Има разлика меѓу млад дух и младо тело. Духот е оној што вистински не прави млади, пример може да имаме 16 годишен тинејџер кој е сериозен и се однесува старински и е многу негативен и имаме 40/50/60 годишен човек кој се однесува како дете, нонстоп весел и со позитивна енергија. Годините се само број и духот е оној што покажува дали сме млади или стари. За да останеме со млад дух треба да го правиме она што нас не прави среќни но истовремено и најблиските односно оние што ги сакаме. Рекреацијата игра многу важна улога, треба да сме одморени и полни со енергија кога правиме нешто а тука влегува спортувањето и здравата исхрана. Потоа работата/училиштето треба да ги сфаќаме не толку сериозно и да додадеме мала доза на забава затоа што досадата и меланхолијата се главни причини за една личност да биде несреќна и под стрес. (стресот предизвикува и физичко и душевно стареење) Лично јас како 18 годишник планирам да водам здрав начин на живот без цигари, дрога.. (алкохол во мала мерка) и нормално да спортувам. Иначе ако се интересира некој за долговечна физичка младост имам слушнато дека се правеле експерименти за да се направи еликсир на младоста кој би го продолжил животот за 50-60 години.