Инаку конкретно авионот на цртежот (оној со црвеното срце) е на Ерих Хартман кој цела војна ја помина во 52рата ловечка група. Тој е и воедно и пилот со најголем број на воздушни победи 352!!! доста се пишуваше за веродостојноста на бројката, но многу германски пилоти имаа и над 200 победи а тоа се должеше што најголем број од нив се постигнати на источниот фронт против многу понеискусни и послабо опремени противници. “Специјалност“ на Хартман е соборување на авиони со кратки рафали на големи далечини (и преку 400 метри) со т.н. отклонен рафал. Во целата своја кариера е соборен само два пати. По војната помина 10 години во заробеништво во Русија