Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сабота, 20 Октомври 2012 09:14
Непознати сторители повторно ја ограбија црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар.
crkva407.jpg
- Украдени се најмалку 20 вредни икони, чија вредност е непроценлива. Со ова вандалите го докусурија овој божји храм, стар десет века, изјави намесникот на Дебарската Парохија, Благија Спироски.
Кражбата ја забележал Никола Андоновски, член на Црковниот одбор, кој живее во близина, кога дошол да ја отвори црквата и да го запали кандилото.
Истата црква беше ограбена пред четириесеттина дена, кога крадците земаа 15 големи и осум помали, сите, вредни икони, плаштеница стара 200-300 години, девет илјади денари пари, кои верниците ги оставиле за здравје и од купени свеќи, како и други предмети. Ова кривично дело сеуште не е расветлено. Во тек е увид од страна на екипа на Полициската станица од Дебар.
 
Папата ќе прогласи 7 нови светци

21.10.2012 | 11:46​
Прочитано: 168​

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Бенедикт 16-ти денеска ќе прогласи седум нови светци.
15115.jpg
За нови светци ќе бидат прогласени Индијанката Катери Текавита која е првиот американски домородец кој ќе биде прогласен за светец, потоа француски мисионер во Мадагаскар, еден филипински монарх кој е убиен на 17 годишна возраст, еден германски емигрант кој лекувал болни од лепра во САД како и една шпанска монахиња која се истакнала во борбата за правата на жените.
Текаквита позната како „Лили Мохавка“, која језуитски мисионери ја крстеле како девојче, живеела на тариторија која сега се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, а предложена е за светец не само од католиците туку и од припадниците на пстанатите религии во овој дел на земјата. Откако стана поглавар на Римокатоличката црква во 2005 година, Бенедикт Шеснаесетти, со овие седум нови, вкупно има прогласено 44 лица
 
Ограбена црквата „Св.Богородица“ во скопско Бањани
Скопје, 21. октомври 2012 (ИНПРЕС)


Непознат сторител пред два дена извршил тешка кражба во манастирот „Св.Богородица“ во скопско Бањани.
98FAF2098B04864A990B49FE7404C7CC.jpg
Откако насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување по фиоките, а потоа со употреба на погоден предмет го скршил катанецот од металната каса, ја отворил вратичката од дрвената каса во олтарот и одзел околу 150.000 денари.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
 
Понеделник, 22 Октомври 2012 13:19​


Американката Колин Лароуз, позната како „Џихад Џејн“, која во 2009 година беше обвинета поради плановите за убиство на шведскиот уметник Ларс Вилкс, поради неговите карикатури на пророкот Мухамед со тело на пес, се очекува да добие казна доживотен затвор.

dzihad-dzejn.jpg

Џихад Џејн пред извесно време ги признала таквите планови. Нејзиното признание, како што јави дописникотна МИА од Гетеборг, се однесува на тероризам, планови за убиство во друга земја, изнесување невистина пред полиција, како и дека украла нечиј идентитет.
Лароуз претходно беше обвинета за поддржување на странски терористи и беше осомничена дека регрутирала исламски фундаменталисти за терористички напади во Европа и во Азија.
Таа првпат себеси се нарече Џихад Џејн во едно видео постирано на Јутјуб, во кое вели дека е очајна да стори нешто за да го олесни мачењето на кутрите муслимани.
Скандинавски медиуми јавија дека се очекува пресудата на Лароуз да и биде изречена на 19 декември годинава.
 
Понеделник, 22 Октомври 2012 14:53​


Во молитвата Алах директно се повикува за уништување на еврејскиот народ, како и победа врз сите неверници. Говорот на омраза е раширена појава во џамиите во Египет. Светската јавност е шокирана затоа што се моли Мухамед Морси, претседател на 83-милионскиот Египет. Коптските христијани се загрижени поради бранот насилства врз нив.

alah.jpg500.jpg

Претседателот на Египет, член на Муслиманското братство, Мухамед Морси, се придружи на молитвите во кои проповедникот зборуваше за уништување на Евреите.
Во следното видео има извадоци од службата на египетскиот клерик Футух Абад ал-Наби Мансур, каде што присуствуваше и претседателот на Египет, Мухамед Морси.
Службата се емитуваше на Египетската национална телевизија Канал 1 на 19 октомври годинава.
-Алах, прости ни ги гревовите, дај ни сила и победа над неверниците. Алах, уништи ги Евреите и нивните поддржувачи. Алах, распарчи ги. О, Алах, покажи ја својата моќ и големина врз нив. Покажи ни ја својата семоќност, Господе, проповедаше Ал-Наби Мансур.
 
Ограбено муфтиство во Дебар

Лаптоп, плазма телевизор, часовници и други вредни предмети биле украдени вчера од просториите на дебарското муфтиство.​

getImageThumbnail.axd

Според полицијата, кражбата се случила во текот на ноќта, а разбојниците влегле во просториите откако насилно ја обиле влезната врата.

Ова е трет пат муфтиството во Дебар да биде мета на крадци. Полицијата трага по разбојниците. /www.kanal5.com.mk
 
Се женел осум пати - има 79 деца

African-priest.jpg


Поп од Зимбабве вели дека планира да се ожени уште два пати, за бројката на неговите жени да достигне до десет.

Исто така овој план, сака да го исполни до ноември, за своите жени да може да ги претстави и во црква.

Мугабе, поп во Апостолската црква од Зимбабве, се женел осум пати, а од сите брака има вкупно 79 деца!

Всушност, овој маж се појавил пред судот во Зимбабве, кога дошол да пријави дека ќерката му е силувана. Судот заклучил дека неговата изјава е лажна и одлучиле да го уапсат.

Судиите биле вчудоневидени кога мажот изјавил дека планира да се ожени утре два пати, за во црковната церемонија во недела да го следат сите негови десет жени.

„Планирам да имам вкупно десет жени. Тоа морам да го направам до ноември, бидејќи на тој месец сите мои жени ќе ги претставам во црква, сакам да бидат десет“, изјавил Мугабе.
 
Крадци насилно влегле во три цркви во струшко Радожда, но заминале со празни раце
Струга, 23. октомври 2012 (ИНПРЕС)
извор: Мвр фото: архива
Доцна синоќа, непознат сторител насилно влегол во црквата „Св. Никола“ во струшкото село Радожда.
F4913E18CA1DFE4ABFAD0E7B60029708.jpg

Тој го скршил стаклото од прозорците на западниот дел од трпезаријата, по што влегол внатре. Извршил пребарување во металниот сеф кој не бил заклучен, и откако не одзел ништо, го одзел металното кутивче во кое имало метални пари во разни монети и откако излегол надвор го оставил во дворот од црквата.
Во истиот период, непознат сторител извршил тешка кражба во обид во црквата „Св. Петка“ во истото село. Тој влегол во објектот преку незаклучената врата, по што со подесен предмет насилно ја отворил дрвената каса, но не одзел ништо.
Непознат сторител влегол и во необезбедениот дел од црквата „Св. Недела“, наменет за палење на свеќи, но заминал со празни раце бидејќи немало пари во металната каса.
Ова е само уште една од низата кражби во црквите во ова струшко село. На 2. јули оваа година беа украдени четири икони од црквата „Свети Архангел Михаил“ кои датираат од 1780 година. (Крај)
 
eve kaj odat kradenite ikoni od crkvite vo makedonija.

Грчки свештеник се обидел да продаде икони за речиси половина милион евра

24.10.2012 | 20:20


Грчки свештеник се обидел да продаде црковни икони за 450.000 евра.
15537.jpg
Четириесет и шест годишниот свештеник бил уапсен во понеделникот ноќта во градот Лариса заедно со една жена на 52-годишна возраст.
Против нив е поднесена кривична пријава за прекршување на законот за заштита на древни предмети и културно наследство.
Полицијата открила и конфискувала девет икони. Пет од нив датираат од 18. и 19. век, а останатите се од крајот на 19. и 20. век.
Во хотелската соба, каде што престојувале уапсените, се пронајдени сребрен бокал и крст, лаптопи,
мобилни телефони и кредитни картици.
Започната е истрага за да се утврди дали откриените икони биле украдени.
 
Сабота, 27 Октомври 2012 10:25​


Лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири повика денеска муслиманите да киднапираат луѓе од Западот, да се придружат во бунтот во Сирија и да се погрижат во Египет да се спроведе шеријат.


al-kaeda.jpg240.jpg
Во видео-пораката поставена на исламистички веб-сајтови, Завахири го критикуваше Обама нарекувајќи го лажго и барајќи од него да признае пораз во Ирак, Авганистан и северна Африка.

Завахири повика да се киднапираат „државјани од земји кои се борат против муслиманите за да се ослободат нивни затвореници“ и поздрави киднапирање на хуманитарец од САД во Пакистан во минатата година.
Тој ја обвини меѓународната заедница дека на сирискиот претседател му дозволила да убива во рамки на неговата кампања да го задуши народниот бунт. Ја критикуваше и египетската влада заради корупција, истакнувајќи дека таму се води битка меѓу секуларното малцинство и муслиманите кои сакаат шеријат. Завахири е по потекло од Египет.
 
Ограбени три цркви
Сабота, 27 Октомври 2012 17:42
Три цркви во селата Тресонче, Росоки и Селце деновиве биле мета на провалници. Од две се однесени вредни икони и црковни предмети, информираат од СВР Тетово.

ograbeni.jpg

Во се уште неутврден термин, но најверојатно синоќа, провалници насилно влегле во црквата „Свети пророк Илија“ во малореканското село Селце и одзеле најмалку четири стари икони. Провалата во полиција ја пријавил К.Ј. (67) жител на Селце, кој се грижел за црквата.
Жител на Тресонче, пријавил неуспешен обид за провала во црквата „Свети Петар и Павле“. Таму бил разбиен катанецот на влезната врата, но провалниците не успеале да влезат внатре.
Во соседното село Росоки, е провалено во црквата „Свето Преображение“.
Полицијата врши увид и утврдува што точно е украдено. Ограбените цркви и пролетва беа мета на крадци и украдени вредни реликвии.
Минатата недела од цркви во дебарскиот крај беа украдени неколку икони кои имаа голема вредност.
 
МАКЕДОНИЈА | 28. ОКТОМВРИ 2012 - 13:29
Ограбени две цркви во Ростуше

Непознати сторители во текот на изминатите два дена ограбени се две цркви во Ростуше, соопшти Министерството за внатрешни работи.
gcrkva.jpg
Од црквата “Пресвета Богородица“ во село Росоки се украдени шест икони и две резбани вратички, а од “Св. Илија“ во село Селце се украдени девет икони и дверезбани вратички.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.




СВЕТ | 28. ОКТОМВРИ 2012 - 12:51
Осум лица загинаа при напад врз католичка црква во Нигерија

Најмалку осум луѓе загинаа откако бомбаш-самоубиец денеска се обидел со автомобил да влезе во католичка црква за време на молитвата во нигерискиот град Кадун.

nigeria-church-shooting-kills-least-8-pastor-says-1325861269-7032.jpg
Во инцидентот повредени се 145 лица. Нигериските власти соопштија дека меѓу загинатите е и напаѓачот.
Силната експлозија го потресе целиот град и предизвика страв од нови напади и судири меѓу христијаните и муслиманите во Нигерија,
Се претпоставува дека бомбашот-самоубиец се обидел да влезе со автомобил во црквата, но удрил во оградата.
 
Понеделник, 29 Октомври 2012 08:32​


Безживотното тело на еден христијански свештеник беше пронајдено во петокот во градот Катана, во близина на либанската граница.

pastor.jpg240.jpg
Фади Хадад, 43, заминал да се сретне со полицијата за да даде откуп за ослободувањето на киднапираниот христијански доктор по име Шади Кури.

Хадад не се вратил дома, а неговото тело било пронајдено по пет дена со пресечено грло. Немало трага од киднапираниот доктор.
Свештеникот Хадад бил роден во Катана, студирал теологија во Сент Џон во Либан, а работел во црквата во Дамаск.
 
Кој е најсреќниот човек на светот?!
Невролозите од Универзитетот во Висконсин го скенирале мозокот на Матје Ришар, близок доверител на Далај Ламе за да на крај го прогласат за најсреќниот човек на светот, т.е најсреќниот човек за кој тие знаат.
Скенирањето на мозокот на овој реномиран будистички мислител покажало дека сивата материја во неговиот мозок, додека медитира, емитува количина на гама бранови кои никогаш порано не биле забележани во неврологијата. Гама мозочните бранови се поврзани со меморијата, учењето, вниманието и свеста.
Тестовите воедно и индицирале дека кај Ришар екстремно е активен левиот префронтален кортекс, дел од мозокот кој го зголемува капацитетот за среќа и ја намалува негативноста.
-Тоа покажува дека медитацијата не е само среќа, туку таа во целост го менува вашиот мозок, а ве менува и вас, изјавил 66 годишниот Ришар, кој пред една деценија докторирал во областа на генетиката, но ја напуштил кариерата за да и се посвети на религијата.
 
Ја полиле ќерката со киселина бидејќи разговарала со момче
248731_pakistanke-zaiba-aslam-foto-betaap_kf.jpg

Во Исламабад, татко и мајка си ја убиле својата 15 годишна ќерка, откако ја виделе како разговара со момче. И двајцата ја полеале со киселина, откако претходно нејзиниот татко ја претепал. Локалниот шериф од полицијата Анву Ша се изнервирал кога во понеделникот пред неговата куќа забележал момче.
Родителите откако ја полиле со киселина и нанеле тешки изгореници, но не дозволиле да отиде во болница се до следното утро. Од ненавремената лекарска интервенција девојката и подлегнала на повредите.
Кога била примена во болницата била во критична состојба со речиси над 70 % изгореници. Нејзината сестра повикала полиција и побарала да се истражи целиот случај.
http://a1on.mk/wordpress/archives/55891
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom