Вашето дете се дрогира?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
Јас моето (сеуште неродено дете) планирам да го одгледувам и воспитувам во знакот на науката, согледување на суштината на нештата и откривањето нови хоризонти. Во оваа насока, главна и основна движечка сила е љубопитноста. Кога љубопитното дете, жедно за знаења од сите области ќе го пуштам во вистинскиот свет, тоа ќе сака да го види и осознае животот од сите можни аспекти. Дрогата е еден аспект на социјалниот живот кој кој едноставно не може да се избегне, затоа што е интегриран во lifestyle-от на модерното време. Не можам да очекувам дека моето дете ќе биде глуво, слепо и неосетливо на околината, освен ако не е аутиста. Единствено што сакам да очекувам е дека ќе размислува со своја глава и ќе ја препрашува веродостојноста на официјалните и неофицијалните авторитети, дури и по цена на конфликт со учесниците во образовниот, социјалниот, па и законодавниот систем. Од себе си можам да очекувам дека нема да го лажам детето или да му кажувам невистини во врска со животот, само затоа што тоа во тој момент е полесниот пат.

Според мене, неинформираноста на родителите кои ја демонизираат дрогата, фрлајќи ја целата во еден кош, придонесува децата да ги отфрлат информациите од родителите како неточни и бескорисни и да ги прифатат размислувањата од средината, што е екстремно опасно. Еве пример на размислување на пубертетлија:

Татко ми вика дека дрогата е зло, а тие што користат наркомани и не треба да ги дружам. На телевизија оној чичкото од Центарот за борба со зависности рече дека и алкохолот е дрога, а тато без пиво не седнува на ручек. А кога ќе се соберат по имендени и родендени и слави роднините се праат лом не знаат што зборат. Мене ми го забрануваат она што и самите го прават. Зошто да им верувам? Зошто да ги слушам? Поима немаат. Другар ми Тино дува од осмо оделение и ене го сеа ќе заврши средно и е одличен ученик. Значи стварно на моите им поминал рокот на траење и благе везе немаат од животот.

Со подобра информираност и реално разбирање на ситуацијата, родителите можат многу повеќе да се приближат до децата, да ги запознаат нивните другарчиња, навики за излегување, и да ги увидат знаците на промена уште во зачеток, а не кога ќе биде касно.

Јас ќе и верувам на ќерка ми дека нема да дува трева у школо, и дека нема да меша алкохоли, или нема да меша алкохол и party drugs. Она ќе ми верува дека хероин е дрога без хепиенд, а јас ќе и верувам дека е паметна. Понатаму, нека му верува на здравиот разум.

Тоа е тоа, ајмо сад :violent1: , спремна сум.
 
Ако го фатам дека се дрогира, ќе го дигнам на клоци, да го разбере цело маало...Па после ќе седнам и ќе му кажам дека ако уште еднаш му се повтори да си бара друг дом...
 
У реду е тоа,ама така у никој случај нема да престане да се дрогира,значи ништо поконкретно нема да напраиш,освен што ке си го изгубиш детето,и веројатно е дека некој ден ке ти го донесат дома предозирано или во најлош случај-мртво.
 
Јас мислам дека родителите не се криви, и да се, може само највеќе до 40%, бидејќи се зависи од карактерот на детето. Некои деца (читај: млади луѓе, тинејџери) мислат дека се што лета се јаде, се сакаат да пробаат, а ако им се укаже шанса не ни размислуваат, никако не пропуштаат шанса, па после дека ќе се каат не мислат. Можеби и јас сум уште во тие години и не треба да коментирам, ама јас секогаш сум размислувала за последиците, дури и премногу. Никогаш не сум живеела само во сегашноста, туку секогаш сум мислела на иднината, т.е. на последиците. Како што реков, уште сум во тие години, не се знае, сеа, не дај Боже мислам, ама родителите според мене не се главните виновници, денешнава младина забега, не може веќе ни родителот да го контролира своето дете. Таа приказната што ни ја кажа spooky за некое дете е чиста случајност. Многу ретка случајност, затоа што ако веќе еднаш си се дрогирал, и да се извлечеш, секогаш нешто ќе те враќа, ќе паѓаш во кризи...моето мото е: еднаш наркоман, секогаш наркоман.
 
У реду е тоа,ама така у никој случај нема да престане да се дрогира,значи ништо поконкретно нема да напраиш,освен што ке си го изгубиш детето,и веројатно е дека некој ден ке ти го донесат дома предозирано или во најлош случај-мртво.

Ваљда од ќотекот ќе му дое памет? ... Ќе си рече, дај да не праам глупости ем пак ќе јадам ќотек, ем нема дома да ме примат...Бар ја така размислувам
 
Нема баш да му дојде памет . Туку утеха ќе бара во дрогата бидејќи бил веќе отфрлен од фамилијата. Дрогата е зависност , болест ...После подолго дрогирање ќотекот не е доволна причина да се откаже детето :)
 
У реду е тоа,ама така у никој случај нема да престане да се дрогира,значи ништо поконкретно нема да напраиш,освен што ке си го изгубиш детето,и веројатно е дека некој ден ке ти го донесат дома предозирано или во најлош случај-мртво.
Да не се чувствувале убаво кога се под дејство на дрога, немало да се дрогираат.
Размислете малку.
Зошто некој друг да одлучува за нивниот ( се мисли на децата ) живот?
Ако сакаат да се дрогираат, нека се дрогираат.
Тоа ако користиш дрога, незначи дека ќе се предозираш или ќе умреш.
Сите ќе умреме еден ден, без разлика дали се дрогираме или не.
Моето мото е: не е важно колку живееш, туку како живееш.
 
Аууу...да дознаам дека моето дете се дрогира...најверојатно одма ќе побарам помош од стручно лице.И ќе направам се шо е во моја моќ,да го одвикнам детето од таа лоша навика.
 
Т.е. ќе направиш се` што е во твоја моќ, да на детето, присилно ( директно или индиректно ), да му ги надметнеш твоите мислења и ставови.
Лошото и доброто се релативна работа.
Со други зборови, секој, речиси секој, си има свој став за работите околу него, дали се добри или лоши. Нормално е тоа дека секој за своите ставови мисли дека се оние „вистинските“,правилните и.т.н.
Но, тоа не претставува причина да ги надметнуваме нашите мислења и ставови на други луѓе, иако со тоа можеби мислиме дека правиме добро дело, но со тоа го повредуваме правото на слободен избор, на слободна волја.Дали некој од вас би се чуствувал убаво кога би немал право на слободен избор и волја? Сега, можеби, за инает, ќе пишете, дека присилното надметнување на нашите ставови и мислења, во овој случај е ОК, но, не е така.
Сепак, без разлика на околностите, се работи за повредување на правото на слободен избор и волја.
Секој, речиси секој, се бори да докаже дека неговите ставови се оние „вистинските“, што значи, дека исто како вас, и вашето дете ќе се обиде да докаже дека неговите ставови се правилни.
Од ова „докажување“, нема да има победник, па затоа оние помоќните, се решаваат на друг начин, присилно, да ги надметнат своите мислења.Ова, во никој случај, не е во ред.
Размислете малку....
 
Да не се чувствувале убаво кога се под дејство на дрога, немало да се дрогираат.
Размислете малку.
Зошто некој друг да одлучува за нивниот ( се мисли на децата ) живот?
Ако сакаат да се дрогираат, нека се дрогираат.
Тоа ако користиш дрога, незначи дека ќе се предозираш или ќе умреш.
Сите ќе умреме еден ден, без разлика дали се дрогираме или не.
Моето мото е: не е важно колку живееш, туку како живееш.

Немој да трескаш глупости, да те видам тебе ако твоето дете недај боже се дрогира па ќе видиш дали вака ќе размислуваш. Не го зборувам ова од искуство ама можам да замислам како би се чувствувал родителот. Плус, родителот секогаш е тој што највеќе го сака своето дете и тој знае секогаш што е најдобро за него (постојат и исклучоци но во глобала е така). Не ти држи многу ова мислењето погоре:tapp:
 
Ваљда од ќотекот ќе му дое памет? ... Ќе си рече, дај да не праам глупости ем пак ќе јадам ќотек, ем нема дома да ме примат...Бар ја така размислувам
Зависи од степенот на навлезеност.
Ако е сеуште на почеток,тогаш можеби и ке има некаков ефект.
Но,ако е детето длабоко навлезено во тие води,котекот само ке претставува стимулација и оправдување за да продолжи.
Во такви случаи,разговорот и подршката на детето во неговата борба да се извлече се најпродуктивни.
Зошто некој друг да одлучува за нивниот ( се мисли на децата ) живот?
Ако сакаат да се дрогираат, нека се дрогираат.
Тоа ако користиш дрога, незначи дека ќе се предозираш или ќе умреш.
Половично се согласувам со кажаното.Никој нема право да се меша во личните одлуки на една личност,се додека тие не повредуваат никој со тоа.Сепак,од тоа правило постојат исклучоци.На пример,никогаш не би му забранил на детето да користи марихуана или печурки на пример,бидејки знам дека бенефитите од овие две растенија,се далеку поголеми од евентуалните штети што би ги предизвикале,кои се далеку помали од оние предизвикани од алкохол или дури и цигари.
Сепак,во никој случај не би можел да стојам настрана и да гледам како моето дете употребува некоја тешка дрога(хероин,метамфетамин,кокаин) и како си го уништува животот.Попрво би си го одзел својот живот,отколку да дозволам пред мои очи детето да си го уништи својот.
Лошото и доброто се релативна работа.
Со други зборови, секој, речиси секој, си има свој став за работите околу него, дали се добри или лоши. Нормално е тоа дека секој за своите ставови мисли дека се оние „вистинските“,правилните и.т.н.
Но, тоа не претставува причина да ги надметнуваме нашите мислења и ставови на други луѓе, иако со тоа можеби мислиме дека правиме добро дело, но со тоа го повредуваме правото на слободен избор, на слободна волја
Секоја чест,прекрасно кажано.:olee:
 
Да не се чувствувале убаво кога се под дејство на дрога, немало да се дрогираат.
Размислете малку.
Зошто некој друг да одлучува за нивниот ( се мисли на децата ) живот?
Ако сакаат да се дрогираат, нека се дрогираат.
Тоа ако користиш дрога, незначи дека ќе се предозираш или ќе умреш.
Сите ќе умреме еден ден, без разлика дали се дрогираме или не.
Моето мото е: не е важно колку живееш, туку како живееш.

OMFG ...

Pa dobro podrugo i ne se ocekuvase od TEBE .

п.с Морал и Етика , знаеш шо се ?
 
Т.е. ќе направиш се` што е во твоја моќ, да на детето, присилно ( директно или индиректно ), да му ги надметнеш твоите мислења и ставови.
Лошото и доброто се релативна работа.
Со други зборови, секој, речиси секој, си има свој став за работите околу него, дали се добри или лоши. Нормално е тоа дека секој за своите ставови мисли дека се оние „вистинските“,правилните и.т.н.
Но, тоа не претставува причина да ги надметнуваме нашите мислења и ставови на други луѓе, иако со тоа можеби мислиме дека правиме добро дело, но со тоа го повредуваме правото на слободен избор, на слободна волја.Дали некој од вас би се чуствувал убаво кога би немал право на слободен избор и волја? Сега, можеби, за инает, ќе пишете, дека присилното надметнување на нашите ставови и мислења, во овој случај е ОК, но, не е така.
Сепак, без разлика на околностите, се работи за повредување на правото на слободен избор и волја.
Секој, речиси секој, се бори да докаже дека неговите ставови се оние „вистинските“, што значи, дека исто како вас, и вашето дете ќе се обиде да докаже дека неговите ставови се правилни.
Од ова „докажување“, нема да има победник, па затоа оние помоќните, се решаваат на друг начин, присилно, да ги надметнат своите мислења.Ова, во никој случај, не е во ред.
Размислете малку....

Има право !!!

родители па кај ви е главата , остајте си ги децата да прават што сакаат за едно-две генерации ќе има анархија . Остајте ги да си бутат срања во вените , да дуваат гомна , така одлучиле .Не им ги менете ставовите , па ако треба и да си го уништат животот .

Браво , Агора . одлично размислуваш !
 
ма какво мавање... не дека ќе сменам нешто со ќотек... ќе го седнам... ќе си се надуваме ( да види што мама правела коа била млада).. барем ако праи глупости со мене да ги праи ... цајкани да не го бркаат...
абе ако е за трева ко ќе видиш не е некоја катастрофална ситуација... полошо ќе е кога ќе е на потешки дроги
 
Да не се чувствувале убаво кога се под дејство на дрога, немало да се дрогираат.
Размислете малку.
Зошто некој друг да одлучува за нивниот ( се мисли на децата ) живот?
Ако сакаат да се дрогираат, нека се дрогираат.
Тоа ако користиш дрога, незначи дека ќе се предозираш или ќе умреш.
Сите ќе умреме еден ден, без разлика дали се дрогираме или не.
Моето мото е: не е важно колку живееш, туку како живееш.

Т.е. ќе направиш се` што е во твоја моќ, да на детето, присилно ( директно или индиректно ), да му ги надметнеш твоите мислења и ставови.
Лошото и доброто се релативна работа.
Со други зборови, секој, речиси секој, си има свој став за работите околу него, дали се добри или лоши. Нормално е тоа дека секој за своите ставови мисли дека се оние „вистинските“,правилните и.т.н.
Но, тоа не претставува причина да ги надметнуваме нашите мислења и ставови на други луѓе, иако со тоа можеби мислиме дека правиме добро дело, но со тоа го повредуваме правото на слободен избор, на слободна волја.Дали некој од вас би се чуствувал убаво кога би немал право на слободен избор и волја? Сега, можеби, за инает, ќе пишете, дека присилното надметнување на нашите ставови и мислења, во овој случај е ОК, но, не е така.
Сепак, без разлика на околностите, се работи за повредување на правото на слободен избор и волја.
Секој, речиси секој, се бори да докаже дека неговите ставови се оние „вистинските“, што значи, дека исто како вас, и вашето дете ќе се обиде да докаже дека неговите ставови се правилни.
Од ова „докажување“, нема да има победник, па затоа оние помоќните, се решаваат на друг начин, присилно, да ги надметнат своите мислења.Ова, во никој случај, не е во ред.
Размислете малку....

А што се родителите кажи ми???? Треба само да ги направиш децата, женати да ги роди и да ги оставиш нека си уживаат во животот! Така? А си слушнал за зборот воспитување????? Што ќе беше светот ако сите си правиме што сакаме?
Живееме во едно општество каде што треба да се почитуваат некои норми и правила. Не се живее во племиња па прави што сакаш ај. Должност ти е тебе ти да се грижиш и да ги воспитуваш децата ако не си знаел. Ако не планираш да ај исполниш таа должност подобро не ни имај деца.
Твоето дете треба да си има свои цели и избори точно али не е избор дрига, алкохол, коцкање и други вакви девијантни појави. Тоа е спротивно на нормите, така да не можеш ти на детето да му дозволиш слободно да се дрогира. Може да дозволиш да одбере факултет, да одбере што да работи, да одбере свое друштво но не и да се дрогира.
Али сега збориш вака, али ако бидеш родител еден ден нема да ти е сеедно ако син ти или ќерка ти се дрогира, па доаѓа дома издрогирана, па ти доаѓа со лошо друштво, па не ја гледаш со денови, па краде низ дома зашто нема пари за дрога, па почнува и од други да краде ... а ти си уживаш дома и си викаш ако деца супер само така!
не верувам... така да размисли убаво и укључи го мозокот малце
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom