Вашето љубовно резиме оваа година

  • Креатор на темата Креатор на темата Saladin
  • Време на започнување Време на започнување

Saladin

被爆者
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.804
Поени од реакции
13.740
Инспириран (читај позајмено) од темата „најкајганџија“ и потсетувањето дека годинава е при самиот крај, ја отварам темава да си го изнесете сопственото резиме.
Како ја поминавте оваа година на љубовен план?
Дали за прв пат, по долго време почувствувавте среќа и мир во душата кога вашите погледи се усогласија во ритемот на љубовта?
Или пак ја теравте истата песна (со/без партнерот)?
Што очекувате во наредните моменти? Дали нови турбуленции се на повидок? Или пак ќе чекате како што и досега го правевте тоа?
 
хм... од каде да почнам, а да направам резиме од неколку реченици...
па на почеток почна добро, нормално, стандардно, продолжување на долгата врска, но како поминуваше времето таа врска не можеше да резултира со ништо друго освен со крај на истата... Од тогаш еден период беше многу лошо, но како што почнав да се враќам помеѓу ,,живите" стануваше се подобро. Од ден на ден се навикнував да продолжам да живеам без него, и мислам дека се навикнав, дека научив. Сега си уживам во животот, без љубовни проблеми :)
и резимето :) се на се кога ќе се потсетам на оваа година можам да кажам дека ми беше и една од најубавите и една од најлошите години на тоа поле...
 
Вовед. 2009 почна ужасно. Најлошо. Почна со изневерување на пијано :kesa:. Целосно менување на мојата личност (психички).
Пауза. Пресврти, заплети со безброј мувачи во првата третина од годината, а на средината кулминација. Воедно водве..најлошото и најдоброто искуство за мене.
Потоа раскинување, пак заплет, овојпат изневерување од негова страна и секако КРАЈ на врската засекогаш. Пауза.
Расплет ! Нов човек во мојот живот за кој не сум мислела дека ќе ми биде нешто, дури и не сум знаела како изгледа од што не сум се интересирала за никој друг... Сега сум најсреќната личност на планетава :)
Дефинитивно, добар завршеток на годинава, прекрасна врска во тек за која се надевам ќе потрае и во 2010, па може и 2011... :)
 
Хаос. Како и секогаш. :icon_lol: Шала на страна, на почетокот од годината имав една кратка врска која заврши во февруари... од тогаш навака сум си single, така и најверојатно уште долго ќе си биде, а и ми одговара некако, убаво ми е вака. Мислам јас сум си затрескана подолго време, ама нели нема тоа врска со врски и слични ствари. Последно нешто кратко, а слатко што се случи на крајот од октомври, ми се случи пресврт, ми се бутна под кожа и не можам да го извадам од глава, а сме ептен далеку еден од друг. Ама добро, само на мене ми се случува изгледа толку брзо да се затрескам. Башка тука има уште милион нервирања и на ти го - дај ми го ситуации со една друга особа, што трае долг период и сум некако уморна од тоа.

Се на се - фино си е. Слободна, а затрескана. Делумно. :plete:
 
Точно од Нова Година па се до денес се плеткав со една особа.Во врска влегов 26.09.2009 со горе наведенава личност:).Врската ја завршив точно денес.
Имаше во теков на годинава и некое мување ама ништо посебно.
Сепак јас сум си задоволна...Не ни очеквев нешто сериозно.Млада сум бе:мијам:
 
Aj и јас да кажам иако не беше некое полно со турбуленции...
Љубовното резиме беше само еден монолог почнувајќи од веќе не знам кога. Невозвратена љубов, без големи очекувања, само посакување на среќа во нејзиниот живот. 2-3 моменти на слабост и истурање на емоциите од моја страна (how silly of me). Но сега посигурен и посреќен трагам, некои стари идеи променети со нови. И нормално... сам (сингл како што е „ин“ да се нарекува статусот).
 
Beautiful.

Се останато* е излишно. :back:

*освем суперлативи.
 
Хм.... Во јануари се фатив со сегашната девојка. Во март некаде се измував со 2. Во педиодот април-август бев со 5-6 отприлика. Потоа настана мал пост се до ноември каде повторно изневерив со 1 девојка. Сега моментално сум фокусиран на врската.:vozbud:
 
Иде делот за резимирање на уше една годинка порази.
Особено на ова поле.
Стварно немам што да кажам. Ужас. А, од љубов, ни љ не видов.
 
Оваја година , исто како и претходните, мртва точка, катастрофа , дебакл ...

Знам дека наредната поарно ќе биди , пошо полошо од оваја не мој
 
...Има многу да се пишува за ова!..Али јас ќе ја скратам приказнава....
Полека поминува година што мислам дека ќе ја памтам ЦЕЛ живот.
Погледите за прфпат ни се укрстија на 09.05 годинава...Не беше ‘љубов на прв поглед‘ ама ми се допаѓаше во се што ќе направи!!!..и..почнав да одам многу често на местото каде што го видоф..и така полека се спријателифме се сее беше преубавоо...поминаф најубаво лето до сега!
И додека беф во маврово цело време ми пишуваше, зборефме по 4 саата за сее и сешто...ми веруваше:))
И коа се вратиф во Скопје го добиф првиот бакнеж... послем тоа не знаеф што зборам, што правам:back:....се ова ‘‘заврши‘‘ неславно со тоа што момакот фати девојка, хмммм..и едно време не се познавафме:/
Алии мислам дека може се да биде као порано...Се надевам претстојнава година ми носи убави нешта во љубовен план...:pipi::smir:
Па така накратко кажанОо ...2009 ств. година за паметење...ПРЕУБАВО:wink::helou:
 
Најплодна година ми беше оваа 2009.Кратки сексуални авантури имаше многу поготово летото,сега сум во убава врска се е како што треба да биде се надевам така ќе остане.

Оцена за оваа година на љубовно-сексуален план 9ка.
 
Иде делот за резимирање на уше една годинка порази.
Особено на ова поле.
Стварно немам што да кажам. Ужас. А, од љубов, ни љ не видов.

Хм, те молам најнапред мислењево што ке го искажам да го сватиш како пријателско затоа што навистина е така. Според твоите постови на форумов секој може да заклучи дека твоето его не дозволува никое машко да допре до тебе во вистинска смисла на зборот. Тоа што своето срце го затвараш, не значи дека си недостижна...:smir:
 
Во Новата 2009 влегов заедно со мојата љубов. Се уште сме заедно. Се надевам дека заедно ќе ја дочекаме и 2010,2011,2012..... Можам само да кажам дека оваа година сум најзаљубена :pipi:. И сакам така да остане.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom