Веројатност за љубов на прв поглед

  • Креатор на темата Креатор на темата kLiNkA
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате во љубов на прв поглед???

  • Да

    Гласови: 196 65,1%
  • Не

    Гласови: 105 34,9%

  • Вкупно гласачи
    301
Да се вљубиш во некого на прв поглед?Па тоа не е можно, да ти се допадне да, но да се заљубиш апсолутно не!
Како прво треба да се разграничи допаѓање и сакање т.е вљубување....
За да ти се допадне некој, да те привлече физички е доволно само еден поглед!Но за да засакаш некого потребно е да го осознаеш неговиот карактер, бла бла и ред други работи...а сето тоа не може да се долови на прв поглед!
Да не должам не верувам во љубов на прв поглед...симпатија да!
 
Апсолутно дека Не! Секој ден гледам по улица многу убави девојки и жени! За да се вљубам потребно е да ја знам, љубов на прв поглед ....... ако некој ми рече деа се вљубил на прв поглед јас би му рекол дека е многу лекомислен.......
 
Можно е,има и верувам во љубов на прв поглед.Тешко е малце да се стигне до тоа,ама постои таа љубов.
Како е тешко кога е на прв поглед?
Само треба да ја/го погледнеш и се заљубуваш?Не мора да знаеш ништо за личноста?Не мора да ја запознаеш,да знаеш што сака, да знаеш дали е сериски убиец или има некое невротично заболување или па дали е стриптизерка или проститутка во слободно време.
Ама баш ништо не треба да знаеш.
Што е тука тешкото?
 
на прв поглед само може да се јави желба за секс или желба за да си поминиш лудо вечерта ништо повеќе
 
Еее не верувам во љубов на прв поглед. Од прва може само да се упали сијаличката во врска со симпатиите кон девојката/дечкото, да ја/го глеаш у фаца, да шмекаш по малце...Инаку за љубов треба малце повеќе од едно видување :)
 
Веруваш во љубов на прв поглед?или да поминам уште еднаш:tv:

Ок, ок..заебанцијата на страна...Не верувам,може од првиот пат ке ти се допадне но ништо повеке.Со текот на времето можно е да прерасне во љубов.Не можам да се вљубам штом ке го видам...Од кај да знам каков е,можеби е лепотан а всушност е идиот во карактер.Потребно е време за запознавање,па после можеби ке се случи нешто.
 
Не веруме дека постои на прв поглед,се е тоа само симпатија.Едноставно ти се засвиѓала,а не да се затрескаш ко мува без глава.Така да не верувам.
 
А дефиниција на поимов љубов?
Вие шо мисите дека постојт љубов на прв поглед како ја замислувате љубовта?
Како мојте да речите дека можам да се заљубам во некој ко ќе го видам?
Потребно е време за то бе....А не да поминит некој и одма лептири...Безвезе муабет.
Можит некој да ти се допаѓат,ко ќе го видиш онака да се потресиш дали шишката ти била правилно наместена или дали те гледал во деколтето.Да забегаш и да тргниш по него во која дискотека ојт....Да се напалиш до некој голем степан.
Ама да се заљубиш?Онака љубов во правата смисла на зборот?What the hell?
Изгледа јас имам некој големи очекувања и сосема друга замисла за љубовта па ова ми изгледат невозможно....
 
ako ne veruvas vo ljubov na prv pogled pogledni me uste ednas najednostavno :pos2:

Eх позната фраза :D

Да се навратам на темата...не,не верувам...можеби ке ме привлече малку но сепак не е тоа љубов...за тоа е потребно нешто повеке:toe:
 
љубов на прв поглед ? - Не
фатална привлачност - Да
 
Јас верувам во љубов на прв поглед затоа што го имам доживеано тоа !
 
љубов на прв поглед ? - Не
фатална привлачност - Да
Апсолутно точно...
Не верувам во љубов на прв поглед...Љубов на прв поглед би требало е ситуација кога некого го гледаш прв пат во животот и во тој момент се вљубуваш во него/неа...А да се вљубиш значи да си ја замислиш иднината во која се гледаш себе си со таа личност(или што и да значи љубовта)...абе ајде...научна фантастика:smir:(според мене)
За да се роди љубов треба малку повеќе од еден поглед..:smir:

Јас верувам во љубов на прв поглед затоа што го имам доживеано тоа !
Ијаа стварно?!?..Прв пат го виде детето?
И ќе можеш ли да доловиш нешто од тоа?
Чисто од љубопитност прашувам..да знам какво е чувството...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom