Вашата колекција на фудбалски дресови

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Некој дали нарачувал дрес од овие Sportisimo, да каже од прилика каков квалитет се, дали вреди за тие пари (1000ка)? :D
 
А се спремав да отворам ваква тема, напишав цел реферат и после ми текна да побарам случајно некој да не отворил.

Еве ја мојата засега скромна колекција која се појача последниве шест месеци благодарејќи на classicfootballshirts.co.uk
Какви само дресови имам пазарено за 20-25 евра, свака им част. Би ја препорачал на секој љубител на фудбалот и фудбалски дресови. Имаат преголем избор на дресови, тренерки, тренинг маици, штуцни, гаќици итн., на не само познати тимови туку и оние помалку познати. Можат да се најдат дресови на англиски нисколигаши, некој просечни јужно-амерички и афрички тимови...
Од Македонија досега само Шкупи продаваат свои дресови таму.

Во спојлер секој дрес на закачалка и годината.

1687626793733.png


Ќе започнам со највредниот.
Овој дрес е лично носен од Милан Илиевски кога беше капитен на Вардар 2011-12. Тој период бев активен член на Комити и еден дечко од Loyal Fans го фати дресов мислам во Кратово против Силекс и после некој месец го објави за продажба. Не знам дали му беше зорт или имаше многу дресови фатено али прилично евтино го платив. Некои 2 илјадарки ако не се лажам. Не е во одлична состојба, но не е ниту премногу уништен и последниве три години воопшто не е носен за да не се пере повеќе. Ќе го урамам еден ден тоа сигурно.

Vardar 11-12 f.jpgVardar 11-12 b.jpg


Да продолжиме со Вардар.
Сезона 2016-17 мислам. Катастрофален квалитет, логото е штампано а не везено, едноставно криминал. Платен исто колку и наредниов на Саутемптон. Разлика небо-земја.

Vardar 16-17.jpg

Саутемптон, сезона 2022-23. Начекан на промоција, денеска ми пристигна.
Доста добар дизајн.

Southampthon 22-23.jpg

Интер 2015-16 гостински дрес. Сеуште Пирели беше главен но имаа Driver како преден спонзор таа сезона на гостинските дресови.
Солиден квалитет, носен многу пати само буквите од рекламата малку се изљуштиле, остало е све во топ кондиција.

Inter 15-16.jpg


Не нарачувам дресови со играчи и ова беше првиот пат кога го направив тоа. Нарачав Икарди дрес од Интер. Сезона 17-18. Го купив на крајот од сезоната и копилето си отиде од Интер. Седеше во плакар долго време дресов а и многу веројатно дека ретко ќе биде носен во иднина. Овој е единствен дрес кој е купен за поефтино од стандардната цена за оригиналите, купен е во една спортска продавница во Малта и иако ги има сите тие мали детали, се сомневам во оригиналноста.

Inter 17-18.jpg


Интересен дизајн и добар материјал.

Fleetwod Town 21-22.jpg


Розевиот од изминатава сезона 2022-23 без спонзор. Солиден дрес, убави бои, таман за у колекција.

Everton 22-23.jpg


Watford 22-23.jpg


D.Dresden 21-22.jpg

Бомба дизајн и одлични детали овој црниов на Глазгов Ренџерс. Еден од поубавите во колекцијава.

Rangers 21-22.jpg

Сериозно стар дрес. Сигурно е купен/добиен некаде 1998-2000. Со старото лого и име - ФСМ.
Подарок ми е од братучед. Многу луѓе го носеле дур да стигнел кај мене. :)
И покрај толку носења и перења, сеуште е во солидна состојба. Освен логото на Пума кое е само избледено, се друго е скоро ко ново а преку 20 години е дресов.

Maceedonia 1998.jpg


Овој е претпоставувам 2006. Не можев да најдам а и премалку барав, податоци кога точно ги носеше Македонија овие дресови ама од прилика знам дека беше тој период. Слаб квалитет. Логото е доста не квалитетно и речиси целиот дрес изгледа ефтин. Величина демек XL a ќе му одговара и на човеккој носи L.
Истотака подарок од братучед ми.

Macedonia 2006.jpg

Стеауа, гостински дрес, сезона 2014-15. Се шокирав колку беше скап со оглед на тоа што не беше тековната сезона и е веројатно најскап во колекцијава. Купен во Букурешт.
Одличен квалитет. Премалку носен и може да е најдобро сочуван во колекцијава заедно со оној од Саутемптон кој сеуште е со етикета.
Не сакам толку дречливи бои да носам ама сакам да ги имам во колекција затоа што се необични.

Steaua 14-15.jpg



Колекцијава требаше да биде побогата за уште два дреса ама се решив да му ги подарам на брат ми.
Имав еден ваков дрес од Њукасл 2014-15 и дрес на Пандев од Лацио кој лично Горан му го има поклонето на една македонска фудбалска легенда чиј внук ми е многу добар другар. Му го дадов на брат ми затоа што он е фан на Лацио и иако ќе беше можеби највредниот во колекцијава сепак он го заслужува повеќе од мене.



П.С. Ако некој има дома дрес што му стои и е во добра состојба а притоа не го носи и сака да заработи некој денар, пишете порака со слика па ќе се договориме.
 
А се спремав да отворам ваква тема, напишав цел реферат и после ми текна да побарам случајно некој да не отворил.

Еве ја мојата засега скромна колекција која се појача последниве шест месеци благодарејќи на classicfootballshirts.co.uk
Какви само дресови имам пазарено за 20-25 евра, свака им част. Би ја препорачал на секој љубител на фудбалот и фудбалски дресови. Имаат преголем избор на дресови, тренерки, тренинг маици, штуцни, гаќици итн., на не само познати тимови туку и оние помалку познати. Можат да се најдат дресови на англиски нисколигаши, некој просечни јужно-амерички и афрички тимови...
Од Македонија досега само Шкупи продаваат свои дресови таму.

Во спојлер секој дрес на закачалка и годината.

Прегледај го приврзокот 382450


Ќе започнам со највредниот.
Овој дрес е лично носен од Милан Илиевски кога беше капитен на Вардар 2011-12. Тој период бев активен член на Комити и еден дечко од Loyal Fans го фати дресов мислам во Кратово против Силекс и после некој месец го објави за продажба. Не знам дали му беше зорт или имаше многу дресови фатено али прилично евтино го платив. Некои 2 илјадарки ако не се лажам. Не е во одлична состојба, но не е ниту премногу уништен и последниве три години воопшто не е носен за да не се пере повеќе. Ќе го урамам еден ден тоа сигурно.



Да продолжиме со Вардар.
Сезона 2016-17 мислам. Катастрофален квалитет, логото е штампано а не везено, едноставно криминал. Платен исто колку и наредниов на Саутемптон. Разлика небо-земја.


Саутемптон, сезона 2022-23. Начекан на промоција, денеска ми пристигна.
Доста добар дизајн.


Интер 2015-16 гостински дрес. Сеуште Пирели беше главен но имаа Driver како преден спонзор таа сезона на гостинските дресови.
Солиден квалитет, носен многу пати само буквите од рекламата малку се изљуштиле, остало е све во топ кондиција.



Не нарачувам дресови со играчи и ова беше првиот пат кога го направив тоа. Нарачав Икарди дрес од Интер. Сезона 17-18. Го купив на крајот од сезоната и копилето си отиде од Интер. Седеше во плакар долго време дресов а и многу веројатно дека ретко ќе биде носен во иднина. Овој е единствен дрес кој е купен за поефтино од стандардната цена за оригиналите, купен е во една спортска продавница во Малта и иако ги има сите тие мали детали, се сомневам во оригиналноста.



Интересен дизајн и добар материјал.



Розевиот од изминатава сезона 2022-23 без спонзор. Солиден дрес, убави бои, таман за у колекција.






Бомба дизајн и одлични детали овој црниов на Глазгов Ренџерс. Еден од поубавите во колекцијава.


Сериозно стар дрес. Сигурно е купен/добиен некаде 1998-2000. Со старото лого и име - ФСМ.
Подарок ми е од братучед. Многу луѓе го носеле дур да стигнел кај мене. :)
И покрај толку носења и перења, сеуште е во солидна состојба. Освен логото на Пума кое е само избледено, се друго е скоро ко ново а преку 20 години е дресов.



Овој е претпоставувам 2006. Не можев да најдам а и премалку барав, податоци кога точно ги носеше Македонија овие дресови ама од прилика знам дека беше тој период. Слаб квалитет. Логото е доста не квалитетно и речиси целиот дрес изгледа ефтин. Величина демек XL a ќе му одговара и на човеккој носи L.
Истотака подарок од братучед ми.


Стеауа, гостински дрес, сезона 2014-15. Се шокирав колку беше скап со оглед на тоа што не беше тековната сезона и е веројатно најскап во колекцијава. Купен во Букурешт.
Одличен квалитет. Премалку носен и може да е најдобро сочуван во колекцијава заедно со оној од Саутемптон кој сеуште е со етикета.
Не сакам толку дречливи бои да носам ама сакам да ги имам во колекција затоа што се необични.




Колекцијава требаше да биде побогата за уште два дреса ама се решив да му ги подарам на брат ми.
Имав еден ваков дрес од Њукасл 2014-15 и дрес на Пандев од Лацио кој лично Горан му го има поклонето на една македонска фудбалска легенда чиј внук ми е многу добар другар. Му го дадов на брат ми затоа што он е фан на Лацио и иако ќе беше можеби највредниот во колекцијава сепак он го заслужува повеќе од мене.



П.С. Ако некој има дома дрес што му стои и е во добра состојба а притоа не го носи и сака да заработи некој денар, пишете порака со слика па ќе се договориме.
Вака нешто ако те интересира :icon_mrgr:
20230625_002547.jpg
 
Стигла нова пошиљка

Интер 2019-20 & 2020-21

20231128_101833.jpg

20231128_102014.jpg


Борусија Менхенгладбах 2018-19

20231128_101905.jpg

Анкарагучу 2021-22

20231128_101943.jpg
 
По кој критериум ги бираш дресовиве?

Па немам баш некои критериуми кога купувам. На пример никогаш не би купил ПСЖ, Ман Јун, Ливерпул, Реал, Барса дрес. Јуве и Милан од различни причини ама углавном гледам тоа да биде помалку популарен клуб али пак од друга страна избегнувам некои си азиски, ј.американски и арапски тимови. Фокусот е повеќе на топ лигите, такви некои фудбал менаџер клубчиња. Сакам да купам дресови и од сите клубови во тие градови кај што сум ги посетил ама за сега ми фалат неколку. Катанија е затоа земен иако генерално не ми праи многу мерак. Особено Џивова како бренд.
А и странава од кај што купувам многу јаки промоции имаат. Еве сега го ставиле Shrewsbury Town Away од ланската сезона за 20 фунти. Глеј го што е за мерак :

1718997123402.png
 
Последно уредено:
Исто како членот погoре, само што тргнав да отварам ваква тема па излезе дека некој ја отворил пред мене.


Како фан на Ливерпул, низ годините еден по еден ми се собра прилично солидна колекција на дресој па решив да ја споделам со некој слични ентузијасти како мене.
Сите дресој шо ќе ги објавам се оригинал, имам уште 2-3 копии меѓутоа несакам да ми ја кварат колекцијава :)

Почвиме од најстар до најнов.

Ливерпул сезона 1994/95.
Без име отпозади и мене лично втор омилен дизајн на дрес од Ливерпул. Интересно е тоа што е Made in UK.
AISelect_20250925_221531_Photos.jpgAISelect_20250925_220643_Photos.jpg

Ливерпул 1996.
Омилениот од сите, штета што го нема Fowler отпозади, Исто Made in UK.
AISelect_20250925_222433_Photos.jpgAISelect_20250925_222514_Photos.jpg

Ливерпул сезона 2008/09.
Со ЛШ беџој на ракавите,
сезоната кога почнав да навивам за Ливерпул и играчот поради којшто почнав да навивам за Ливерпул, штета шо испадна така како шо испадна на крај :place:
Најсентиментален дрес од сите.
AISelect_20250925_224123_Photos.jpg

AISelect_20250925_224146_Photos.jpg
AISelect_20250925_224211_Photos.jpg


AISelect_20250925_224224_Photos.jpg

Ливерпул сезона 2008/09 гостински.
Дрес што буди мемории на дуелот Торес - Видич и Џерардовиот бакнеж на камерата на Олд Трафорд. Исто така ЛШ едиција.
AISelect_20250925_225422_Photos.jpgAISelect_20250925_225438_Photos.jpgAISelect_20250925_225450_Photos.jpgAISelect_20250925_225503_Photos.jpg

Ливерпул 2011/12.
Воедно и последната сезона до Адидас, пред почетокот на хаосот со "Warrior"
После мн години и поминат бес, некако би сакал да беше со Суарез отпозади.
AISelect_20250925_225919_Photos.jpgAISelect_20250925_225939_Photos.jpg

Ливерпул 2011/12 гостински.
Дизајнче по мерак, некако ме потсеќат на Шкртел и Кајт.
AISelect_20250925_230117_Photos.jpgAISelect_20250925_230131_Photos.jpg

Ливерпул 2017/18.
Годината каде што некако започна револуцијата на Клопара.
Еден од омилените ако не и омилен дизајн на домашен дрес од ЛФЦ, New Balance изгазија овие години. Страшно ми будит сеќавања на Кутињо.
AISelect_20250925_230256_Photos.jpgAISelect_20250925_230311_Photos.jpg

Ливерпул 2017/18 гостински.
Дрес кој црпи инспирација од гостинскиот на адидас од 1995/96.
AISelect_20250925_231228_Photos.jpgAISelect_20250925_231241_Photos.jpg
Автоматски споено мислење:


Ливерпул 2019/20.
Шампионскиот дрес со кој конечно после 30 години го кренаа пехарот на ПЛ. Штета шо потсеќат и на почеток на корона, иначе топ дизајн.
AISelect_20250925_231417_Photos.jpgAISelect_20250925_231431_Photos.jpg

Ливерпул сезона 2020/21.
Прва сезона на Најк во историјата на Ливерпул.
Дрес што го купив само заради шо го начекав за ок сума, иначе просек дизајн. Откако се деси тоа што се деси со Жота ме потсеќат на неговата прва сезона во Лфц.AISelect_20250925_232044_Photos.jpgAISelect_20250925_232103_Photos.jpg

Ливерпул сезона 2021/22.
Исто така дрес кој го купив само заради што имаше ок цена.
AISelect_20250925_232555_Photos.jpgAISelect_20250925_232605_Photos.jpg

Ливерпул 2021/22 трет дрес.
Многу ми се допаѓа дизајнов, можда и најавата за дресов допринесе уште повеќе да ми се допаѓа.
Штета што го одбрав баш со тој играч да биде отпозади, From lad to rat, можда ќе ми помини бесот за 10тина години, исто како за Суарез.
Иначе се работи за player issue верзијата.
AISelect_20250925_232652_Photos.jpgAISelect_20250925_232703_Photos.jpg

Ливерпул сезона 2023/24.
Топ дресче од страна на најк, штета шо не е со Дарвин отпозади, некако ме потсеќат на него.
AISelect_20250925_233147_Photos.jpgAISelect_20250925_233202_Photos.jpg

Ливерпул сезона 2024/25.
Последна сезона од соработката на Најк и Ливерпул.
Уште едно шампионско дресче, конечно кренат премиер лигашки трофеј пред публика.
Колку и да не ги сакам најк, морам да признаам дека направија скроз океј дресчиња, немаа предобри како NB, ама пак немаа ниеден лош. Баш овој многу ми се допаѓа и е надвор од некоја комфор зона. За мене ќе остане како легендарен.
AISelect_20250925_233622_Photos.jpgAISelect_20250925_233631_Photos.jpg

Ливерпул 2025/26.
Player issue верзијата и конечно таму каде што припаѓаме, Ливерпул/Адидас.
Солидно домашно дресче, ништо повеќе.
AISelect_20250925_233928_Photos.jpgAISelect_20250925_233942_Photos.jpg

Ливерпул 2025/26 гостински.
Предобар дизајн, лично многу ми се допаѓа.
AISelect_20250925_234349_Photos.jpgAISelect_20250925_234358_Photos.jpg

Ливерпул 2025/26 трет дрес.
The best for last.
Сите некако имаме некоја носталгија за сѐ што е ретро и тешко да признаеме дека нешто сегашно е подобро од нешто во минатото, меѓутоа сметам дека овој дрес дизајнерски припаѓат во топ 3, ако не и на самиот врв.
Иначе се работи за player issue верзија. AISelect_20250925_234745_Photos.jpg
AISelect_20250925_234754_Photos.jpg

Скриен детал од внатрешната страна.
AISelect_20250925_234803_Photos.jpg

Логото од 1990/91ва сезона.
AISelect_20250925_234816_Photos.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom