Вашето љубовно резиме оваа година

  • Креатор на темата Креатор на темата Saladin
  • Време на започнување Време на започнување
Катастрофално и дочек на 2009,и 2010.
Незнам да заведам девојка за во врска,многу сум срамежлив.
Незнам како да се надминам себе,едноставно незнам како да се пошегувам со Женско срце.
Има некаде помош/комплименти/совети за ова наведеното ?
 
Седма година по ред ништо не се променило.
Да не се подречам ( пу пу) оваа година на љубовно поле беше најмирна до сега,немаше толку подеми и падови,рамномерна линија,фала богу :)
 
беше прекрасен почеток на 2009 али неубав крај(раскинување)..крајот го краси делото нели?али како и да е то е..:salut:
 
Ужас. Во почетокот на годината се беше мирно и ок за преку летото да ми се случи тотален хаос ..безброј безначајни врски мувања влегов во врска која по два месеци заврши на најкатастрофалниот можен начин и покрај се не се замарам ама почнува да ми иде паметот кога сите околу мене се заозбилуваат па треба и јас ..дали?
 
Хм, те молам најнапред мислењево што ке го искажам да го сватиш како пријателско затоа што навистина е така. Според твоите постови на форумов секој може да заклучи дека твоето его не дозволува никое машко да допре до тебе во вистинска смисла на зборот. Тоа што своето срце го затвараш, не значи дека си недостижна...:smir:
Obvious, right? :pos: Ада не си толку “шифрателна“ колку шо мислиш. Or was this a deceive?


ОН: Мојата година беше....турлитава...онаа ко баба ми што ја прави, сто триста вида дрангулии внатре.
 
Воглавном добра беше. Кул почеток, добро лето и при крај на летото влегов во врска и еве сега фала му на бога иде врската, напредуваме и така.. :smir:
 
Хмм.. ништо посебно.. ни подеми на падови.. сепак имаше накаков хаос (во мојата глава)..

Сингл.. А пак затрескана.. на накој начин..:kesa:
 
Нашето љубовно резиме беше досадно.
Иако, морам да кажам, пошо и денешниов ден е во ова година, сеа ногу некако ми е убо и среќна сум и сум заљубена форевр енд евр. Фликс ин мај харт. <3 :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Годинава ми почна со турбо движење, толку брзо движење што запознавав еден куп народ, ама од сето тоа само ФБ пријателчиња добивав.
После тоа сингл и осамен и уморен, се до средината на август кога со една девојка со која комуницирам подолго од 6 години и нон стоп нешто не спречувало да бидеме заедно, најпосле си посветивме повеќе внимание еден на друг. Ама летото заврши, сега се гледаме ептен ретко.
 
Искрено не се сеќавам дали имав девојка оваа година :s Знам имаше повеќе ама сеуште се мислам дали одев со некоја. Знам дека е чудно ама јбг тоа е меморијата не ми е ок за вакви работи.
 
И така си помина годината ова она шо не имаше многу луѓе и на крајот си ја сакам Пчелка вкрај, :back: :vozbud::vozbud:
 
Од самиот почеток на годината па се до август на љубовно поле бев катастрофа.Во врска во која немаше почит,нежност,доверба...Само некои одбивни работи...Караници па и некогаш по некоја тепачка:kesa: Се заврши на 30.август фала Богу.Ставив крај на нештото што немаше да успее во никој случај.Решив да одмарам.Да се посветам на самата себеси.Да си дадам време за живот,за работи кои ги сакам,за другарство...И така терав сингл се до 14 ноември...:wub:Си ја најдов среќата со прекрасен човек...Некој кој нема срце да ме навреди или повреди...Некој кој ме почитува,кој прави да се осеќам сакана во секој заедно поминат момент.Истото го добива и тој од мене.Неизмерна љубов...Го сакам најмногу на светот и сакам овака да остане засекогаш...Да бидеме најсреќни и најзаљубени низ годините што следат... :back: Те сакам InF3cTeD :back:
 
Инспириран (читај позајмено) од темата „најкајганџија“ и потсетувањето дека годинава е при самиот крај, ја отварам темава да си го изнесете сопственото резиме.
Како ја поминавте оваа година на љубовен план?
Дали за прв пат, по долго време почувствувавте среќа и мир во душата кога вашите погледи се усогласија во ритемот на љубовта?
Или пак ја теравте истата песна (со/без партнерот)?
Што очекувате во наредните моменти? Дали нови турбуленции се на повидок? Или пак ќе чекате како што и досега го правевте тоа?
Па... оваа година беше навистина интересна за мене.
За прв пат вистински се вљубив, за прв пат бев интимен со некој, за прв пат осетив што значи во прегратката на некој да ја најдеш суштината на сопственото постоење: да гушнеш еден човек, а да се осеќаш како целиот свет да е твој...

Годинава, почуствував и што навистина значи првата љубов во животот на секој човек. Не верувам дека ова што и сега го чуствувам, некогаш ќе престане. Знам само дека не барав многу од врската, освен љубов, разбирање и почит. А за возврат... лицемерие, понижување, исмевање...

Оваа година, всушност, дознав што сакам, а што не.
Подобро нешто од ова, не верувам дека можело да ми се случи.

:back:
 
*рози*сатен*рози*јагоди*рози*тантела*
Лажам!
Што ми се симпатични ваквите теми,ама кога ќе се замислам почнуваат да бидат несимпатични затоа што немам нешто особено за додавање полно со суперлативи!
Ништо,било ко да не било,до мене е и критериумите,имам потенцијал за стара мома,ама не се жалам!
Глупава година по оваа тема,бљагодарам многу,но не сум разочарана!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom