Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
претеравте со офтопици и прекршување на правилата на темава ... !
 
Петок, 05 Октомври 2012 09:28

Радикалниот исламист Омар Бакри предупреди за терористички напади на Бугарија, Романија, Србија и други земји во регионот. Тој вели дека „тие територии му припаѓаат на Исламот“.

bakri.jpg-500.jpg

Бакри за бугарското „24-часа“ рече дека „Кога Исламот ќе влезе на некоја територија, таа станува исламска, па затоа Исламот е обврзан кога-тогаш истата да ја ослободи“.
Во своите „муслумански територии“ тој ја набројува и Македонија.
-Шпанија е на пример муслиманска територија. Источна Европа исто така. Романија, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Босна...Но заради случувањата во Авганистан и Ирак, како и поради воената соработка со Израел исто така и Бугарија е легитимна мета, рече Бакри.
Тој е радикален исламистички лидер со потекло од Сирија, со цврсти врски со Ал Каеда. Бакри 20 години живеел во Лондон, но после атентатот во 2005 година се преселил во Либан, по што му беше забрането враќањето во Велика Британија.
Романскиот министер за надворешни работи ги коментираше изјавите на Бакри и во изјава за медиумите рече дека Романија пред се е христијанска земја и дека не планира да коментира вакви изјави кои немаат врска со реалноста.
 
Охрид, 6. октомври 2012 (ИНПРЕС)
извор: Миа фото: архива
Верата е она што не одржа низ вековите и она што сега му дава квалитет и смисла на човековите животи и перспективите за иднината. Свесни сме за реалноста, за одговорноста. Тоа што ќе го оставиме зад нас, ќе им остане на генерациите по нас.
3091253FEB91AB4B8DA597B12B405AFB.jpg

- Во време на своевидна ерозија на моралните и духовните вредности, во свет обременет со економска криза, конфликти и нестабилност, духовното е она што му е потребно на современиот човек, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на Свечената академија посветена на одбележувањето на јубилејот 45-години од возобновувањето на Охридската архиепископија што се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, јави Миа.
- Прославуваме 45 години, светол јубилеј што зборува за искрената и длабока посветеност на православниот македонски народ кон својата црква, истакна Иванов.
Потсетувајќи дека Охридската архиепископија, олицетворена во Македонската православна црква низ своето постоење се соочувала и денес се соочува со премрежја невидени за една апостолска црква, претседателот Иванов рече дека токму во Охрид, на Третиот црковен собир одржан во 1967 година беше возобновено она што два века порано било силно оспорувано, потискувано, осудувано.
- Црквата не е само место за религиозни обреди, туку духовен простор за искрена вера во Бога. Црквата се и храмовите, уметноста и писменоста, но пред се тука се верниците... Тоа е место каде човек се надградува, духовно, етички и просветено, каде верникот го учи златното правило дека треба да се однесува кон другите како што сака другите да се однесуваат кон него - со почит, добра мисла и љубов, рече Иванов.
Поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан истакна дека иако обновувањето на Охридската архипепископија како спасоносен чин за еден православен народ денес е лошо разбран и отфрлен како злодело и најголем грев, тој за македонскиот народ, македонските православни христијани и повеќето православни цркви е реалност што е во согласност со сите правила. (Крај)
 
ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ ВЛЕГОА ВО ДВОРОТ НА МЕСЏИД-И АКСА
Израелски војници интервенираа врз десетици Палестинци кои во знак на протест против минатонеделниот обид на екстремните евреи да одржат верски обред во џамијата Месџид-и Акса се собраа пред влезот на џамијата.
700c21bd-1b67-4e88-9e02-7d100b3e75d6-444x333.jpg



yaziKucult.png
yaziBuyut.png
Posted 06.10.2012 09:40:00 UTC

Updated 06.10.2012 09:40:00 UTC

Израелски војници под изговор да го задушат протестот на Палестинците влегоа во дворот на џамијата Месџид-и Акса во Ерусалим, која е едно од светите исламски места.
Притоа дојде до судир помеѓу израелските војници и Палестинците и дворот на џамијата се преобрази во бојно поле.
Палестинците вчера по петочниот намаз протестираа против минатонеделниот обид на екстремните евреи да одржат верски обред во џамијата Месџид-и Акса.
Израелски војници интервенираа врз десетици Палестинци кои се собраа пред влезот на Месџид-и Акса.
Притоа беа приведени голем број Палестинци, а во судирите до кои дојде беа повредени и две лица.
Инаку, посетата на џамијата Месџид-и Акса во 2000 година од страна на тогашниот израелски премиер Ариел Шарон беше причина за започнување на втората интифада на палестинските територии.

--- надополнето: 9 октомври 2012 во 20:20 ---
ИХСАНОГЛУ ГО ОСУДИ ИЗРАЕЛСКИОТ УПАД ВО ДВОРОТ НА МЕСЏИД-И АКСА
Генералниот секретар на Организацијата Екмеледдин Ихсаноглу го сподели истото мислење со Махмуд Абас по прашањето на преземање заеднички итни мерки против израелските напади врз Месџид-и Акса.
5938e265-7e94-4967-b9ea-d867105c2488-444x333.jpg



yaziKucult.png
yaziBuyut.png
Posted 08.10.2012 08:46:07 UTC

Updated 08.10.2012 08:46:07 UTC

Реакција против упадот на израелската полиција во дворот на џамијата Месџид-и Акса во Ерусалим во петокот, пристигна и од Организацијата за исламска соработка.
Генералниот секретар на Организацијата Екмеледдин Ихсаноглу го осуди случајот и истакна дека го споделуваат истото мислење со лидерот на палестинската управа Махмуд Абас по прашањето на преземање заеднички итни мерки против израелските напади врз Месџид-и Акса.
Привлекувајќи внимание кон тоа дека растат непријателските ставови против џамиите, Ихсаноглу побара од муслиманите да бидат внимателни.
Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Екмеледдин Ихсаноглу исто така ги повика ОН, УНЕСКО и сите земји членки на светската организација да го направат она што им претстои за спречување на овие видови напади и за зголемување на тензијата во регионот од страна на Израел.

--- надополнето: 9 октомври 2012 во 20:21 ---
18 МЕСЕЦИ КАЗНА ЗАТВОР ЗА СОБАРОТ НА ПАПАТА

Габриеле себеси не се смета за крадец и документите ги украл поради големата љубов кон црквата
37e33082-65e4-4573-abeb-85afdb78a047-444x333.jpg



yaziKucult.png
yaziBuyut.png
Posted 07.10.2012 12:44:18 UTC

Updated 07.10.2012 12:44:18 UTC
Поранешниот собар на папата Бенедикт 16-ти осуден на 18 месеци затвор поради протекување на тајните документи во медиумите.
Јавното обвинителство бараше 3 години казна затвор за поранешниот собар Паоло Габариеле, но поради олеснителни околности, казната беше намалена.
Габриеле во изјавата за печатот рече дека себеси не се смета за крадец и дека документите ги украл поради големата љубов кон Црквата.
Габриле во истражната постапка призна дека ги украл тајните папски документи и бараше помилување од Папата. 46 годишниот Италијанец и татко на 3 деца Габриеле поради протекување на тајните документи во медиумите беше изземен од должноста.
Жандармеријата на Ватикан изминатиот мај во рамките на претресот на куќата на Габриеле пронајде копии на тајните папски документи, златни шипки и еден чек од 100 илјади евра на негово име, поради што го приведе.
Со судска одлука од 22 јули Габриле беше пуштен на условна слобода и во домашен притвор.
Аферата која во јавноста беше позната под името „Ватилеакс“ беше еден од најголемите скандали кој го потресе Ватинкан.
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 20:23 ---
ПОВИК ОД ИХСАНОГЛУ ЗА ЗДРАВ РАЗУМ И ДО ЗАПАДОТ И ДО МУСЛИМАНСКИТЕ ЗЕМЈИ

Генералниот секретар на организацијата Екмеледдин Ихсаноглу на маргините на 67-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк одговараше на прашањата на ТРТ.
4805ebc3-b7bb-466d-8f74-1e1eb0183d06-444x333.jpg



yaziKucult.png
yaziBuyut.png
Posted 30.09.2012 06:51:54 UTC

Updated 30.09.2012 06:51:54 UTC

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Екмеледдин Ихсаноглу во Њујорк ги повика на здрав разум и Западот и муслиманските земји.
Организацијата за исламска соработка располага со клучно значење пред иницијативите со навреда на светите вредности.
Генералниот секретар на организацијата Екмеледдин Ихсаноглу на маргините на 67-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк одговараше на прашањата на Турската државна радио-телевизија ТРТ.
Притоа нагласувајќи дека до лидерите со кои остварил средби во Њујорк го доставил барањето на исламскиот свет да не дојде до повторување на филмови и карикатури со навреда од овој вид, Ихсаноглу рече: „Ако погледнете кон западниот свет особено во САД се инсистира да не се поставува било каква забрана по прашањето на слободата на изразување."
Екмеледдин Ихсаноглу истакна дека по кризата со карикатурите во 2005 година во Данска Организацијата за исламска соработка започна интензивни активности за борба против исламофобијата.
Ихсаноглу потсети дека со цел да се спречи навредата на религиите беа донесени две паралелни одлуки и во Генералното собрание на ОН и во Советот за човекови права.
Нагласувајќи дека согласно овие две одлуки беа забранети активностите како што се непочитување и потсмевање со религиите, Ихсаноглу рече: „Постојат одредби во правец на преземање на правни мерки во врска со забранувањето на овие активности. Сега треба да се стават во примена овие одредби."
Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Екмеледдин Ихсаноглу се осврна и на значењето медиумите да не им придаваат место на активностите и ставовите на екстремните групи и средини, а исто така го нагласи значењето и на образованието.
 
Среда, 10 Октомври 2012 13:27​


Во антитерористичка акција на белгиската полиција денеска во Брисел се уапсени седум лица, осомничени дека и припаѓаат на една џихадистичка група, соопшти белгиското федерално обвинителство.


jihad240.jpg
Еден од приведените е белгиски државјанин, кој првично бил уапсен во август минатата година на границата на Сомалија под сомнение дека соработува со движењето Аш Шабаб - локалната фракција на Ал Каеда.

Преземената истрага утврдила дека во Брисел постои ќелија на џихадисти, кои младите муслимани ги воведувалат во екстремно религиозни учење на исламот. Целта им била локалната младина од Брисел да се испраќа на борбеното поле во Африка.
Во операцијата биле одземени електронски апарати и документи, чија анализа допрва претстои.
Пред две недели белгиските власти соопштија дека отриле група џихадисти во Брисел и во Париз. Според податоците на белгиските служби, целта на приведените била самите да се префрлат во Сомалија за водење на светата војна.
 
Не е за вести, ама како за информација е пожелно да се знае, бидејќи опфаќа верски начела кон муслиманите и евреите.

Свинско месо има во чоколадото, пастата за заби, пивото...!

Сигурни јадете чоколадни бисквити и колачи, користите паста за заби и шминки, а не знаeте дека во тие производи се наоѓа свинско месо?

Речиси 200 наjразлични производи содржат масти, ензими, желатин и други производи кои произлегуваат од лабораториите кои ги преработуваат свинските нуспроизводи.

На етикетите на прехранбените производи овие нуспроизводи обично се наведени како мистериозни Е-броеви. Многу од нив содржат емулгатори, односно засилувачи на вкус и конзерванси од свињи потекло.

Тоа не е ништо ново, но проблемот е во тоа што многу луѓе не се запознаени со тоа.

Истражувањата покажаа дека свинските нуспроизводи се наоѓаат во дури и некои гуми за џвакање, сокови, колачи ...

Тие содржат емулгатор E474, што значи дека тоа е всушност маст или пак сокови од инсекти.

Тој емулгатор се наоѓа во чипсот, смоките, млечните намази, сладоледот, печивата... Јавноста најмногу беше шокирана со фактот дека тутунската индустрија го користи хемоглобинот на свињата во филтрите на цигарите!?

- Мислам дека сето ова е многу навредливо за муслиманите, евреите и вегетаријанците, Симон Шепмен од Универзитетот во Сиднеј.

Свинска маст содржи дури и муницијата. За конзервирање на барут се користи масло со 13 отсто свинска маст.

http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/802873/index.html
 
^ Ал Каеда, рекламираш храна помината низ муслимански верски ритуал, или вест пренесуваш?


Петок, 12 Октомври 2012 10:46​


Август 2012 година беше месец на бројни напади врз христијаните од страна на радикалните исламисти. Американскиот Гејтстоун институт го објави својот редовен месечен извештај со долгата тажна листа. Продолжуваат убиствата и затворањето на христијаните во Пакистан, Сирија, Ирак, Нигерија, Египет...

krst.jpg

Египет: Џихадистичките организации оставаа летоци во кои ги повикуваат муслиманите да ги убијат христијаните каде и да ги видат. Исламистите бараа финансиите на коптската црква да се стават под државна контрола.
Многумина се редовно прогонувани од исламскиот закон за богохулство, но еден случај беше на сите насловни страни во август: 14-годишно девојче, христијанка од Пакистан, Римша Масих, беше уапсена и обвинета дека палела страници од Куранот. Муслиманските бунтовници уништуваа христијански домови и цркви, кинеа Библии, кршеа крстови и бараа смртна казна за девојчето. Оваа приказна дојде до сите главни медиуми, па распространетото осудување ги натера Пакистанците да ја ослободат, но не со поништување на законот за богохулство туку преку дупки во законот, односно со тоа што го прогласи девојчето за ментално заостанато. Исламистичкиот закон не бара казнување за богохулство за ментално заостанати лица.
Бидејќи овој инцидент предизвика насилства против христијаните во Пакистан, илјадници христијани ги напуштија своите домови и се иселија. Христијаните од соседството на Римша, вклучувајќи и жени и деца, избегаа во шумите поради страв од одмаздата на муслиманите, а други беа иселени од своите станодавци коишто се муслимани. Неколкумина христијани кои спиеја на отворено на неколку километри од владината зграда на Пакистан, решија да изградат црква и таму да престојуваат. „Ова е ничиј дом, ничија земја. Дозволете ни тука безбедно да живееме“, рече еден христијанин. Друг рече: „Сами го расчистивме местово, со голи раце, поставивме темел на мала црквичка. Иако таа е направена од гранки, тоа е свет Господов дом. Тоа треба да се почитува“.
Категоризирани се според тематиката, ова се дел од прогонствата на христијаните низ целиот свет коишто се случиле во август, подредени по тематика и азбучен ред, не според сериозноста на нападот
Џихадистички убиства и преселба на христијаните
Ирак: Карл Молер, претседател на Опен дорс, насилствата ги нарече „религиоцид“, а тие продолжуваат во нацијата којашто беше ослободена од американските војници пред една деценија. „Христијаните во градовите како Багдад и Мосул се опколени со тероризам. Масовно бегаат од таму. На 16 август беше објавено дека најмалку 20 луѓе починале во експлозиите и поради истрелите низ цела земја“. Пред падот на Садам Хусеин, Мосул беше дом на 75.000 христијани, но денес таа бројка е намалена на 25.000. Христијанските домови се палени, во колите се подметнувани бомби, некои христијански семејства добиваат писмени закани со кои им се вели дека доколку не заминат од Ирак, ќе бидат киднапирани или убиени.
Брег на слонова коска: Како дел од цивилната војна, муслиманските бунтовници „масакрираат стотици луѓе, а десетици илјади беа дислоцирани“ христијански поддржувачи. По нападот, откако домовите им беа опседнати од бунтовниците, околу 5.000 етнички христијани беа присилени да избегаат во шумите или во католичката мисија во Дукок. Тамошните свештеници пријавија дека на мисијата и се закануваат „толпи бесни луѓе“.
Мали: Околу 200.000 христијани бегаат во Алжир и Мавританија, а таму бараат прибежиште од исламистичките терористи поврзани со Ал-Каеда, коишто станаа се поактивни во северните делови.
Нигерија: Исламистичката терористичка организација, Боко харам, продолжи со џихадистичката војна со којашто сака да ја исчисти северна Нигерија од христијани. Во еден инцидент, вооружен човек уби 57-годишен евангелист од пентакосталната црква. Кога претходно му се заканувале, тој рекол: „Се оставам во рацете на Господ“.
Сирија: Околу 12.000 луѓе беа заробени во христијанскиот град Раблех од антивладините сили. Тие увија неколку луѓе кои сакаа да си заминат и одбија да донесат храна и лекови. Владините сили наводно ги ослободиле на 24 август. На христијаните им бил даден ултиматум да заминат од околните градови Кусаир и Хомс, коишто речиси и целосно се исчистени од 60.000 христијани што живееја таму. Во христијанскиот град Алепо имаше тешки борби. Бомба во кола експлодираше во христијанскиот дел од Јарамана, предградие на Дамаск, додека „толпа верници, семејства, постари луѓе, жени и деца, оделе кон гробиштата за да закопаат две млади лица коишто починале претходниот ден како жртви на насилството. Дванаесет лица од толпата починале (но некои извори велат дека биле 27), од кои пет биле деца, а повеќе од 50 биле повредени. Исто така, „едно семејство христијани од Арменија било пронајдено убиено, а сите членови од семејството биле обезглавени“.
Напади на цркви
Азербејџан: Највисоките апелациони судови ја поддржаа одлуката за затворање на црквата Грејтер грејс, „првата религиозна заедница којашто беше ликвидирана од судот по донесување на строгиот закон во 2009 година“. Црквата била регистрирана од 1993 година, таму се молеле христијаните и држеле предавања речиси 20 години. Конгрегацијата била сочинета од 500 луѓе и била една од најголемите протестантски цркви во земјата.
Индонезија: Во западна Јава се затворени уште две цркви. Прво „голем шатор“ којшто се користел за службите на црквата Св. Јоханес Батиста во Богор бил затворен од властите на 7 август. Конгрегацијата го користела шаторот од 2006 година како привремена локација додека чекале дозвола за изградба на соодветна градба, за којашто поднеле документи во 2000 година. Полицијата се заканила дека ќе го симне шаторот доколку христијаните продолжуваат да го употребуваат. Лидерот на црквата се посомневал дека тоа се должи на порастот на конгрегацијата од 500 луѓе. Втора била протестантската црква Батар Каро во Бандунг, којашто беше затворена од демонстрантите што тврдеа дека конгрегацијата се согласила да не ја користи црквата иако си ги имала сите законски документи.
Кенија: По тепачката помеѓу поддржувачите на муслиманскиот клерик којшто почина и полицијата во близина на џамијата каде што се одржувал погребот, нападната била уште една црква. Друга црква била нападната и ограбена од „вооружена толпа“ за која се верувало дека се симпатизери на терористичката организација ал-Шабаб. Еден пастор којшто бил сведок на насилството, вели дека „вооружените напаѓачи насилно влегоа во објектот и почнаа да го рушат. Тоа беше ужасна глетка, но не можев да ги сопрам затоа што можеа да ме убијат. Следниот ден верниците беа шокирани кога ја најдоа нивната црква срушена“. Во полиција било пријавено дека имало закани од муслиманите и дека тие велеле оти не сакаат неверници во таа област, но не презеле ништо. Овие напади се случија една недела откако милитантите од ал-Шабаб фрлале гранати врз црквата во Гариса, источна Кенија и отвориле оган врз верниците, убивајќи 17 луѓе, од кои 15 биле верници. И врз локалната католичка црква фрлале гранати. Повеќе од 14 цркви во Кенија биле нападнати од почетокот на април.
Нигерија: Вооружени лица поврзани со џихадистичката организација Боко харам насилно влегле во црквата Дипер лајф, каде што христијаните биле собрани за молитва, ја опколиле црквата и отвориле оган со калашников. Најмалку 19 верници биле убиени, вклучувајќи го и пасторот. Следниот ден била пронајдена неексплодирана бомба во црквата Ревајвал.
Сирија: Вооружени лица го нападнале католичкиот манастир Мар Муса, којшто потекнува од 4. век и се наоѓа во северен Дамаск. Еден калуѓер бил повреден при нападот, а вооружените лица украле се што можеле, дури и тракторите и земјоделските алатки.
Одметништво, богохулство, прозелитизам
Египет: Еден христијанин обвинет за омаловажување на исламот бил уапсен откако се поднела жалба дека поставувал лични мислења на Фејсбук, со кои го навредувал Мухамед. Навредите на исламот и пророкот се сметаат за злосторство во Египет според Член 98(ф), во кој се вели: „Затворска казна од најмалку шест месеци, а најмногу пет години, се дава на лицата коишто ја користат религијата за пропаганда, пишано или усно, екстремни идеи коишто предизвикуваат немири, исмевање и навредувања на религијата, како и за уништување на националното единство“.
Пакистан: Откако едно знаме на кое пишувало „Алах“ одлетало од дворот на еден христијанин и слетало во дворот на еден муслиман, муслиманот го обвинил христијанинот дека намерно сака да го исмева името на Алах. Ова обвинение беше искажано во локалната џамија, а поради тоа разбеснетите муслимани се заканија дека ќе ги запалат домовите на 15 христијански семејства во областа. Исто така, еден пастор којшто проповедал помеѓу муслиманите што сакале да се преобратат во христијанство, добивал закани и потоа бил киднапиран.
Танзанија: Едно 17-годишно девојче, Ева Абдула, којашто пред три години се преобратила во христијанство, била осудена на две години затворска казна затоа што била обвинета дека го сквернави Куранот. Нејзините родители се откажале од неа, а „група радикални муслимани“ се обиделе да ја убедат да се откаже од христијанството. Откако одбила, лажно ја обвиниле дека го сквернави Куранот.
Тунис: Владејачката исламистичка партија побара криминално да се казнуваат навредите на „светите вредности“. За вакво „злосторство“ се доделуваат затворски казни за разни злосторства, како на пример исмејување на „светоста на религијата“. Покрај другото, се осудуваат навреди, безобразие, исмејување на Алах и Мухамед.


Дискриминација
(Општа злоупотреба, понижување и угнетување на немуслиманите како „толерирани“ граѓани)
Египет: Џихадистичките организации оставаа летоци во кои ги повикуваат муслиманите да ги убијат христијаните каде и да ги видат. Коптите, сопственици на продавници што продаваат икони и статури, добиваа закани. Муслиманските „банди“ киднапираа христијани поради откуп. Исламистите бараа финансиите на коптската црква да се стават под државна контрола, а коптите категорично го одбија истото. Државата не ја финансира црквата, иако џамиите се финансирани од парите од даночните обврзници (помеѓу кои има и христијани). Патријархот на коптската црква рече дека тоа барање има само едно значење, односно „дека коптите се прогонувани“. Иако вети поголемо залагање за египетските копти, претседателот Мосри си го прекрши зборот и дозволи само едена жена копт да ги претставува 10-14% во новоформираниот кабинет. „Очекувавме зголемување во бројот на коптските претставници, особено откако бројот на свештенствата се покачи на 35. Но тие ги игнорираа сите права на граѓаните“, рече патријархот. „Не е во ред вака да се третираат коптите“. Откако во Египет беше предложено да се постави закон за „принудна работа, ропство, трговија со жени и дева, човечки органи и сексуални услуги“, од кој голема корист ќе имаат христијаните, особено жените, но исламистичката партија се пожали на тоа.
Иран: Според Мохабат њуз, властите покренале неосновани обвиненија против пет луѓе поради преобратување во христијанство, за да се стават под притисок и да се заплашат. Затоа и лажно ги обвинувале за сквернавење на Куранот и на неодредено време ги ставале во затвор. Иако нивната ситуација не е јасна и шест месеци по апсењето, очигледно е дека единственото злосторство што го прават христијаните е што веруваат во Исус Христос“.
Пакистан: Единаесет христијанки што учеле за медицински сестри, биле отруени со жива што им била подметната во чајот. Се верува дека биле казнети зашто пиеле чај додека нивните колеги муслимани постеле за Рамадан. Една 56-годишна жена вели дека таа и нејзиното семејство биле држени како робови и присилувани да работата без плата, а биле и измачувани и тепани. Муслиманските „газди“ и се заканувале неа и на нејзиното семејство поради обвиненија за богохулство. „Ве молиме заштитете не, не сакаме да се вратиме назад“, рекоа тие.
Саудиска Арабија: Последните 35 христијани коишто беа затворени во декември 2011 година откако биле уапсени затоа што се молеле во приватна куќа, беа депортирани дома. „Стигнавме дома безбедно. Веруваме дека сме ослободени како резултат на притисокот од судот и други институции. Саудиските власти не толерираат ниедна друга религија освен исламот. Немуслиманите ги сметаат за неверници, полни се со омраза спрема нас“, рече еден од нив.
Сирија: Неколкумина грчки католички свештеници, вклучувајќи го и надбискупот, избегаа во Либан затоа што канцелариите им беа уништени. Група луѓе коишто сакаат да започнат религиозна војна и конфликти ја нападна христијанската област во стариот дел на Алепо. Оштетени беа и еден византиски христијански музеј.
Турција: Претседателот на образовниот комитет ја обвинува француската влада дека „шири омраза“ затоа што сака да го вклучи арменискиот геноцид во книгите по историја и географија, коишто се користат во средните училишта. Арменија вели дека 1,5 милиони Арменијци беа увиени во источна Турција за време на Втората Светска Војна, а тоа го потврдуваат и историчарите.
Узбекистан: Една 26-годишна христијанка којашто од малечка останала парализирана и нејзината мајка биле насилно нападнати од шест мажи со стапови, коишто присилно влегле во нивниот дом во 4:00 часот наутро. Мажите го уништиле домот, им конфискувале икони Библии, религиозни календарчиња и книги со молитви. Откако парализираната жена се обидела да повика помош, повторно ја претепале. Сите биле однесени во полиција, а на жената „и понудиле да се преобрати во ислам“. Таа одбила, а судијата пресудил дека таа и се спротивставува на полицијата и дека дома чувале забранета литература. И двете биле казнети со парична казна во вредност од 20 минимални месечни плати.
За оваа серија
Прогонствата на христијаните од исламскиот свет достигнува максимум, ја направивме оваа листа за да се истакнат неколку, но не сите, напади коишто се случуваат секој месец. Тоа има две цели:
Да се документираат настаните на начин на којшто медиумите не можат да го направат тоа: прогонствата се по хроничен редослед.
За да се покаже дека овие прогонства не се „случајни“, туку систематски и поврзани, инспирирани од Шеријатот.
Според тоа, каква и да е целта на нападите, обично одговара на конкретна тематика којашто се темели на омраза спрема црквите и други христијански симболи; сексуална злоупотреба на христијанските жени; присилно преобратување во ислам; кражби и грабежи како финансиски придонес од немуслиманите; очекувања од христијаните да се однесуваат како граѓани од втора класа, односно како „толерирани“ граѓани; како и насилство и убиства. Некогаш се работи за комбинација од наведените работи.
Овие прогонства опфаќаат различни етнички групи, јазици и локалитети – од Мароко до Запад, од Индија до Исток, па и преку Западот каде што живеат муслимани – треба да разјасниме дека една работа ги поврзува сите прогонства: исламот. Без разлика дали станува збор за исламскиот закон Шеријат или за расистичката нација којашто се раѓа од него.
 
Значи не ја поставив таа информација за мене дали треба јас да користам халал или харам или како и да е, туку за оние кои им е потребно тоа да го знаат. Нема потреба од тоа да ми кажуваш дали за мене е корисно тоа или не.
 
Каменувана црквата Света Петка во тетовско Милетино

Текст: Макфакс
Црна Хроника | 13 октомври 2012


Засега непознати сторители ноќта меѓу четвртокот и петокот ја каменувале црквата Света Петка во тетовското село Милетино.
kamenuvana-crkvata-sveta-petka-vo-tetovsko-miletino-105009.jpg
Случајот е пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на жител на селото кој живеел во близина на црквата, која се наоѓа на излезот од Милетино.
Полициска екипа излезе на увид по што е констатирано дека непознати сторители со камења нанеле дваесеттина вдлабнатини на фасадата на црквата што неодамна била обновена, а забележително била оштетена и влезната врата на објектот.
„Полицијата изврши увид и го фотодокументира случајот, по што работи на откривање на сторителите“, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
 
Паника и масовно апсење на христијаните во Иран
Понеделник, 15 Октомври 2012 11:32
Во тек е голема операција на тајната полиција на Иран за апсење на христијаните. Точната бројка никој не може со сигурност да ја соопшти, но досега се уапсени помеѓу 100 и 400 христијани. Некои од уапсените се поранешни муслимани кои го напуштиле исламот и преминале на христијанство.
iran.jpg500.jpg

-Најмалку 100, но бројката сметаме дека достигнува и до 400 христијани се уапсени во рок од десет дена, вели Фируз Канџани, член на советот на црквата во Иран.
Тој од тајна локација за Бос њуз лајф изјави дека полицијата, којашто тој ја нарекува „иранско Гестапо“, ги прекинуваат богослужбите во Есфехан, Шираз и Техеран.
-Христијаните ги гледаат како најголеми непријатели на државата. Мора многу да се молиме, вели Канџани.
Тој вели дека најмалку пет членови на црквата во Иран се уапсени, вклучувајќи го и Мухамед Роганџир, познат како брат Вахид, којшто водеше една конгрегација од 15 луѓе.
-Загрижени сме и за сестра Роксана Форуги, ова е вторпат да биде уапсена, велат од црквата.
И други христијани се апсени, а дел од нив се Ескандар Резае, Биџан Хаџиџи, Мехди Амеруни и Шахин Лахути.
Христијаните од Иран велат дека ги носат во озлогласениот центар на иранското министерство за разузнавање.
Канџани потврди дека на 11 октомври, седум христијани добиле одложување на казните поради „помагање на националната безбедност“.
Тој рече и дека е загрижен за ситуацијата на христијаните коишто ги носат во затвор.
-Потврдено е дека ги присилуваат да кажат дека повеќе нема да одат во црква, па ги ослободуваат, вели Канџани.
Иранските власти не одговорија на ова прашање.

На 15 октомври ќе се одржи судење на петмина муслимани што се преобратиле во христијанство, а затворени се во затворот Адел-Абад пред осум месеци.
По апсењето, тие се оставени во ќелии заедно со опасни криминалци, под обвинение дека „создавале илегални групи, учествувале во омаловажување на свети исламски лица преку проповедање на христијанство“.
Постојат и загрижености околу здравјето на уапсениот пастор Бехнам Ирани, којшто се соочува со смртна казна поради „богохулство“, односно напуштање на исламот.
Христијаните велат дека се соочуваат со многу здравствени проблеми поради лошиот третман по затворите.
И покрај постојаните прогонства, во Иран има најмалку 100.000 христијани, но постојат докази дека се многу повеќе од тоа.
 
Вооружени мажи убија 20 лица пред џамија во Северна Нигерија
Кадуна, 13 октомври 2012 (МИА) - Вооружени мажи убија најмалку 20 лица додека излегувале од џамија во северениот дел на Нигерија, соопшти претставник на локалните власти.

Нападот бил извршен во селото Дого Дауа, во сојузната држава Кадуна. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Според претставник на локалните власти нападите најверојатно се извршени од криминална банда, со која локалните жители неодамна имале вооружена престрелка.

Сојузната нигериска држава Кадуна постојано е цал на напади од страна на исламистичката група Боко Харем.
 
Склопување на Брак на христијански свештени лица со малолетни девојчиња е стар обичај



Компликациите од бременоста и породувањето се најголем причинител за смрт и дисфункционалност кај девојчињата на возраст од 15 до 19 години.
На единаесетгодишна возраст , Дестаи, се мажи со 23 годишниот Аддису, притоа правејќи традиционална етиопска свадба во 2008-та година.
Свадбата се случувала надвор од градот Бахир Дар, Етиопија.
Четириеет и еден отсто од жените во Етиопија на возраст помеѓу 20 и 24 години се омажени прерано, водејќи се според податоците на Фондот за население при Обединетите нации.
Дестаи беше одбрана да се омажи со Аддису бидејќи тој е свештеник. Таа е доволно млада и поверојатно е дека е невина. Тој ден, таа беше засрамена.
-Сите ми велеа колку сум среќна, вели Дестаи.
Сега Дестаи има 15 години. Таа мораше да се откаже од училиштето за да се грижи за својот шестмесечен син. Таа исто така работи и во полињата покрај нејзината куќа.
Дестаи веќе живее како жена и мајка. Таа и нејзиниот сопруг се договараат и го делат времето поминато дома и во полињата. Очигледно е дека оваа девојка, чие детство е прерано завршено повеќе нема да се врати на училиште.
Според статистиките, најверојатно Дестаи ќе има околу шест опасни бремености и породувања поради високата стапка на морталитет.
Пред да се породи, Дестаи се надевала дека еден ден ќе стане доктор. За жал, таа многу рано го загуби детството и стана мајка и жена, која секојдневно мора да се бори и да работи за својот и опстанокот на своето дете.
Таа мора безрезервно да биде тука за него, како и да ги исполнува брачните обврски како сопруга, поради што очигледно нејзината желба да стане доктор тешко би можела да стане реалност.
За жал, судбината на Дестаи ја делат голем број девојчиња од сите религии во повеќе делови од светот. Иако овие бракови се наложени од традицијата во земјата, со овој потег тие на овие девојчиња многу рано им го одземаат најсветото нешто – детството, за кое најверојатно тие не се ни свесни, не знаејќи што ги чека, не знаејќи што е тоа брак и какви обврски и барања истиот носи со себе.

285079_416220518442129_1328190257_n.jpg
 
За жал, судбината на Дестаи ја делат голем број девојчиња од сите религии во повеќе делови од светот. Иако овие бракови се наложени од традицијата во земјата

Ах тие закоравени „културни вредности“
 
Турски пијанист во суд поради коментар на Твитер

ГОЛЕМИНА НА БУКВИТЕ
18.10.2012
П
ознатиот турски пијанист и композитор Фазил Сај кој свири со њујоршката филхармонија и берлинскиот симфониски оркестар денеска се појави во судот во Истамбул да се брани себе си од обвиненијата за богохулство.

Тој е обвинет за постирање коментари на социјалната мрежа Твитер во кои се шегува за повикот за молитва. Во обвинението против него е наведено дека со коменатрите што ги објавил потикнал омраза и создал јавни непријатели како и дека ги навредил „религиските вредности“. Тој се соочува со максимална казна затвор од 18 месеци. Сај кој беше турски амбасадор на културата во ЕУ ги отфрли обвиненијата и побара ослободување.

--- надополнето: 18 октомври 2012 во 15:16 ---
Се шегувал со повикот за молитва!!! Ееееј! Смрт! Смрт! Смрт!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom