Вашата колекција на фудбалски дресови

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
А Од Штутгарт дресовите? Кои играчи или без?
Тој белиот е празен, пишуваше Кузмановиќ само без бројка, не знам со кој памет татко ми го земал без бројка. :D
А на црниот 2ка има само, гуглав едно време мислам дека од 2000та година е дресов забораив и играчот као се вика. Мислев Лам да не е. :D
 
Тој белиот е празен, пишуваше Кузмановиќ само без бројка, не знам со кој памет татко ми го земал без бројка. :D
А на црниот 2ка има само, гуглав едно време мислам дека од 2000та година е дресов забораив и играчот као се вика. Мислев Лам да не е. :D

51734030-andreas-hinkel-of-stuttgart-during-the-gettyimages.jpg

Десниот одбранбен бек Андреас Хинкел

Инаку Лам играше како позајмен од 2003 до 2005 во Штутгарт. Тогаш како лев одбранбен бек.
 
13016547_10207073035719127_364284845_o.jpg

Да пресметам колку пари имам фрлено за дресови и да обелоденам јавно дома ќе се одречат од мене во весник...
А уште појјако е шо грото од дресовите кои ги купував на времето не вредеа ни 5 пари(во материјал и сличност со оригиналните)а ги шиткаа по 2,3 илјади..:pos:
Посебно онај од Валенсија(втор ред на крајот),од Барса(вториот од лево на десно)и Франција (трет од 4ти ред)....
Од Скопје ги земав,трет спрат ГТЦ,имаше една продавница,парче праеја од овчички,а не имаше многу,:pipi:
Денес за 3 илјади од Али Експрес Кинез жив ќе ти пуштат,и дури и кусур ќе ти вратат...:pipi:И стопати подобри од на времето,кои беа мизерни копии од оригиналите...
Посебно онај првиот од најгорниот ред,од Јуве е,иако се избришаа лепенките:pos:,кога им беше ДАНОНЕ спонзор,21 година е дресот...:pipi:
Еден комшија од Турција ги носеше,ги шиткаше по солени цени,пари напрај не играчка...:cool:
Иначе имам и неколку оригинали,првиот дрес во втор ред од Барса е земен од официјална продавница на KAPPA,најмногу мерак ми прај,скоро 20 години го имам,сезоната со Роналдо(онај оригиналниот Роналдо),гајле нема,ист квалитет како првиот ден..
Исто и од Звезда и Јувентус купив од истата продавцница,од Звезда уште го имам,од Јувентус ми го зеде еден другар и уште не го врати лопужата,веќе застаре делото...:icon_mrgr:
А и 4тиот од втор ред од Барса(сезона 2011/12)е од официјалната страна на Барса порачан..
117 евра беше,заедно со беџот светски шампион,арно ама курназите ги пуштале по DHL,:pos:ни видов тогаш по шо пуштаат ни ништо,кога ми се јави една госпожа од DHL Македонија и кога ми кажа дека на име поштарина.шпедиција,царина имам за плаќање речиси 100 евра косата ми се крена...:icon_mrgr:
На крај дресот ме чинеше над 200 евра,со тие пари шо ги дадов за услугите на ДХЛ ќе одев со некој нискобуџетен лет до Барселона да си купам дрес лично и персонално од Ноу Камп..
И еден дрес од РК Пелистер е оригинален,останатите се зелено-бели дресови порачани од Англија,или home-made дрес од Пелистер...:гик:
Имам уште 10ина,ама не се за јавно прикажување...:icon_mrgr:
 
Томасино, ѕверу. Не може да си остави само слика, мора да пише и километарски пост. Да треба да одговори со „да“ или „не“, пак ќе изнапише цел реферат, ѕвер :D
 
Томасино, ѕверу. Не може да си остави само слика, мора да пише и километарски пост. Да треба да одговори со „да“ или „не“, пак ќе изнапише цел реферат, ѕвер :D
Професионална деформација..:icon_mrgr:
 
Без Парма во колекцијата ништо..:icon_mrgr:
Хит беше на времето,дрим тим......
Верон,Креспо,Турам,Фабио Канаваро,Џиџи Буфон,Нестор Ариел Сенсини:cool:,Киеза,Фаустино Асприља..
Штета шо газдата беше лопов,и шо пропаднаа брзо,таква екипа собрана на едно место тешко во иднина...
 
Од тие 10, дали еден е од Манасков сезонава? :LOL:
Хаха,од татко му:pos:..
Иначе педери оние од Телеком,кога го правев договорот за мобилниот не ми дадоа дрес од ЕДНА ЉУБОВ-ЕДЕН ЖИВОТ:icon_mrgr::cool::kuracc:а ми следуваше,а баш само заради дресот од Вардар праев договор,не за телефонот...:гик:
И Телеком не се како на времето..:kuracc:
Мислев на украдени(невратени) дресови,еден од Јуве,еден од Барса,неколку сам ги фрлив неодаман,посебно два од Ренџерс на времето...
Ги чекав в кладилница за 50 илјади Ренџерите,ме заебаа и од нерва ги фрлив дресовите в канта...:pos:
Иначе имам уште два дреса на Барса и еден од УТД(се переа тој ден):icon_mrgr:и сеа чекам да ми стигнат од кај Чајнезите еден дрес од Италија и Јуве..:zloo:
Така да околу 30ина се во моменталната колекција..
 
Дај линкче од каде порачуваше...
 
Од тоа време да немаше дрес од Парма е несватливо, неспоредливо со ништо друго во денешно време :D

Инаку да не сликам, дел од мојата колекција се:
Оливер Бирхофф (Милан) - овај не е за сликање, од црвено-црн незнам шо боја доби, се излижа целиот преносен е :D сега за варосвање низ дома ми служи :pos:
Бобо Виери (Интер) - Легендарната 32ка :D Овај подобар квалитет е, подобро се покажа во квалитет од дресот на ривалот -Милан, коска е уште како нов...
Јувентус - без бројка
Црвена Звезда - без бројка
Манчестер Јунајтед - оргинал дрес од Вејн Руни, дирек купен од продавница во Индонезија за спортска опрема, ми го пуштија роднини преку чартер :D Со сите оргинални рекламации на него, спакуван по светски стандарди ми стигна овде, солено платен за наши стандарди, а за нивни ништо, овај има уште децениии да се носи :D
Меси (Барселона) и од Пелистер овие од кај нас се земени по 10 евриЧи :D
 
Што дрес е ова лево од Вардар?

Имам два црвен и виолетов.

п.с. For fuck sake маскотата е лилјак. Знаеш како изгледа лилјак? Е сега пробај да го направиш играчка за мали деца. :D

На Бетмен му успеа бе :D

И постирај и од Рапс дрес бе, да ти љубоморам малце :D
 
Што дрес е ова лево од Вардар?
Од Шведски нисколигаш Вардар (нормално, наши го формирале) е дресот, и мене не ми беше верно ама ми прати слика од амблемот.
 
Некој да даде линкче за квалитетни кинески дресови?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom