Вашата реакција во случај на опасност

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.976
Поени од реакции
25.649
Во текот на животот се соочуваме со безброј опасни ситуации.
Вообичаено човечкиот мозок реагира на опасен настан така што се активираат две мозочни кола, преку едното се испраќаат информации до церебралниот кортекс кој ја оценува ситуацијата и донесува рационална пресуда. Преку другото се испраќаат информации до амигдалата која праќа импулси на автономниот нервен систем. Овој систем ја активира „бори се или бегај“ реакцијата, дури пред церебралниот кортекс да „донесе одлука“ за информациите. Откако ќе се активира, се забрзува работата на срцето, се ослободуваат стрес хормоните, така што овие и други реакции ви помагаат да реагирате брзо во случај на опасност.

И покрај ова, некои луѓе воопшто не реагираат во моментот, односно првичната реакција им е „скаменување“, или полошо, онесвестување, што дополнително ја зголемува опасноста во ситуацијата.

Како вие реагирате во опасни ситуации? На кој начин сметате дека можат да се надминат непосакуваните реакции? Познавате ли некој кој успеал да го „истренира“ инстинктот за преживување и ги надминал таквите реакции, на кој начин?
 
Колку што се познавам себеси доколку станува збор за опасна ситуација кога некој би ме нападнал или нешто слично(не дај боже) најверојатно првата работа која би ја направила е да ми дојде да урлам да викам колку што ме држи и не ме држи глас,второ ќе мавам,гризам,гребам,и трето шприт трчање.
Инаку да напоменам дека како помала кога се имам тепано со брат ми во тие моменти ми доаѓа некоја сила мислам ко од пети да ја вадам можам да срушам се пред себе.Мислам дека самата опасност ќе те натера да добиеш некоја сила за да се одбраниш.
Кога станува збор за инстинкт за преживување секој од нас како битие го има само некој во поголема мера некој не.Ова најверојатно зависи кој колку во животот се соочувал со опасни ситуации или кој колку во животот се спремал доколку се соочи со опасни ситуации.
А моето мислење за луѓе кои го истренирале својот инстикт за преживување се сведува на еден единствен човек кој го познавам,но да кажам дека овој човек има учествувано во војната во 2001 и дека е дел од Алфи со тоа што е под постојани психички и физички вежби многу нормално дека го има усовршено овој инстинкт,а други вакви луѓе не познавам но сметам дека доколку се концентрираш и навистина вложиш напор и труд за да достигнеш некое такво ниво ќе успееш.
п.с поправете ме ако нешто погрешно сум разбрала или напишала
 
@Agda Beata

Реакцијата зависи од повеќе фактори.
Возраст, искуство, карактер, припрема, моментална психифизичка состојба, дали е особата под некои субстанци итн.

Инаку да, можеш да се истренираш за одредени ситуации, но за оние непредвидливите мислам дека највеќе зависи од карактерот.

Мене лично таков ми е карактерот што не памтам дека сум испаничил некад т.е трпелив на граница со флегматичен.
 
Ja u princip sum slow, nizok pritisok, flegma. Zatoa ne pagam lesno na jumpscares, dali film, dali u zivo onaka.
Taka I za opasnosti. VO VRSKA SO MENE.

A za drug, koj mi znaci najverovatno, sum epten refleksen. Kako ninja. I uvek brzo reagiram.

What is up with that, Agdeh?
 
@Agda Beata

Реакцијата зависи од повеќе фактори.
Возраст, искуство, карактер, припрема, моментална психифизичка состојба, дали е особата под некои субстанци итн.

Инаку да, можеш да се истренираш за одредени ситуации, но за оние непредвидливите мислам дека највеќе зависи од карактерот.

Мене лично таков ми е карактерот што не памтам дека сум испаничил некад т.е трпелив на граница со флегматичен.

Апсолутно дека зависи од карактерот и психофизичката состојба на човекот. Среќа што се променливи и може да се подобрат и ојачаат. Како што спомна девојката погоре за личноста која преживеала војна, постојано тренира како да се справи во опасни ситуации и сметам дека овие тренинзи се неопходни за сите, не само за воени лица, особено за луѓето кои имаат проблем со когнитивна парализа.
 
Постотојат такви луге, со желба за смрт кои што и се смејат на опасноста во лице.
 
Постотојат такви луге, со желба за смрт кои што и се смејат на опасноста во лице.
Сакам опасност по живот и се тоа ми е интересно и смешно незнам како да опишам. Уште како мал сум сакал и сум правел некои работи при кои сум можел да настрадам како пример намерно шутирање топка во двор каде што знам дека чуваат куче одврзано и одење сам да ја земам и да го налутам кучето да ме бркат и јас да трчам и да се смеам. Пред некое време незнам како се случи бевме св.Еразмо црква е во Охрид со другари на враќање пред нас се чукнаа две коли и дугариве буквално се стресија пошо дел од една од колите падна пред нас....јас се смеев интересно ми беше и на еден од шоферите во фаца му се смеев ко излезе раскрвавен :/
 
Daredevil?:D

Адреналинот е зависност и за некои личности може да биде многу добра награда без која што нема да учествуваат во ниедна авантура.

Една прикаска и од мене...
Во војска АРМ служев на караула Богородица.
Често(за викендите кога немаше старешини и од двете страни) знаевме да отидеме или да ни дојдат грците на гости за да играме табла и да, да се пие узо или ракија.
Еднашка двајца од нив почнаа да јадат говна против Македонија и историјата.
Ги напивме здраво на нивни терен и заспаа некаде сабајле околу 4 сите до еден, им ги собравме Томпсонките и нашето знаме на нивни јарбол го развиоривме.:oeoeoe:
Пошто караулата е доста блиску, сабајлето во понеделник едвај чекавме да им дое старешината на работа и да почне да им се дере.
Послатко у живот се неам смеено од тогаш.:lolzz:
 
Последно уредено:
Во зависност од ситуација реагирам различно, рецимо ме имаат мавано 2-3 пати огромни џукели мислам дека во животот побрзо немам трчано, сега кога размисалм сум можел на Јусеин Болт на црта да му излезам, друга работа ми се имаат курчено некои глупаци како дете несум бегал но сум го јадел, а и го јаделе од мене така да зависи од опасноста различно реагирам...:)
 
Апсолутно дека зависи од карактерот и психофизичката состојба на човекот. Среќа што се променливи и може да се подобрат и ојачаат. Како што спомна девојката погоре за личноста која преживеала војна, постојано тренира како да се справи во опасни ситуации и сметам дека овие тренинзи се неопходни за сите, не само за воени лица, особено за луѓето кои имаат проблем со когнитивна парализа.
Па да само што постојат многу непредвидливи ситуации. За некои од почестите од поодамна требаше да се воведат ама сеуште никој не мрднува со прст на тема едукација.

Во МК можеби 90%(вклучувајќи ме и мене) не знаат да укажат прва помош при несреќа. И при имање недоволно информации можни се три сценарија...
Да замрзнеш
Да испаничиш
Да стоиш беспомошен

Сите три се подеднакво страшни.

П.С Мене ме интересира дали можно е некој тренинг да се употреби за непредвидливи ситуации ова би требало да биде многу потешко за изведување.
 
Можеш да тренираш за да укажеш прва помош, како да се снајдеш во случај да избие војна... Психолозите сметаат дека оваквите тренизни те прават психички поспремен за да се снајдеш во некои непредвидливи опасни ситуации и тоа не само со читање и гледање видеа на јутуб, туку тренинг во пракса. Колку повеќе работи умееш, толку повеќе стануваш свесен за опасноста која може да избие, а со тоа и ја намалуваш и шансата за когнитивна парализа.
 
Да де логично е тоа. Муабетот ми беше идеално решение би било доколку се развие универзален тренинг на потсвеста што би бил корисен во секоја екстремно непредвидлива ситуација.

Додека за оние предвидливите е ок да имаш тренинг, но сепак ги има премногу и губење на време е за сите можни сценарија да се спремаш, тогаш воопшто нема да живееш.
 
Зависи од дадена ситуација, момент и ти во каква состојба се наоѓаш а и повеќе фактори може да влијаат пр. дали си сама во околината, има други во близина, ја знаеш околината и сметаш дека може да помогнеш. - ова во случај да речеме на физички напад
 
Не можеш никогаш да знаеш, се дури не се почувствуваш егзистенцијално загрозен и дур не прошика адреналинот до плафон и проработат примордијалните инстикти.[DOUBLEPOST=1452618241][/DOUBLEPOST]
Постотојат такви луге, со желба за смрт кои што и се смејат на опасноста во лице.
Се викаат идиоти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom