Чаир е често досадно место
но штом низ него ќе пројдеш ти.
Блеснува сонце и како од сон
се будат чаирските фраери.
Сукњичка кратка и сите се ѕверат,
а ништо подобар не сум ни јас.
Така мала и слатка ко бајадера
сите би те лапнале во сласт.
Ноќеска дојди ми на романтика,
усните твои да ми станат навика.
Растопи ме како свеќа,
Јас и ти - камо среќа
Да ми дојдеш на романтика.
Приказни кружат дека те дружат
само буџи и директори.
Од твоите очи срце ми кочи
се потам како под рефлектори.
Од чекање, гледам фајде ќе немам
треба да својски да се потрудам.
Мора херој да бидам и да ти пријдам
да ти предложам одличен план:
Ноќеска дојди ми на романтика,
усните твои да ми станат навика.
Растопи ме како свеќа,
Јас и ти - камо среќа
Да ми дојдеш на романтика.
Запнат ко пушка со тактики спремни
тргнав да те најдам каде си
и видов некој те гушка и ми се стемни
кога го слушнав што ти шепоти.
Ноќеска дојди ми на романтика,
усните твои да ми станат навика.
Растопи ме како свеќа,
Јас и ти - камо среќа
Да ми дојдеш на романтика.
Да ми дојдеш на романтика.