Колку е смешна темава и интернетот
Веганите биле досадни и нападни секташи, а темава полна со хејт и исмејување и форсирање месо и млеко. Патем сите шеги ми се веќе видени по 100 пати, дневно.
Упорно пишувате за здравје, диети и суплементи, ко демек се храните здраво и демек сите потребни витамини ги добивате. Целава тема е клише шеги, клише аргументи.
Како и да е, како автор на темата и сликата, воопшто не беше поентата диета и здравје.
Јас лично сакам да не убивам и мачам животно за мое кратко задоволство. Во поглед на здравје, исхрана, диета и суплементи многу е лесно да направиш истражување ако стварно ти е тоа поентата и ќе сфатите дека можете на многу лесен и здрав начин да добиете се што е потребно со plant based diet и суплементи.
Колку од луѓето во темава прават истражувања за храна и внимаваат што внесуваат во себе? Без разлика дали храната е од животинско потекло. Колку од луѓето тука се фит, здрави, со добра крвна слика?