Вашата замисла или стручна помош?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Имате нов дом(или веке постоечкиот) кој ке треба да се уредува,реновира,преуредува.Би го направиле тоа сами,според вашата замисла без да се плашите дека ке утнете па ке треба се одново,или би ангажирале стручно лице кое ке го осмисли цел слободен простор и на крај би требало да ви се допадне,а и што ако тоа "стручното" не ви се допадне?
 
Си правам план како сакам да ми изгледа просторот што треба да се уреди, а ако имам некои мали дилеми консултирам стручно лице. Иначе основната замисла би требало да биде моја
 
По моја замисла. Само јас можам по моја мерка да си ги изреализирам идеите. Може малку стручна помош, но у глобала сама би сакала да си го уредам домот.
 
Ќе побарам совет од некој постручен меѓутоа доколку не ми се допаѓа нема да го прифатам.Можеби не сум некој декоратор ама сепак знам отприлика што сакам дома а што не.
 
Визуелизирам како сакам да ми биде местото, моите навики и потреби, и наоѓам идеална ситуација, која со тек на времето во изработката, заради невозможност или преголеми материјални потреби од реалните, таа идеална состојба станува помалце идеална.

+ Грешки на мајсторите кои дополнително отежнуваат на идеалната замисла. Кај мене сите мајстори што работеле, направиле некои грешки што многу повеќе кошта да се преправат, отколку да се навикнеш :)

Зборувам за мајстори кои се „професионални“ во тоа што го работат, што ми биле препорачани од кај што сум купил или што важат за „уходани“ во работата.

Тоа го заклучив реновирајќи го мојот стан од нула (водовод, електрика, глетовање и фарба, дограма, плочки...), дека кај нас треба фирми кои ќе располагаат со комплет работници за се, што ќе одговараат за нивните грешки, ти да речеш „Сакав вака, а не сте го направиле така иако ми рековте“ и тоа да се поправи, а не да ми речат „Абе она ни правеше многу проблеми, па.....“

Повеќе сум спремен да платам за квалитет и „безгрешност“, отколку да се расправам со мајстори и пак јас да ги плаќам нивните грешки.

Памет за следен проект :). Без моја дозвола и присуство ништо нема да оставам да се прави.
 
cYb3rc0re напиша:
...Без моја дозвола и присуство ништо нема да оставам да се прави.
Има и друга варијанта. Фирма/изведувач кој ти дава стан клуч на рака и ти одговара. Фирмата си плаќа надзор (веројатно надгледувач е литературно, али долг збор за пишување е :)) кој се грижи се да е по проектот и квалитетно изведено.

Помага кога надзор ти е проектантот, бидејќи така најдобро може да ја спроведе замислата.

Во спротивно, денеска е тешко да се верува на секој "мајстор" кој ти е "препорачан". Побарај нареден пат фирма со искуство, која има своја проверена екипа, и ризикот од грешка ќе е сведен на миминум.
 
Па пред 3 години кога ми ја правеа собата секој дел до детал беше според моја замисла според мои (иако мизерни) цртежи и излезе баш како што сакаф.... така да и ден денес сум задоволна и си се чувствувам убаво у мојата соба :) И кога би требала да бирам сега, повторно би се водела според моите замисли, значи треба да изгледа убаво, да биде функционално и пред се да се чувствувам убаво таму...
 
Па по моја замисла, затоа што сум стрчен за тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom