Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Јас за вечер Шоркатаун одам:) Ќе има љубов тоа дефинитивно:)

Туку дај нека помине Божиќ и пак да напраиме една собиранка првам во 2010 година. Се видов и со Дарк хакерот и он сака, така да ај кажете вие другите шо мислете:)

Ај малце поубава организација
Сакам и ја да дојдам
 
Организирајте и јас ке дојдам да се соочам со вас очи у очи МУАХАХАХАХА :baeh:
 
Велес остана и без хотелот Вила Зора!

Ako случајно ве затекне мрак во градот на Рацин пожелно е со себе да си носите вреќа за спиење бидејки освен во некој тревник нема каде да преспиете.
Бидејки......

Велес остана и без хотелот Вила Зора!

Од пред десетина дена Велес е без хотел откако единствениот сместувачки капацитет во градот - хотелот Вила Зора, беше затворен. Неколку години не работи ниту хотелот Интернационал, кој претставува грда слика на градот. Хотелот Вила Зора беше изграден во 1985 година со средства од Фондот за пензиско и здравствено осигурување и пари од боречката организација. Последен со него управуваше фирмата а.д. Киро Ќучук". На неколку дена пред Новата година, го напуштија хотелот и тоа без никакво објаснување. Го собрале инвентарот, ставиле клуч на вратата и заминале. Причините за напуштањето на објектот, раководството на друштвото не ги обелоденува. Службените телефони на фирмата се исклучени поради неплатени сметки и беа недостапни за одговор. Од боречката организација ни рекоа дека пред да го напуштат хотелот со нив и со претставници од Фондот на ПИОМ, било извршено примопредавање на она што тие го оставиле.
-Пред да се иселат, не повикаа. Без многу објаснување рекоа дека го напуштаат хотелот. Како боречка организација не сме во можност финаниски да го одржуваме хотелот. Со фондот за ПИОМ мораме да се договориме што понатаму. Доколку не се најде друг да стопанисува, Вила Зора ќе пропадне. Навистина е жално овој објект да не работи. А што е поважно, жално е Велес да остане без хотел и хотелско сместување. Овој хотел некогаш беше гордост на Велешани - вели Кицо Саздовски, претседател на Здружението на борците. Хотелот Вила Зора располагаше со 160 легла во 60-тина соби и имаше три ресторан-сали за 500 гости и голема летна бавча. Со делбениот биланс од 1999 година, Владата му го даде објектот на градот, поради што борците оваа одлука ја оспоруваат.
Посетителите кои доаѓаат да ги видат големиот број историски и културни споменици во Велес, мораат сместување да побараат во некој од хотелите во соседните градови или пак, во мотелот Романтик на брегот на Велешкото Езеро. Но, сите велат дека тоа не е решение и дека на Велес му е потребен хотел.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3C3A9049C6B1E74EB5156E784124AC05
 
Организирајте и јас ке дојдам да се соочам со вас очи у очи МУАХАХАХАХА :baeh:
Ај ма седи мирна,ќе избегаш ко минатиот пат.Јас ке дојдам ако е после 17.Пред тоа иам за учење многу:(
 

Голем поздрав до рамина со песнава!!
 
Ајде кој е за собиранка ?
 
Значи тројца сме досега
1. дарк хакер
2. дарлинг
3. даркхарт
картите се во продажба во неограничени количини... :smir:
Ај јас да ви скршам монотонија со воа никовиве на д шо ви почнуваат
4. ајсбој
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom