Верски вести I

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
i sto bi naucil od ovaa izlozba

Многу, за еврејскиот мистицизам (пред се Кабалата) кој е основа за христијанскиот и муслиманскиот мистицизам.
-Би направил кабалистички паралели помеѓу денешните кабалистички знаења и прастарите. Многу корени би излегле на виделина.
-Од тоа што е изложено би се обидел да издвојам "жито од какол", односно би увидел (колку што сум способен) што е вистина , а што народно празноверие.
-Изложбата веројатно е и одличен приказ, не само на кабалистичката теорија, туку и пракса. И тука добро би дошле паралели со модерните кабалистички пракси или поточно пракси кои имаат кабалистички корени.
 
<H2 id=H2naslov>Папата: Црквата да ја признае вистината

Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
11.05.2010 14:28
papa-benedikt16.jpg
Папата Бенедикт XVI Папата Бенедикт XVI денеска изјави дека скандалот со сексуалното злоставување деца што го сторија свештениците мора да ја доведе до тоа католичката Црква да ја признае „застрашувачката“ вистина дека најголемата закана доаѓа од „гревот внатре во Црквата“.
Црквата има многу длабока потреба да признае дека мора да ги плаќа своите гревови и да прифати прочистување, им рече папата на новинарите во авионот, на пат за Лисабон.
„Денеска, на сосема застрашувачки начин, дознаваме дека најголемата причина за критиката кон црквата не доаѓа од надворешните непријатели, туку се роди од гревот внатре во црквата“, изјави Папата, одговарајќи на прашањето за скандалот околу сексуалното злоставување.
Последните недели, официјални лица на Ватикан ги обвинија медиумите дека водат кампања против црквата.
Папата изјави дека црквата мора да бара простување од жртвите за сексуално злоставување, но и да признае дека „ простувањето не може да биде замена за правдата“, пренесоа британските медиуми.
</H2>
 
Епископалната црква ја именуваше првата лезбејка за бискуп

Коментари (1)
prazno.gif
prazno.gif
16.05.2010 17:26
lez-buskup.jpg
Мери Гласпул
Оваа црква пред седум години го именуваше првиот геј маж за бискуп, а сега и првата жена лезбејка.
Мери Гласпул декларирана лезбејка од Балтимoр, синоќа беше именувана за бискуп во Епископалната црква во Лонг Бич со што стана вториот бискуп со хомосексуална определеност.
На манифестацијата пред 3 илјади луѓе за бискуп е прогласена и Дајен Јардин Брус која е хетеросексуалец.
Овие две девојки се првите жени - бискупи во 114-годишната американска бискупија.

--- надополнето ---

РИМИталијанците се помалку му веруваат на папата
spacer.gif
img8029240.jpg
18.05.2010 | 09:11
spacer.gif
Извор: Макфакс
spacer.gif
spacer.gif
pliko.gif
spacer.gif
facebook_small.png
spacer.gif
ga.gif
spacer.gif
ma.gif
Довербата на Италијанците Во католичката црква и црква и нејзиниот водач, папата Бенедикт 16 во последните седум години константно опаѓа, пишува италијанскиот весник Република. Во 2003 година црквата уживала многу поголема доверба , или 62,7 отсто од анкетираните Италијанци се изјасниле дека и веруваат. Во април годинава, таа падна на 47,2 отсто.

За седум години, довербата во папата опадна за речиси 30 проценти, бидејќи
во 2003 година изнесуваше 77,2 проценти. Последната анкета покажа дека само 46,6 отсто се изјасниле дека му веруваат на папата

"Довербата на папата падна на најниско ново", пишува италијанскиот весник,
објавувајќи дека причина за бројните скандали за сексуални злоупотреби на малолетните деца.

"Црквата и папата се уште се важни во италијанското општество, но
нивниот капацитет за привлекување на верници е ослабен поради неодамнешните скандали поврзани во свештенството поврзани со педофилија", ги пренесува оценките на аналитичарите весникот Република.

Анкетата беше спроведен од Институтот Демос од 14 до 21 Април а во неа учествуваа 2.058 испитаници.
 
Учебник по веронаука заедно со венчаницата

Сашка Цветковска Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
25.05.2010 18:50
soborna.jpg

За 4.000 денари - венчавка со еден поп, за доплата од само 1500 денари вашата венчавка ќе ја збогатат три попа, и сето ова со гратис учебник по веронаука за петто одделение - Пелагија Младеновска овој викенд правела свадба за својот брат.
На крајот целото семејство било многу изненадено кога венчаницата ја добиле во учебникот за веронаука од петто одделение.
„Бевме многу изненадени кога венчаницата ја добивме во учебник веронаука за петто одделение, а младенците завршија петто одделение пред повеќе од 15 години“, вели Пелагија Младеновска.
Неколкуте скопски цркви кои ги контактираше А1 не знаеја како учебниците се нашле кај нив. Само им било кажано да ги делат по венчавки. Од МПЦ пак велат, точно било дека тие се делат по нивни налог.
„И не само на свадби, и на крштевки ги делиме. Тие учебници се донација на скопската епархија. Ним им ги дале авторите на учебниците“, изјави прота Коста Станоевски, МПЦ.
Од министерството за образование од каде беа одобрени овие учебници, велат дека сега откако веронауката падна на Уставен суд издавачите со нив можеле да прават што сакаат. Нивна грижа биле само оние учебници со кои на почетокот на учебната година се задолжиле учениците и кои на крајот на годината треба да ги вратат.
Освен што следат гратис со церемониите од МПЦ не образложија со која цел се делат учебниците.
Останува да си претпоставиме - за бебињата кои се крштеваат можеби учебников ќе си ја најде својата намена во перспектива, а за младенците, којзнае, може ќе го надополнуваат пропуштеното знаење.
Барем до оној момент кога МПЦ ќе се реши да отвори своја школа по веронаука, по примерот на многу цркви во регионот и светот.
 
Педофилски скандал во ИВЗ во Тетово

11.06.2010 - 16:30 |

* Македонија

Педофилски скандал ја испразни Исламската верска заедница во Тетово. Откако тетовскиот оџа заврши во притвор, никој во ИВЗ не сака да одговори што се случило. Го нема ниту муфтијата, ниту секретарот.

Според извори на Сител, тетовскиот оџа се обидел сексуално да злоставува 11-годишно девојче.

Завчера во џамијата каде ученици посетувале настава го извршил грозоморниот чин. Откако повеќето од учениците си заминале, го задржал единаесет годишното девојче, го потпрел на ѕидот и започнал да го бакнува по устата. Девфојчето успеало да се извлече и за среќа побегнало.

Што и се случувало во џамијата веднаш раскажало на родителите. Таткото го пријавил во полиција. Од тетовскиот Основен суд за Сител потврдија дека оџата денеска бил изведен пред истражен судија. За стореното дело добил и мерка 30 дневен притвор.

Ова е втор скандал со педофилија во кој е замешано официјално лице. По дипломатот на ОБСЕ, сега и тетовскиот оџа се запиша на списокот педофили.



Иван Кузмановски

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pedofilski-skandal-vo-ivz-vo-tetovo
 
Гром уништи деветнаесетметарска статуа на Исус

Удар на гром и огнот што избувна потоа, целосно ја уништија 19 метри високата статуа на Христос, пред Евангелска Црква во Монро, Охајо.
BBFC38C5F98D3844807295D22A6E71A7.jpg
Статуа "Кралот на кралевите“, една од најпрепознатливите симболи на југозападниот дел од оваа американска држава, се наоѓа веднаш до државниот автопат 75, северно од Синсинати.

Висока 19 и широка 13 метри, скулптурата го претставува Исус, како со кренати раце и поглед кон небото, со торзото се издига од водата, односно од базенот за крштевање.
3E4AB13F66E9F045BE380431E545560D.jpg
Направена е од пластика и фиберглас врз челична рамка, која беше и едиственото нешто што остана после пожарот што изби доцна синоќа. Изградбата беше финансирана од донации и чинеше половина милион долари.

Нејзината необична појава често предизвикаше конфузија кај патниците на автопатот 75, бројни контроверзии, а често и подсмев. Така, еден од прекарите на статуата беше "Тоуцхдоњн Јесус", бидејќи со подадените раце и погледот во далечината, американците ги потсетувала на безбол играч кој фаќа топка.

----ГОСПОД НЕ САКА ОБОЖАВАЊЕ НА СТАТУИ НА НЕГОВИ ПРАТЕНИЦИ-----ГОСПОД САКА САМО НЕГО ДА ГО ОБОЖАВАМЕ!!!!!!!
 
Рација во белгиска католичката црква поради педофилија
spacer.gif
img68957077.jpg
24.06.2010 | 15:55
spacer.gif
Извор: Макфакс
spacer.gif
spacer.gif
pliko.gif
spacer.gif
facebook_small.png
spacer.gif
ga.gif
spacer.gif
ma.gif
Рација на припадниците на полицијата во седиштето на белгиската католичка црква, заради тужба за сексуално злоставување на деца од страна на црковните службеници. „Во контекст на неодамнешната истрага, обвинителството беше информирано за обвиненијата дека одреден број црковни личности злоставувале малолетници“,изјави портпаролот на државниот обвинител во Брисел, Жан-Марк Мејлор.

Полицијата влегла во просториите на архиепископот на Брисел северно од белгиската престолнина за да потврдат дали се точни тужбите“, соопшти Мејлор.

Белгиската католичка црква ја потресе скандал во април кога 73 годишниот бискуп Роже Ванхелув поднесе оставка од својата функција во градот Бриж, откако призна дека со години злоставувал деца.

Папата Бенедикт XVI во неколку прилики ги осуди постапките на свештениците педофили.
 
Профит во име на Алах

0,,1625722_4,00.jpg


Исламскиот финансиски пазар е сегмент со најбрз развој во светот. Германците засега немаат многу корист од бизнисот со исламските хартии од вредност, кои се во согласност со шеријатското право, тие имаат и лоши искуства.

Во меѓународната финансиска бранша исламскиот финансиски пазар спаѓа во деловите со најбрз развој: годишниот раст се проценува на 15 до 20 проценти. Според меѓународните рејтинг-агенции, околу 250 исламски фондови во светот управуваат со капитал од 300 милијарди долари.

Банкарскиот експерт Михаел Салех Гаснер, кој го води порталот „Исламикфинанс“ и соработуваше на студијата на консултантската организација „Ернст и Јунг“ за исламското банкарство во Германија, смета дека во Германија постојат реални шанси за проширување на овој вид бизнис:

„Имаме четири милиони муслимани, кои не се сите религиозни, но просечните примања им се толку високи што сумата би била доволна за работа на осумдесет банки.“

Во светот постојат позитивни искуства

Во Германија и покрај тоа интересот за исламските финансиски понуди е мал. Некои банки, кои направија обид, се откажаа. Премала побарувачка, велат на пример во „Комерцбанк“. Финансискиот експерт Заид Моџадеди, шеф на Институтот за исламски бизнис во Франкфурт, смета дека откажувањето е избрзано, зашто азиските искуства покажаа дека условите на муслиманското финансиско работење се интересни и за немуслиманите:

„Тоа го покажуваат искуствата од Малезија, каде голем број немуслимани склучуваат животни осигурувања, зашто сметаат дека се транспарентни и дека се темелат на јасни правила.“
Исламска банка во Судан

Во Велика Британија веќе со години е можно да се земе кредит за стан, куќа или автомобил во согласност со шеријатските правила. Оној кој сака да купи куќа, се обраќа во „Исламик Банк“, каде не добива кредит со камата, туку одредениот објект најпрво го купува банката и му го продава на клиентот со мало зголемување на цената, која тој ја плаќа на рати. Во Германија тоа не профункционира, зашто за купувањето на објектот се плаќа данок, и тоа двапати, еднаш го плаќа банката, еднаш клиентот.



Во стапицата на измамниците

Отежнувачка околност во Германија е и тоа што илјадници муслимани во последните години имаа лоши искуства со т.н. исламски холдинзи. Хасан Тепеѓоз, работник од Гитерслох со турско потекло, во 2000 година паднал во замката на ветувањата на наводно исламско инвестициско друштво од Турција. Фирмата делела реклама во џамиите и на верниците им ветувала високи заработувачки со благослов на Алах, кои потоа никогаш не биле исплатени. Тепеѓоз изгубил околу 23 илјади евра.

Во меѓувреме тој раководи со Здруженуието за солидарност на Турците во Европа, иницијатива која документирала околу 30 илјади случаи на измамени од страна на турско-исламскиот холдинг во цела Европа и им помага на засегнатите да тужат поради загубата на парите. Правната постапка е во полн ек, некои од штедачите веќе добиле правосилна пресуда во своја корист од турските судови. Но, најголемиот дел од нив веројатно нема никогаш повеќе да ги видат своите пари. Хасан Теперѓоз затоа веќе не им верува на исламските штедилници.
Филијала на исламска банка во Дубаи

„Не, подобро ќе им ги дадам парите на католичката црква, на пасторот, веројатно тоа е посигурно.“

Ако исламските финансиски институции сакаат да имаат шанса во Германија, производите кои ги нудат треба да бидат рентабилни и поверодостојни. Студијата на консултантската организација „Ернст и Јунг“, која исламските финаниски институции сака да ги стави врз задолжителна правна база, во овој случај е важен чекор.

Банкарскиот експерт Михаел Салех Гаснер појаснува:

„Измами секогаш се можни, затоа е потребна држава, која цврсто ќе го пропише правото и исто толку цврсто ќе го спроведе, за да обезбеди надзор над банките, минимална транспаретност и слично. Да се потруди тие да не можат да го прават само она што тие го сакаат и своеволно да се однесуваат“, вели Гаснер.

Автор: Мартина Сабра/ Жана Ацеска

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5734959,00.html
 
Плејбој Падре
95A30E40FEA5844A9BF35B19C5E95579.jpg
Украл 2,5 милиони евра, имал сметки во 28 банки, возел Ферари, тајно живеел со љубовницата, редовно се коцкал во Лас Вегас и Монте Карло и сега е осуден на 2 години затвор. И не, веста не е за нарко бос, туку за свештеник со 20-годишен стаж.

Двојниот живот на францускиот отец Антоан Видо (64 год.) како свештеник и плејбој мултимилионер, бил откриен по апсењето во 2005-та година. На судењето во Корзика, тој ги отфрлил сите обвиненија за проневера, но осуден е на 2-години затвор, 1 година условно и 100.000 евра парична казна.

“Кон своите верници не покажал ништо освен презир. Тој е човек кој не ја знае разликата помеѓу доброто и лошто и кој воопшто не мислел на тоа дека ги крши законите и на црквата и на државата во која живее”, го опишал обвинителот Томас Пизон.

Освен кражбата на милионска сума доброволни прилози, прекршоците на отецот познат како Плејбој Падре, вклучуваат изнајмување манастири за забави и присвојување на оставнина од 615.000 евра од починат надбискуп. И покрај пресудата, Црквата нема планови да го казни.

“Пензиониран е и плаќа за своите злодела”, гласела кратката изјава на портпаролот на Ватикан.
 
изнајмување манастири за забави

имал сметки во 28 банки, возел Ферари, тајно живеел со љубовницата, редовно се коцкал во Лас Вегас и Монте Карло

Јеа бејби! Будала е да се занимава со религиозни работи.... оди в казино, потроши нешто...

А 2 години се ништо...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom