Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
во споредба со мајка ми повеќе време поминувам со татко ми но сепак можи да се кажи дека јас растам со баба ми и дедо ми а не со родители...не би можела да го пофалам татко ми како одговорен родител за мене...мене супер ми е вака без многу контрола но некогаш сакам и малку внимание кое не го добивам. цела недела ке се караме и еден ден ќе му текни ела да те гушнам...не оди тоа така...:(
 
Имав некаде свој пост на темава,но неможев да го најдам.
Како и да е,еве пишувам нов...
Мојот татко е далеку од добар татко.Всушност не паметам кога последен пат ме гушнал,онака како што само татковците знаат,кога последен пат сме направиле нешто заедно,не паметам кога последен пат ми кажал:“Тина те сакам.“
Некогаш мислам дека воопшто не му значам,дека секогаш останатите му се пред мене,дека жали што постојам...дека ме смета за негова грешка.
Скоро никогаш не е дома,14 години веќе го живеам истото.Се навикнав на тоа полека.Се навикнав на тоа дека никогаш нема да имам татко како што останатите имаат,и се соочив со тоа дека работата и парите му се најважни во животот.
Се навикнав на безвезните караници што ги имаме,во врска со тоа дали патиките сум ги оставила на сред ходник или пред соба,се навикнав на тоа се да му смета,се навикнав на тоа негово дерење без причина и на тоа што незнае никогаш да каже „Извини,не сакав“.
Бесна сум на него,само јас си знам колку и додека сите овде пишуваат како нивниот татко е ѕвер,како тој е најдобриот човек во нивниот живот,дека го сакаат најмногу и дека не би знаеле што би правеле без него јас само кажувам дека тој е тој кој што најмногу ме повредува,кој што со еден збор или потег успева да ми го скрши срцето на милиони,подоцна тешко спојливи парченца.
Жалам што сум скоро иста како него во карактерот.Жалам што личам на него физички,па колку и да некогаш таа “убавина„ ми донела многу работи во животот.
Пробувам да ги скријам оние работи кои што ги имам од него,ги притискам во себе,но секогаш излегуваат на површина или пак кога ќе се погледнам во огледало.Затоа и некогаш се мразам себеси,затоа и некогаш сфаќам дека сум прав кретен во однесување кога се лутам за секоја глупава еб*на ситница,кога ми е тешко да кажам „Извини“,а да знам дека сум згрешила.Одам против тоа,но едноставно...против некои работи е тооолку тешко да се оди...:cry::cry::cry:
И нема да го завршам постов со:„Те сакам највеќе тато“ туку ќе го завршам со:
Еден ден ќе сфатиш каква ќерка имаш.Каква ќерка одгледала твојата сопруга,мајка ми.Ќе сфатиш дека си изгубил/пропуштил многу работи поврзани со мене.Ќе жалиш,ти ветувам дека ќе зажалиш за секоја моја солза предизвикана од тебе.
И не те сакам,не си ми важен,сеедно ми е тоа што ти се случува,така ме научи ти.Да бидам идиот во однесување и ете,сега си го добиваш тоа назад и допрва ќе го добиеш исто како...
БУМЕРАНГ!!!

Насобираш гнев и одвај чекаш да го исфрлиш на него, како одмазда. Не мислиш дека со тоа што посакуваш одмазда кон сопствениот татко, стануваш не иста, туку уште полоша од него?

Во вакви услови, уште ко мала сфаќаш дека животот е во твојот мозок и во твоите раце. Во твојот мозок - зошто секој ги разбира работите од своја перспектива. Значи, мораш да си направиш договор со самата себе дека тој нема да те повредува значително зошто ќе се помириш со тоа дека треба да имаш незначително мали очекувања од него. Кога не можеш да го исклучиш од твојата физичка средина, исклучи го неговото сечило од твојата психа. Можда звучи лесно, ама не е. Всушност, лошата страна на ова е што можеби тоа исклучување на неговото силно влијание дома ќе те направи и рамнодушна кон многу нешта надвор. Но, тоа е тоа.
Во твоите раце - зошто ти одлучуваш како ќе живееш и учиш дека треба да постапуваш вака и онака кога си имаш работа со "тешки" луѓе. "Тешките" луѓе си имаат куп работи што ги нервираат, ама фората е што и многу пати истите работи се повторуваат или се слични. Така што, ставај си ги патиките на место итн итн итн. По некое време, таквите ситници ќе ти прејдат во навика. Сепак, тој секогаш ќе наоѓа нови работи што го нервираат. Им треба добар издувен вентил на таквите луѓе. Уште да се пронајде истиот и се` ќе биде во ред (= најчесто не се наоѓа).
 
Не,не сакав тоа да го кажам.
Не планирам јас да му се одмаздувам или слично,неможам,сепак знам дека тој ми е татко.Каков е,таков е мој татко е.
Сакав да кажам дека ќе зажали еден ден затоа што изгубил многу време со таа пуста негова работа,наместо да помине 5 минути со мене,дека ќе зажали за тоа што не ме познава,затоа што не ми обрнувал никогаш толку внимание колку што ми треба.Допрва растам,допрва созревам и допрва и тој ќе пропушти уште толку работи кои што мене ќе ми бидат од големо значење.
Ќе му биде криво еден ден,кога скроз ќе се оформам како личност и кога веќе ни тој самиот нема да знае како да постапува.Ќе биде прекасно за се и знам дека ќе сака да се врати времето,ама нема.
Енивеј,фала за советот,ама применет е веќе и секако не бил баш успешен...
 
Добро, во ред. А кој од советите и зошто? Стварно ме интересира.
 
Чудно е како еволуирало мислењето за мојот татко со текот на годините,без воопшто да бидам свесна за тоа.

Кога бев дете мислев дека е лош,дека не ме сака,дека е себичен и неправеден,кога одбиваше да ми помогне околу нешто или барем малку да ми олесни.Сега гледам дека не било така,дека сето тоа имало некоја цел,дека сакал од мене да направи силна личност,цврст карактер,самостојна и храбра личност.И успеа во тоа,уствари можам да кажам дека се надмина себеси.:)Ако имам некои квалитети,тоа се токму тие,и вечно ќе му бидам благодарна за тоа.Не сакам ни да помислам на што ќе личеше мојот живот ако не ги вградеше овие особини во мојот карактер,тоа е највредното нешто што го сторил за мене.

Сепак,има нешто за што ми е малку криво...за време на целиов процес на спартанско воспитување,се испречи некоја дистанца меѓу нас и ден денес ми е тешко да се отворам пред него,да побарам помош или мислење за некој проблем,иако сум сигурна дека радо би ми помогнал,но ете не можам никако.Сигурна сум дека би ме разбрал илјада пати подобро од мајка ми,али и тоа не ми помага...па секогаш гледам да прикријам проблем,загриженост,да не покажам слабост,иако знам дека тој е свесен за тоа,и мислам дека тоа е тажно.:icon_frow

Тако ми ме сака,сигурна сум и за ова.Сум ја видела неговата грижа,неговиот очај во навистина очајните моменти,неговата љубов пресликана токму во настојувањето по секоја цена ме извлече од кризата,иако објективно ја немал таквата моќ.Сум ја видела неговата гордост,тогаш кога требало да ја има заради мене и никогаш не ми недостигала неговата поддршка.

Инаку,немам никакви замерки за него...човек,ни помалку ни повеќе од другите.
Објективно гледано,мислам дека има многу квалитети како личност и го ценам многу.Можам да научам,сум научила и учам многу нешта од него.Имал и самиот тешко детство,бил ограничуван за многу нешта,па затоа гледа да не ме ограничува за ништо,иако за се` има мислење,кое јас секогаш сакам да го слушнам.Понекогаш не се согласувам,ама никогаш не мислам дека е глупо,оти стварно никогаш не е,издржано е и има некаква логика.

Немам многу допирни точки со него карактерно,но се трудам да го разберам за се` и гледам дека и тој се труди.И го прифаќам таков каков што е,со сите предности и мани,и го сакам,со сите предности и мани.Незаменлив е.:back:
 
Мојот татко супер личност понекогаш знае да биде напорен али во гобала е супер инаку последниве два месеца ме изнади многу многу добар стана ја на заебанција пред две недели му викам дај колата да се повозам тој ми вика ај оди ама полека внимавај и сега ми ја дава све почесто и почесто
 
татко ми е чесен, праведен , добар и паметен човек. секогаш ми дозволува се и мене и на сестра ми. е сега понекогаш знае да биде строг меѓутоа колку да го мразам во моментот после гледам дека тоа го прави за мое добро ... поздрав:smir:
 
Татко ми е прекрасен човек.
Ги обожавам моментите кога заедно седиме и се мазиме на креветот или кога гледаме фудбал и се расправаме за Челзи и Манчестер (јас за Челзи-тој за Манчестер). Секогаш е тука и се грижи за мене и сестра ми. Многу ми е страв кога ќе отиде на работа зошто работи со струја... се плашам нешто да не му се случи и ме фаќа паника... Многууу го сакам...:back:
 
На моменти помислувам дека е нормален чоекот. А одма у следен момент ми го докажува спротивното. А иначе претпочитам да е меѓу мртвите од колку овдека. Се страмам шо ми е татко. И коо че ме прашат кој ти е татко, ја викам немам татко.:buum:- позз татенЦе :nerv:
 
Татко ми никогаш не знае да откаче само за историја и право говоре не знае да се забавува 99,9% од работите шо ме интересират мене него му се досадни на сите утакмици има филозофски коментар за мојта музика само мрче демек лузер ке сум бла бла а металците шо биле порано сеа се најголеми газди у градо ама ој докажи му...иначе мирен човек
 
Никогаш не ги сфаќав луѓето што можат толку да мразат некоја личност, но моето мислење денес се промени за 180 степени. Толку многу ми е одбивен тој човек што не сакам ни името да му го спомнам, дефинитивно ќе бегам од дома само да станам полнолетна. Толку дволична личност немам сретнато никогаш. Не сакам веќе ништо од него, ако треба ќе одам гола, боса, ама помеѓу нас двајца се што требаше да се каже, кажано е...
 
Татко ми никогаш не знае да откаче само за историја и право говоре не знае да се забавува 99,9% од работите шо ме интересират мене него му се досадни на сите утакмици има филозофски коментар за мојта музика само мрче демек лузер ке сум бла бла а металците шо биле порано сеа се најголеми газди у градо ама ој докажи му...иначе мирен човек
Според мислењето...судир на генерации :smir: е добра работа, тоа значи општеството се развива, не стагнира. Едно размислување сега, сосем поинакво кога ќе си во години и кога ќе си татко (или мајка, без разлика) :)

Малеее, тешко било да си татко, што се ти мислат децата зад грб...
 
ЕЕ татко ми е најдобар татко за мене ,со него проаѓам најчесто цел ден да не е тој јас брат ми и мајка ми не би живеело нормално ,тој е главен он пазарува,он плаќа смети,он не вози и др
 
Епа татко ми е најдобар за мене:)Секогаш знае да се снајде и секогаш има решение:)Има некои работи што не ми се допаѓаат кај него но ете:)Го сакам..Ме створил и ке го сакам:)
 
Taтко како татко,некогаш ми оди на нерви некогаш мислам дека е најдобар на свет...Знае да се нашали во одредени ситуации,ама имало случаеви кога бил многу бесен и не смееш да му прозбориш...како и да е многу го сакам,ми дава покрив храна ми помага во одредени ситуации кога ми било тешко...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom