
Бомбаш самоубиец го уби лидерот на исламистичките бунтовници во Сирија
http://makfax.com.mk/329969/bombash_samoubiec_go_ubi_liderot_na_islamistichkite_buntovnici_vo_sirija
[DOUBLEPOST=1393264020][/DOUBLEPOST]
се пријави во војска само заради тоа да убива муслимани, но на крајот заврши во исламот!
ова е македонски форум и се пишува и објавува на македонскки
овде не важи срамковниот
[DOUBLEPOST=1393264456][/DOUBLEPOST]МАКЕДОНИЈА | 24. FEBRUARY 2014 - 15:32
Кратово го славеше светецот Св.Ѓорѓи Кратовски


Денес го славиме свети Ѓорѓи, постојаниот молитвеник на кратовци пред Бога. Да го следиме примерот на св.Ѓорѓи за тоа како се чува и се сведочи верата. Со овие зборови им се обрати владиката кумановско-осоговски Јосиф, на насобраниот боговерен народ на прославата на патрониот празник на Општина Кратово.

kratovo-panorama.jpg


Празнувањето започна во утринските часови со богослужба во црквата која го носи името на овој млад новомаченик и заштитник на златарскиот еснаф. Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев“, кој беше претесен да ги прими многуте гости од земјава, но и од соседна Бугарија. Се виеше оро, се даруваше крв, а се собираа и донации за опожареното семејство Николовски.

-Градот Кратово ја имаше таа чест во него да се роди и да израсне ова момче, кое на целиот христијански свет му покажа како се чува верата Господова. По цена на својот живот, не отстапи и не ја смени верата и тоа е пример за сите нас како треба да ја чуваме верата и да ја пренесуваме на следните генерации. Следната година се навршуваат 500 години од неговата смрт и сигурно дека и ние, и православната црква и Министерството за култура ќе направиме напори за една манифестација која ќе биде достојна за да го одбележиме ликот и делото на свети Ѓорѓи Кратовски, кој сите нас не задолжи – истакна Мите Андоновски, градоначалникот на Кратово.

Животот на светецот траеше кратко, но споменот за него ќе трае вечно, порачаа неговите сограѓани, во исчекување на големата централна манифестација која догодина ќе се случува по повод 500 години од неговата маченичка смрт.

http://www.sitel.com.mk/mk/kratovo-go-slaveshe-svetecot-svgjorgji-kratovski
 
Последно уредено:
ПРИПАДНИЦИ НА БОКО ХАРАМ УБИЛЕ 29 УЧЕНИЦИ
boko_haram513.jpg

Вооружени припадници на исламистичката група Боко Харам убиле 29 ученици, кога упаднале во интернат на едно училиште на североистокот на Нигерија.

Многу ученици настрадале во пожар, бидејќи училиштето во било запалено и во целост изгорело, соопштија нигериски полициски и воени органи.

Нападнато е средното училиште „Буни Јади“ во близина на Даматуру, главниот град на нигериската сојузна држава Јобе.

- Сите настрадани се машки ученици, додека девојчињата биле поштедени, соопшти полицискиот комесар Сануси Руфаи.

Движењето Боко Харам, чиј назив значи „Западното образование е грешно“ и кое се бори за создавање исламистичка држава, претставува најголема закана за безбедноста на Нигерија, а во неговите напади во текот на последните 4,5 години погинааа илјадници лица.

Во јуни минатата година во напад на Боко Харам врз училиште во селото Мамудо погинаа 22 ученици. Во минатонеделниот напад бунтовниците со земја срамнија едно село, убивајќи 200 негови жители.

Офанзивата, која од мај минатата година, ја нареди нигерискиот претседател Гудлак Џонатан не успеа да го уништи бунтовничкото движење, туку само доведе до уште пожестоки репреси врз цивилното население.


http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=5&item=35281[DOUBLEPOST=1393348969][/DOUBLEPOST]Судири меѓу полицијата и демонстранти кај џамијата Ал Акса во Ерусалим

http://brif.mk/?p=131528&utm_source...e%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%82-2
[DOUBLEPOST=1393349253][/DOUBLEPOST]Црквата во Романија потрошила 18 милиони евра за помош на народот

http://denesen.mk/web/2014/02/25/crkvata-vo-romanija-potrosila-18-milioni-evra-pomos-za-narodot/
[DOUBLEPOST=1393349288][/DOUBLEPOST]Над 700 илјади лица му се поклонија на преподобниот старец Гавриил

http://denesen.mk/web/2014/02/25/nad-700-iljadi-luca-mu-s-epoklonija-na-preodobniot-starec-gavril/
 
Последно уредено:
Муслиман кој премина во православие - се вратив на корените од пред пет века


395036022502c2f.jpg


Махмут Бушатлија, угледен белградски економист потврди за „Вести“ дека се вратил во православието, по 500 години, од кога неговото семејство поминало во исламската вероисповед.

-Им се вратив на корените од пред пет века, колку што беше исламизирано моето семејство. Не мислам дека тоа е нешто необично, бидејќи се вратив таму каде што порано припаѓав, изјави Бушатлија, еден од најпознатите економски експерти за странски инвестиции во Србија.

Потомокот на Скендер бег Црнојевиќ и Махмут паша Бушатлија се врати во праволавната вера на 15 февруари. Тој, како што е соопштено од Митрополијата црногорска -приморска, на крштевањето го добил името Станко, а светиот чин бил извршен во цетињската црква на Чипур, на гробот на Иван Црнојевиќ. Крштевањето го извршил секретарот на ЕУО Митрополијата црногорска приморска, архиерејскиот фотопрезвитер, Обрен Јовановиќ.

„Кум ми беше митрополитот црногорски – приморски Амфилохие. Инаку бев и останав комунист и голем поданик на идеалот на француската револуција и париската комуна, чија идеја е слична на христијанството“, вели доктор Бушатлија.

Регион
26.02.2014 - 00:59

http://press24.mk/musliman-koj-premina-vo-pravoslavie-se-vrativ-na-korenite-od-pred-pet-veka
[DOUBLEPOST=1393379491][/DOUBLEPOST]http://www.sandzaklive.rs/index.php...o-se-jede-svinjsko-meso-i-slavi-svetog-nikolu

http://etleboro.org/sr/!/!/13283503

дај боже што повеке вакви исламизирани да си се вратат на вистинската религија
 
Кети Пери со новиот спот ги разгневи муслиманите!
Причината за ова е привезокот околу вратот на еден од ликовите од најновиот спот на пејачката на кој е изгравирано на арапски "Алах".
Во ова видео, поставено во древниот Египет, Пери е прикажана како кралица на која и приоѓаат момчиња и и' принесуваат поклони изразувајќи восхит. Но кралицата Кети Пери, очигледно не е задоволна од поклоните, па еден по еден несреќниците ги погодува со молња и ги претвора во песок. Контроверзниот привезок најдобро може да се види на 1.15 минута од видеото, непосредно пред претворањето на првиот несреќник во песок.
http://tocka.com.mk/4/119993/keti-peri-so-noviot-spot-gi-razgnevi-muslimanite
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom