Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
Целата наликувам на татко ми ..од изглед,до карактер,до однесување,до постапки..
И дефинитивно имаме огормно разбирање еден за друг.Не крева тензија,гледа работите да ги реши на мирен начин (ако има фрка) ..кога се е во ред сите се задоволни.
Љубовта ми ја покажува секој ден во преголеми мери и не ми е срам ако го прави истото пред некоја моја другарка и сл. ,не ги кријам чувствата што ги имам за моите,ниту пак тие за мене.
Јас и татко ми имаме многу заеднички теми и ДЕФИНИТИВНО многу заеднички интереси. Заедно гледаме фудбал,гледаме емиции за НЛОа и абнормални ствари,за праисторија,за животни,за автомобили, слушаме иста музика !!, мн е модерен хихи си рока музиче без гајле во кола и кога ќе се врати од работа. Кога имам молба одма ја исполнува,во најтешките моменти сме заедно и си помагаме..Во најдоброто уживаме,гледаме да го искористиме во целост и да остане во добро сеќавање :pipi:

LOVE U DAD !
 
Блазе си ви на сите :)
Колку само јас би сакала уште еднаш да го гушнам.. :(
Но таков е животот..
 
Jas go obozavam tatko mi,moze da se kaze deka sum tatino galenice.Ne bi znaela sto bi pravela da go izgubam,a se poveke se plasam zaradi toa,tatko mi e bolen od rak,ima do sega 2 operacii,drugiot cetvrtok go ocekuva druga,toj mi e najgolemata potpora vo zivotot,za se me podrzuva i me sovetuva,edna od najrazumnite i najcvrstite luge sto gi poznavam e.Bez nego bi bila izgubena.
 
И во карактер и во лик,цел сум на него.За џепарлак,кога и да му побарам дава човекот,понекогаш заедно уплаќаме спортска.Секако,како и повеќето татковци,и мојот не ја сака музиката што ја слушам.Но чудна работа,му се свиѓаат некои песни од Korpiklaani :nesum: ,и гејмер е човекот бе :vozbud: .NFS Carbon лом ја прави,јас толку убаво не можам да возам колку него,и ја игра COD2.Нема понекогаш што да прави по дома и ми чачка по игрите на компјутеров.Тоа многу ме нервира кај него,што се чепка по компјутерот.Друго,не знам што да кажам,понекогаш е многу строг,али тоа се е родителска грижа.И ние ќе бидиме такви :smir:
 
Најдобриот.
Се би дала повторно да го видам, но, живот је такав чупав и длакав. Изгледа човек никогаш не може да биде потполно среќен.
 
Добар батка е овој мојот. На моменти чуден, ама добар е. Порано беше строг со мене, ама сега имаме доста другарски однос со него. Ми дава добар совет, кога ми е потребен.
 
Треба уште фурни леб да изедам да го победам во бутање со рака.
 
Немам татко. :(

Иако физички постои, се водам по whateva правилото.
 
Mojoт татко
многу ме сака
ме беси на квака
од ѕид ме ака..

шала на страна, не ме беси на квака пошо ниска е....

Татко ми, е човек кој е 24/7 во состојба да извршува физичка работа, иако изгледа како класичен американски мрзлив татко...
Со тоа што е тој овен во хороскоп, си кажува дека си е екстремно тврдоглав, и сака да команда...
Сака се да е по негово, па дури и кога идејата е моја...
Психички слаб, но со цврст карактер и зацртани цели...
Лесно избувлив, и нервозен поголемиот дел од времето...
Слабо, скоро никогаш, не ги кажува зборовите “извини“ и “у право си“ но знам дека ги мисли поради неговото набрчкано чело ради невиниот израз за време на каењето...
Мислам дека е и малце опсесивно компулсивен, што го објаснува од фактот на од каде јас го иам тоа како карактерна особина...
Човек, кој мора да вика за да мисли дека соговорникот го разбира....

Сепак, знам дека ќе направи се за мене, без обзир колку е строг...
 
Татко ми.
Ах, совршениот човек.
Прекрасен е.
Би била повеќе од среќна ако мојот маж е 1/10 од човекот каков што е татко ми.
Секогаш има време за мене, иако сме раздалечени илјадници километри.
Дури и по напорен ден, пробува да ме ислуша/прочита мене, моите проблеми и да ми даде совет.
Не знам, едноставно го обожавам.
Единствена мана му е што мисли дека сум уште малото девојче што сака да си игра со барбики и кукли, па некогаш не ме сфаќа доволно сериозно кога пристапувам со моите проблеми.
Ама душа е тато, највеќе го сакам.
 
Ангелчо рулзззз.Татко ми е ѕвел алал да му е.Знае како е да бидеш млад...И се ми дозволува и ме подржува во моите одлуки,сто неможам да го кажам тоа за мајка ми.
 
Имав некаде свој пост на темава,но неможев да го најдам.
Како и да е,еве пишувам нов...
Мојот татко е далеку од добар татко.Всушност не паметам кога последен пат ме гушнал,онака како што само татковците знаат,кога последен пат сме направиле нешто заедно,не паметам кога последен пат ми кажал:“Тина те сакам.“
Некогаш мислам дека воопшто не му значам,дека секогаш останатите му се пред мене,дека жали што постојам...дека ме смета за негова грешка.
Скоро никогаш не е дома,14 години веќе го живеам истото.Се навикнав на тоа полека.Се навикнав на тоа дека никогаш нема да имам татко како што останатите имаат,и се соочив со тоа дека работата и парите му се најважни во животот.
Се навикнав на безвезните караници што ги имаме,во врска со тоа дали патиките сум ги оставила на сред ходник или пред соба,се навикнав на тоа се да му смета,се навикнав на тоа негово дерење без причина и на тоа што незнае никогаш да каже „Извини,не сакав“.
Бесна сум на него,само јас си знам колку и додека сите овде пишуваат како нивниот татко е ѕвер,како тој е најдобриот човек во нивниот живот,дека го сакаат најмногу и дека не би знаеле што би правеле без него јас само кажувам дека тој е тој кој што најмногу ме повредува,кој што со еден збор или потег успева да ми го скрши срцето на милиони,подоцна тешко спојливи парченца.
Жалам што сум скоро иста како него во карактерот.Жалам што личам на него физички,па колку и да некогаш таа “убавина„ ми донела многу работи во животот.
Пробувам да ги скријам оние работи кои што ги имам од него,ги притискам во себе,но секогаш излегуваат на површина или пак кога ќе се погледнам во огледало.Затоа и некогаш се мразам себеси,затоа и некогаш сфаќам дека сум прав кретен во однесување кога се лутам за секоја глупава еб*на ситница,кога ми е тешко да кажам „Извини“,а да знам дека сум згрешила.Одам против тоа,но едноставно...против некои работи е тооолку тешко да се оди...:cry::cry::cry:
И нема да го завршам постов со:„Те сакам највеќе тато“ туку ќе го завршам со:
Еден ден ќе сфатиш каква ќерка имаш.Каква ќерка одгледала твојата сопруга,мајка ми.Ќе сфатиш дека си изгубил/пропуштил многу работи поврзани со мене.Ќе жалиш,ти ветувам дека ќе зажалиш за секоја моја солза предизвикана од тебе.
И не те сакам,не си ми важен,сеедно ми е тоа што ти се случува,така ме научи ти.Да бидам идиот во однесување и ете,сега си го добиваш тоа назад и допрва ќе го добиеш исто како...
БУМЕРАНГ!!!
 
Паа.. во моите претходни постови пишувам како го мразам татко ми, како не ми е важно дали е жив или мртов..... Но сега се се промени. Сега е поинаку, повеќе време поминуваме заедно и не е веќе со исти строги ставови како порано. Едноставно незнам дали е тоа мојот татко, или тоа е друг човек. Сега за СЕ има разбирање, ово оно, таму ваму.
Кога сум бил мал тој многу работел и немал време за мене.И зато ич не бевме блиски. А кога правевме муабет, ми наметнуваше негови неисполнети желби, и некои глупи ставови. А сега е болен, и сфаќам дека не треба да му се лутам за ништо, Сепак ми е ТАТКО. :smir:
 
Промена!!!
Знам дека на моменти неможам да те поднесам и ме излудуваш :nesvest:али сепак си ми татко и имаме иста крв,така да тато ако го прочиташ и виа пост каа шо си ги прочитал сите други од мене немај мака те сакам:smir: само едвај чекам од септември у ск да одам малку мир да имам од вас дома.:baeh:
 
Taтко ми..
wanna be pro cooker .. не му успева..
Живчан човек, ама го сфаќам.. премногу се труди.
Сака се да е ок, не трпи неправдини, мрази користољубивост.
Повеќе е изморен,отколку одморен..
многу пати знае да сјебе некоја работа и нормално си има последици после тоа.
Работата му е на прво место, често знае да ми дава повеќе пари отколку што ми требаат,можеби да ми покажи дека ме сака? Незнам какво е тоа покажување ама сепак го сфаќам го сака најдоброто за мене..

Исто ми се свиѓа тоа што не е турбофолкер...
Просто ги обожава Ролинг Стоунс, Елвис Присли, Ози Озборн, Мајкл Џексон, Црвена Јабука, Парни Ваљак, Рибља Чорба, Бјело Дугме...
ништо не сум наследила од него во врска со музиката очигледно :)
Единствено време кога сум заедно со него е кога гледаме акциони филмови или приказни на Тв Морис.
Ме научи да не сум ограничена со мислење и да знам да почитувам и туѓи мислења. Тоа ми е најдобрата карактеристика шо сум ја научила од него.
За мене многу не го интересира, не ни имаме таков озбилен муабет за мене праено муабет.. а и нема време.. 24/7 муабетите се вртат околу работата..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom