Ваши идеи за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Јас отсекогаш сум сакал некоја воена стратегија што ќе се одвива во 20-21 век и како нивоа да обработува реални конфликти. На пример играш со Русија и праќаш 100 тенкови во Украина и партал се правите. Или со Јапонија праќаш камикази во Перл Харбор.
 
К.О.Д.О.Ш. (Како Отиде Другарот Отаде Шумата)

Време - почеток на 50те години од минатиот век.
Локација - Скопје, Југославија.
Професија - писар во фабрика за прозорци.
Животна мисија - кодошење.

Ти си човек неисполнет со себе, потиснат од новиот стил на живот после големата војна каде што учествуваш како партизан но не многу успешно. Но еден ден, го слушаш својот колега како збори лоши работи против партијата. Тоа го пренесуваш на одговорниот во партијата и тој те наградува за тоа. Ти чувствуваш среќа и како повторно да си жив. Решаваш тоа да биде твојата нова животна мисија. Да откриеш кои од твојата околина се против партијата. Како откриваш еден по еден, така добиваш поголемо искуство и помош од партијата. Движење stealth и слушање преку ѕид се твоите главни вештини. Конечната мисија, како искусен кодош е еден познат актер...


Заштитено од мене.
 
Македонска - балканска верзија на Стронгхолд 1,2,3. Наместо со англиски лордови ,со балкански владетели .
Аge of empires 3 исто со балкански владетели ,но со кратки историски скокови ( кај албанците за воџа Скендер-бег (6.05.1405 — 17.01.1468),кај нас Марко (1335 - 17.05.1395),кај бугарите Константин II Асен (1370 – 17.09.1422), кај византијците Константин IX Палеолог (8.2.1404 - 29.05. 1453),кај cрбите Стефан Душан ( 1308 - 20.12 .1355) ,кај боснаците Твртко I (1338 - 10.03. 1391), кај турците Mypaт I (1326 - 15.08.1389),кај романците Влад Тепеш (1431 - 1476 ).
За двете игри : Мисиите да бидат историски битки , а custom game да има рандом мапи. Гејм плејот да биде ист.
Првата да се дешава 11-12 век како приметор, а втората 14-15 век како вториот пример.
 
@RickyLFC9 интересна замисла. Не пиша само, како би се одвивале битките, приказната. Ќе освојуваш територии со крајна цел не знам до кај да стигнеш, цело време против различни војски или битен е само твојот напредок, а противниците ќе се рандом, на рандом локации?
Појма неам. Зависи од стилот. Ако е кампања тогаш битна е и приказната, нешто ко Call of Duty. Ако е MMORPG тогаш битни се сите противници и освојувањето територии.
 
Македонска - балканска верзија на Стронгхолд 1,2,3. Наместо со англиски лордови ,со балкански владетели .
Аge of empires 3 исто со балкански владетели ,но со кратки историски скокови ( кај албанците за воџа Скендер-бег (6.05.1405 — 17.01.1468),кај нас Марко (1335 - 17.05.1395),кај бугарите Константин II Асен (1370 – 17.09.1422), кај византијците Константин IX Палеолог (8.2.1404 - 29.05. 1453),кај cрбите Стефан Душан ( 1308 - 20.12 .1355) ,кај боснаците Твртко I (1338 - 10.03. 1391), кај турците Mypaт I (1326 - 15.08.1389),кај романците Влад Тепеш (1431 - 1476 ).
За двете игри : Мисиите да бидат историски битки , а custom game да има рандом мапи. Гејм плејот да биде ист.
Првата да се дешава 11-12 век како приметор, а втората 14-15 век како вториот пример.
Ова веќе му доаѓа мод за стронгхолд.
 
Темава е супер, мислев да отворам слична тема.Ме интересира дали има некој што сериозно сака да работи на развој на игри ? На пример да биде во тим кој има добро сценарио за игра , ќе направи квалитетна анализа за техничкиот дел и добра стратегија за indiegogo.Значи 1 година без разлика дали работи, студира или е слободен да се посвети на развој на играта.
 
Темава е супер, мислев да отворам слична тема.Ме интересира дали има некој што сериозно сака да работи на развој на игри ?
Нема, освен ако е будала. Нема пазар за тоа во радиус од 2000 и кусур километри. Многу нормално, нема ни инвеститори (издавачи).
 
Нема, освен ако е будала.
Си пробал да направиш 3D игра? Си го истражувал пазарот? Како можеш да кажеш за некој што има шанса да направи милиони $ дека е будала?
Пробај да собереш еве 100000 евра од спортска , да изработуваш веб страни или што било да работиш во некоја фирма.НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАРАБОТИШ ТОЛКУ ПАРИ!Може евентуално од берза да заработиш ,
но треба да имаш кеш.

Да, тешко е да направиш игра ама за вложениот труд добиваш ОГРОМНА награда.Значи колку вложуваш толку добиваш!

Нема пазар за тоа во радиус од 2000 и кусур километри.
Незнам за каков пазар збориш? Си слушнал за Steam!Направи игра и они ќе ти ја издадат (ако е добра).Од чиста добивка ти зимаат 25-30%.

Многу нормално, нема ни инвеститори (издавачи).
Нормално дека нема инвеститори.Треба со нив да делиш 70/30 (70 за нив).Ако луѓево чекаа на инвеститори само големите компании ќе правеа игри.Имаш indiegogo и со правилна кампања можеш да добиеш и до милион долари
 
Последно уредено:
Си пробал да направиш 3D игра? Си го истражувал пазарот? Како можеш да кажеш за некој што има шанса да направи милиони $ дека е будала?
Пробај да собереш еве 100000 евра од спортска , да изработуваш веб страни или што било да работиш во некоја фирма.НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАРАБОТИШ ТОЛКУ ПАРИ!Може евентуално од берза да заработиш ,
но треба да имаш кеш.

Да, тешко е да направиш игра ама за вложениот труд добиваш ОГРОМНА награда.Значи колку вложуваш толку добиваш!

Незнам за каков пазар збориш? Си слушнал за Steam!Направи игра и они ќе ти ја издадат (ако е добра).Од чиста добивка ти зимаат 25-30%.

Нормално дека нема инвеститори.Треба со нив да делиш 70/30 (70 за нив).Ако луѓево чекаа на инвеститори само големите компании ќе правеа игри.Имаш indiegogo и со правилна кампања можеш да добиеш и до милион долари
Сум пробувал, сум истражувал. Ај сега ти пробај.
 
Идеја број 1:

Некоја спортска игра да биде. Како фудбал на пример, пошто за тоа опасно не бива. Фудбал итоа со македонска прва, втора и трета лига. Најјакиот играч ќе има околу 50-60 оверал. :pos:
И секако, може да се додаде некоја екипа бонус од Балканов....

Идеја број 2:

Може и некоја флеш игрица на пример, од типот да си пензионер и да собираш кромид, праз и се можно по пазар за најевтина цена во ограничено време. Да се преполниш, и да трчаш да го фатиш автобусот на време после пазарењето. Кога ќе го фатиш, мисијата внатре ќе биде да ги истепаш сите со све што си купил, за да можеш да најдеш слободно место каде што ќе седнеш. Колку побрзо време, толку поголем скор. Скоровите ќе се споделуваат онлајн.

Идеја број 3:

Стратегија ќе биде последнава. Еве да речеме водиш држава...и се обидуваш да балансираш многу работи, а треба воедно џебот да ти остане преполн, а народот да не дозволиш да умре од глад. Така си вршиш мисии, лупаш ДДВ, намалуваш плати, зголемуваш пензии, поскапуваш храна, бензин....итн итн.
Воедно мора да си купиш и најсовремена кола. Се разбира, за себе треба да си обезбедиш живот од соништата.
Ќе ти штрајкуваат, ќе треба да се справиш со тоа, гужви ќе ти се прават итн итн.
За мултиплеер верзија може на пример да си бираш држава, и да ти доаѓаат инвеститори (други играчи), па да треба да се надмудрувате кој повеќе да го заебе народот, и кој повеќе ќе успее да пљачка. Кога некој народ ќе умре од глад, или ќе се исели од државата на играта, Гејм Овер. Македонија да биде најлесна земја за играње нема да биде лошо...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom