Се согласувам со Marina_21, дека на луѓето им треба веронаука, ама ИЗВОРНА, а не онаа што се предава од МПЦ по училниците, каде наместо на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите, децата ги учат како да и пеат песнички на Марија, како да се прекрстуваат: со три прста, од десно кон лево (небаре Христос и апостолите се прекрстувале така), ги учат за иконите, за свеќите, за обичаите, за славите, празниците... ма дај молим те.
uma, јас воопшто не можам да ги разберам твоите коментари, но искрено се надевам дека ти самата си се разбираш. Многу си ми нејасна, конфузна, неразбирлива, премногу точки ставаш меѓу зборовите, некако си недоречена секаде. Се гледа дека се обидуваш да кажеш нешто, да понижиш некого, но никако не можам да сварам што, кого, зошто и сл. Ако владееш некој друг јазик освен македонскиот, обиди се на тој јазик да пишуваш, можеби подобро ќе те разбереме така.
Поздрав!