Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
... Се јадам од грижи, а и изгубена сум во таа матна приказна.. и чекам да дојде утре, да се реши се..
 
Вечерва овде, без тебе...размислувам...Како би било кога не би бил толкав...ИДИОТ! Се би било поинаку ако не се преценуваше и не се мислеше за нешто што искрено и не си. Неможам уште да се свестам дека помеѓу девојка на ниво (како што викаш ти дека сум, а и како што сум стварно) и спонзоруша во буквална смисла на зборот ти бираш спонзоруша. Пробувам да сфатам ама не ми иде некако...Ќе разберев да беше некоја поубава од мене, попаметна, подобра....Ама добро, шта је, ту је ќе си сфатиш ти у скоро време ама ќе биде касно. Од мене толку...
Вечерва би била поубава кога би биле јас и ти негде заедно, знам дека убаво би си поминале....Ама ти избра да биде вака. Поздрав:helou:
 
Ангелу мој,вечерва не си до мене,да ја осетам твојата топлина,твојот здив,да потонам во твојата нежност.Колку бргу поминува времето кога си до мене,како часовите да се секунди.Но кога не си, секундите се часови.Ноќта е убава,тивко е надвор,гласот на Џорџ Мајкл ја разбива тишината,моите мисли се кај тебе,те галам,те љубам,ти кажувам колку ми значиш.Сакам кога заспиваш до мене,кога те будам наутро,а ти мрзеливо се протегаш во обид да украдеш некоја секунда повеќе за твојата дремливост.Кога ме бараш до тебе во сонот,кога се обидуваш да ме одржиш будна што подолго,па дури и кога ме будиш од сон со бакнеж не се противам.Вечерва овде сум без тебе,преплавена со мисли,чувства и прашање.Вечерва ми недостигаш премногу:(
 
Вечерва овде,без тебе... се двоумам дали требаше некогаш да ти ги речам тие зборови кои долго ги чував во себе,се двоумам дали и тоа беше вистинскиот начин да ти кажам што чуствувам откако ме згази неколку пати.Можеби не требаше да ти вратам со истата мера...
Вечерва овде,без тебе ...осеќам измешани чуства на вина и на горчина,и тие се тука во мене,ме потискаат и не ме оставаат да се зафатам со нешто друго.Вечерва како и милион други сакам да кренам слушалка и да те побарам... да те замолам да заборавиме се,да ја згазнеме гордоста.Но,тргнувајќи од себеси,никогаш нема да ти ги простам сите нешта што ми ги направи,ниту пак ќе си простам себеси што ти дозволував да ми цапнеш на егото повеќе од сто пати.
Вечерва овде,без тебе...не сакам да слушнам за никој друг.ОСтанувам сама,без сегашност,роб на минатото и стравот за иднината...
 
Vecerva ovde bez tebe, ne sum bez tebe, ustvari i nikoj ne mi nedostasuva za nekoja minuta trgam na rabota, me ispolnuva rabotata periodov :)
 
ги бројам деновите...уште "само" 173 дена...само се надевам дека уште ке ме чекаш, како што вети пред 120 дена...:back:
 
sinoka bez tebe,sabajlevo bez tebe...e dosta e!!!!

kako znaes da se nacrtas doma do 18:00:kafe:
 
Вечерва овде, без тебе на рипит ми е ставена само една реченица: Не можам без тебе.Чудно е, вака изгледало да се биде зависен од некој, од почеток до крај и назад, без ниту еден ланец.
 
Смешно е!ми недостигаш, а не те сакам.
Чудно е!не сме заедно, а сепак те чуствувам блиску.
До кога ќе трае оваа иронија?????????!!!!!!!!!!!!
 
Смешно е!ми недостигаш, а не те сакам.
Чудно е!не сме заедно, а сепак те чуствувам блиску.
До кога ќе трае оваа иронија?????????!!!!!!!!!!!!


имало уште некој шо се осеќа исто..добро де..слично како мене :) да допунам...бев среќна со тебе,позитивна,весела..можеше да прерасне у нешто поголемо и најубаво!!

штета..
 
Вечерва овде, без тебе, стана веќе навика.
Стара навика.
 
Ајде те чекам ми недостигаш неможам да дочекам да си дојдиш утре да те изедааамммм ммммм:back::back::back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom