- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 4.117
- Поени од реакции
- 10.168
Денеска Нант не успеа комплетно да ја наметне играта со која дојде до Ф4. Пред се во делот каде Кире диригира, или ги мести конците во играта на Нант. На спротивната страна го имаше Чави Пасквал кој ќе пушти кој било друг да се курца ама фокусот на затворање ќе биде на Кире и тоа можевме да го видиме на дело. Ја немаше онаа препознатлива конекција на Кире со пикерите посебно со Печмалбек, како и неколкуте негови голови во клучните моменти кои итекако фалеа. И покрај се, Нант на 12 минути пред крај повторно беше во ситуација да зададе удар кога промаши напад за прво водство. Потоа дојде на дело сето она што го спомнав погоре. Одбраната малце подизлезена напред и спремна на секое вкрстување каде фокусот стриктно беше ставен на Кире. Едноставно не му се остави простор да развие игра со пикерите, се чекаа неговите пасови од кои доста беа пресечени и претворени во гол од цел терен. Плус денес до некаде и очекувано потфрлија и младиве играчи на Нант кои беа главни ѕвезди на натптеварите против Киелце и Веспрем. И секако може и најглавниот кој спушти ролетна Гонзало, меѓутоа по мене добрата тактичка поставеност на Пасквал, одбранбената игра и тактика каде точно се знаеше што се игра и каде е фокусот беше пресудна. Безидејноста во играта на Нант посебно во тие последни 12-13 минути беше очигледна. Се на се заслужена победа на Барса ( конечно да земат ваздух, го нема Вардар
), иако лично ептен имав желба Кире да запише уше едно финале зад своето име и на тој начин да се прости од ЛШ. Против Алборг ќе биде интересно, меѓутоа мислам дека ако Барса го има истиов фокус како денес, Алборг нема што да бара.
