Вечерва овде,без тебе... се двоумам дали требаше некогаш да ти ги речам тие зборови кои долго ги чував во себе,се двоумам дали и тоа беше вистинскиот начин да ти кажам што чуствувам откако ме згази неколку пати.Можеби не требаше да ти вратам со истата мера...
Вечерва овде,без тебе ...осеќам измешани чуства на вина и на горчина,и тие се тука во мене,ме потискаат и не ме оставаат да се зафатам со нешто друго.Вечерва како и милион други сакам да кренам слушалка и да те побарам... да те замолам да заборавиме се,да ја згазнеме гордоста.Но,тргнувајќи од себеси,никогаш нема да ти ги простам сите нешта што ми ги направи,ниту пак ќе си простам себеси што ти дозволував да ми цапнеш на егото повеќе од сто пати.
Вечерва овде,без тебе...не сакам да слушнам за никој друг.ОСтанувам сама,без сегашност,роб на минатото и стравот за иднината...