Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
конечно СОНЦЕ и во Велес,а и во цела Македонија...
викенд, ама и време за користење на лански одмори...
па можеби е таму мојата добродушна шефица ЕЛЕНА К.П.
па ќе се петсети на ова кое се однесува на Арчелор Миттал Ск.
----препис
Пред 20-ина години,тешко се повредив на работа(тоа не ми беше прва повреда),цел бев искршен.
Во бесознание ме однеле во градска.Ме снимале и ме оставиле пред шок соба на количка,веројатно додека спремат внатре место. Се чудам кај сум,некако се сумнувам и право дома тука во близина.Малку се закрпувам и си одам. Ме барала полиција во градска.Потера цел ден.
Вие не бевте тука, колку да знаете еве никогаш не сум сакал да од некоја повреда извлечам корист,дури ни боледување не сум земал и никогаш ни повредна листа(а тоа требаше бар за последната повреда)
---------------
Треба пред да се случи,да се направи нешто за безбедност на работните места.
Се уште има такви места.
Лабараторија....(можеби ова сте го решиле до сега,бар јас сум го кажувал дека треба „вака“)
Непристапно-опасно уклучување на машината за виткање на пробите.
Треба да се направи уклучување-исклучување на подот,пред машината.
Најчесто при оваа операција работникот е сам во просторијата и воопшто најчесто несреќи се случуваат кога е работникот сам при извршување на некој работни задачи-операции.
Не се случило до сега,не треба да се и случи и не треба да се чека да се случи нешто при ова работно место.
Може да се јави потреба при оваа операција кога пробата е во рацете а машината во погон,да таа треба да се исклучи изненада или хитно, но тоа работникот ќе не може да го направи затоа што прекидачот за таа намена е на непристапно место, може и да се случило до сега да имало потреба од оваква акција тоа го знаат тамошните. Треба да се прашаат. И да се прашаат дали има потреба од оваа нова идеа за безбедност.
Јас денес нешто средувајќи во подрум го најдов овој прекидач одамна купен за таа намена,но од познати причини не се тоа реализира,не стасав а имав како оваа и уште други идеи за безбедност не поднесени.
( но голем АИР и од поднесените не видов иако некој и сма ги направив и ставив во употреба,можеби се уште стојат на тие опасни места таблите со мојте обавестувања-едно сеќавање бар.
-вакво уклучување со поден прекидач може да се направи и за други машини каде е тоа потребно.
(а на Н68 во подрумот ја почнав таа работа и остана недовршена,треба и таму поблизу до работникот повеќе прекидачи лесно приватливи за итни случаеви,а не како сега далеку на 2-3м)
Со почит....ан...
и пријатно неделно попладне вам и на сите Велешани
 
Вчера купив сендвич од сендвичарана кај кружниот тек (бивша Авона), не сум сигурен како се вика.... И што добив.... Нешто што личи на сендвич, бајат леб (веројатно неколку дена стар), малку пригреан во микробранова кој за 5 мин стана како камен и имав чуство како да глодам коска, а не сендвич. Препорака...НИКОГАШ ама баш никогаш немојте од оваа сендвичара да купувате нешто за јадење. За поштено платена роба поттураат бајатаи лепчиња по неколку дена и остојан помфрит по неколку саата.
 
Уште ли ја држат истите газди од почетокот што ја држеа? парадисо се викаше порано, јас јадев често од таму.
Мене од Велес многу ми недостасуваат тостовите оние класика плус со помфрит внатре, во средношколските денови од Снупи, за 30че се најадуеш ко чоек.
 
Најубави ми биле од кај Sид спроти Блаже Конески школово пред околу 10 години како основец. Баш тој период и Снупи почнаа со работа спроти Гимназија, ама не можеа со Sид - Амиго тост за 30 денари кое чудовиште беше тоа што не може ни една сендвичара да го достигне тој вкус. :cuc:
 
Мислам дека се викаат сендвичара КЕЦ, мегутоа спрема квалитетот на услугата би требало да се прекрстат во НУЛА.........[DOUBLEPOST=1464984655][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Уште ли ја држат истите газди од почетокот што ја држеа? парадисо се викаше порано, јас јадев често од таму.
Мене од Велес многу ми недостасуваат тостовите оние класика плус со помфрит внатре, во средношколските денови од Снупи, за 30че се најадуеш ко чоек.

Ццц... најубава скара во мк имаме, ти си се фатила за тостовите...
 
бајат леб стар пригреан ...НИКОГАШ ама баш никогаш немојте од оваа сендвичара да купувате
Леле кој очај си ти пријателе. Големото чудо, му ставиле бајат лепче или бајат помфрит или незнам што. Ти еднаш во 5 години да не влегуваш во сендвичара. Стварно големо чудо ти се случило. Многу ретко се дешава се да им е вруќо по пекарите и сендвичарите. Се напнал со петите у гас брзо дома да пише на форум, нели интернетов денес многу е влијателен, одма ќе им се одмазди, толку е, им пропадна бизнисот.
 
Абе кога сме кај јадењето да ве прашам од кај Мичо сарајлињата со сирење дали ги имате јадено? Ако ги немате тогаш обавезно да ги пробате ... се топат во уста
 
Најубави ми биле од кај Sид спроти Блаже Конески школово пред околу 10 години како основец. Баш тој период и Снупи почнаа со работа спроти Гимназија, ама не можеа со Sид - Амиго тост за 30 денари кое чудовиште беше тоа што не може ни една сендвичара да го достигне тој вкус. :cuc:
Грешка си, Ѕид се затвори пред околу 10 години. Знам оти јас нон стоп скапував таму во моите средношколски денови. Еве ќе ти кажам точно и кога се затвори, јас бев 3та средно негде околу почетокот, значи 2007ма година Ѕид се затвори. Леле кога ќе ми текне колку скапував, изгуби ме најди ме таму бев, некогаш насабајле уште не беа келнерите дојдени ние чекавме да се отвори да пиеме кафе од 10че и да денгубиме. Со едно кафе од 10 денари дремеш внатре со саати, некогаш знаевме и да подзаспиеме до тоа ќумбенцето од сабајле. Имаше и тост од 20че само леб и помфрит внатре смачкано се заедно со се помфритот, а кога си повеќе при пари јадеш оној тост пармезан растурениот. Ееее времиња... Кога го затворија како да ми го ограничија движењето...
@poimanemam слабо сум јас по скарата... :D[DOUBLEPOST=1465025091][/DOUBLEPOST]
Абе кога сме кај јадењето да ве прашам од кај Мичо сарајлињата со сирење дали ги имате јадено? Ако ги немате тогаш обавезно да ги пробате ... се топат во уста
Мене кога ќе поминам покрај Мичо цревава ми се креваат колку смрди на кромидоини у радиус од 1км незнам шо ставаат у тоа кифлите убива, не би купила од таму поради смрдеата. Златни Класја катастрофа на милениумот оноа кај Дос, од пред 4 дена им се кифлите. Се на се пекари слаба работа низ Велес, едино бурек кај ЗОЧЕ, кога работев во цвеќарата зад судот (сегашен Голден Гарден) го отепував тој бурек, незаменлив!
 
Последно уредено од модератор:
Леле кој очај си ти пријателе. Големото чудо, му ставиле бајат лепче или бајат помфрит или незнам што. Ти еднаш во 5 години да не влегуваш во сендвичара. Стварно големо чудо ти се случило. Многу ретко се дешава се да им е вруќо по пекарите и сендвичарите. Се напнал со петите у гас брзо дома да пише на форум, нели интернетов денес многу е влијателен, одма ќе им се одмазди, толку е, им пропадна бизнисот.
За твое добро и на сите околу тебе....ОТЕПАЈ СЕ!! :)
 
Леле кој очај си ти пријателе. Големото чудо, му ставиле бајат лепче или бајат помфрит или незнам што. Ти еднаш во 5 години да не влегуваш во сендвичара. Стварно големо чудо ти се случило. Многу ретко се дешава се да им е вруќо по пекарите и сендвичарите. Се напнал со петите у гас брзо дома да пише на форум, нели интернетов денес многу е влијателен, одма ќе им се одмазди, толку е, им пропадна бизнисот.
Не си во право. Кога плаќаш очекуваш и да добиеш тоа што си го платил. Да ги делат сендвичине џабе па тогаш да се буниш дека не чинат никој не те терал да земеш, ама кога поштено си плаќаш, поштено сакаш и да се најадеш. Нив ако не им се трошат лебчињата или ако немаат сметка да држат па продаваат устоена роба нека затворат, никој не е крив да плати а да јаде срање. Плус на времето во таа сендвичара кога беше Парадизо еден француски сендвич беше 50/60 денари. Е да е 30че па да не чини ќе си речеш колку пари толку музика, а вака им плаќаш убаво и добиваш бајато. И треба да се пишува вака јавно, да се свестат малку велешкиве газди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom