Вашата “дефиниција“ за Бог...

  • Креатор на темата Креатор на темата Dark Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Бог...Универзална Енергија, Апсолутното добро, Совршенство, Љубов...
 
Бог е чистата енергија, која не е ниту кинетичка ниту потенцијална ниту механичка. Енергијата која помогнала од само на судар на неколку електрини да настане експлозија и да дојде до воспоставување на врски помеѓу атомите и создавање на Земјата и почеток на животот на земјата. Многу е нелогично да кажеме дека Бог е некое интелегентно суштество и дека Бог го создал живот на Земјата. Колку и да се збори на оваа тема ниту теолозите ниту научниците немаат цврст доказ за да го потврдат ни едното ни другото. Само според мојата дефиниција за Бог тој е чистата енергија која не може да се создаде и да се претвори во друг вид. Многу сме ние уште на низог раг со искористувањето на нашиот мозок за да можеме да ја разбереме таа енергија, можеби за некоја година или многу години ќе ни биде се јасно:baeh:
 
Бог е чистата енергија, која не е ниту кинетичка ниту потенцијална ниту механичка. Енергијата која помогнала од само на судар на неколку електрини да настане експлозија и да дојде до воспоставување на врски помеѓу атомите и создавање на Земјата и почеток на животот на земјата. Многу е нелогично да кажеме дека Бог е некое интелегентно суштество и дека Бог го создал живот на Земјата. Колку и да се збори на оваа тема ниту теолозите ниту научниците немаат цврст доказ за да го потврдат ни едното ни другото. Само според мојата дефиниција за Бог тој е чистата енергија која не може да се создаде и да се претвори во друг вид. Многу сме ние уште на низог раг со искористувањето на нашиот мозок за да можеме да ја разбереме таа енергија, можеби за некоја година или многу години ќе ни биде се јасно

If you can make it up, it doesn't make it true, you know.
 
Не ми се допаѓа коментарот на DARK WALKER.Не може да ме ограничи идеолошко некое правило,и така анхок да го прифатам без да го протолкувам со своја глава.Запамти:Човекот е мисловен експанзионист,голем господар а сепак незнае да ја исканализира до крај моќта и се поведува по некои правила кои сами по себе ако ги проанализирате звучат многу егоистично и нелогично!Некои од заповедите се премногу поучни,некои се многу контраверзни!!!
 
Прво, за да дефинираш нешто треба да биди материјално, нешто што нашите сетила би го детектирале. Бог е догма. Од страна на верниците, Неговото постоење е догматски прифатено, веруваат и го опишуваат на начин на кој е претставен во Библијата. Значи според стандардите на црквата, Бог е суштество, кое има моќ да создава, уништува, алтерира, според Негова волја.
Меѓутоа, ако се земам себеси како пример, јас не верувам во Бог како во личност, суштество, појава... Бог за мене е сила која го држи овој свет во едно, нешто, кое е моќно онолку колку ние би му дозволиле.
Догматските учења на црквата наведуваат да веруваме во Бог онака како нив им одговара... Па тука е Исус Христос, приказна во која искрено не верувам. Мислам дека е тоа создадено со цел да се воспостави еден вид на контрола врз поголемиот дел од популацијата на планетава, со цел да се избегне сеопшт хаос.
Бог е се она што не можеме да го објасниме по научен пат... Се она, за чие постоење или причина за случување нема материјален доказ прифатлив за сеопштите човекови стандарди. Од тука, Бог е она кое ние не можеме да го контролираме се додека не најдеме одговор на засега неодговорените прашања. До тогаш, стравот од Неговата моќ, од неговото постоење ќе владее со нас...
 
Земјата настанала со големата експлозија, човекот со мутација. Сигурен сум дека Господ не го создал сето ова. Не верувам во Господ како личност со бела брада со лик на човекот. Верувам во некоја виша сила која не движи сите и која е постојано околу нас. Ако таа енергија ја нарекувате Господ тогаш ок, верувам во него.
 
Дефиниција?хм...Веројатно некој архетип, дедовска фигура.Едно време сакав да мислам дека ако веќе постои, дека е жена...Или е андрогин, ако веќе морам да го дефинирам во хуманоиден облик.
 
Bog e sila.. Energija vo nasite tela i duhovi.. A bidejki i energijata vrti vo krug.. I nikogas ne ja snemuva celosno.. znaci i Bog e nesto besmrtno.. Bog e vsusnost toj sto ja sozdal zemjata.. Prvite znaci na zivot na nea.. Svetiot duh e toj sto ni pruzil del od taa energija na Boga vo nasite tela za da mozeme da funkcionirame..
 
Bog e ljubov,

Zoshto Bog tolku go zasaka svetot shto go dade svojot edinoroden sin taka shto sekoj koj poveruva vo nego da ne umre tuku da ima vecen zivot

ako ova ne e krajna najvozvishena ljubov drugo nishto ne bi mozelo da bide
 
Ова одамна го имам запишано од некој филм:

Ако ја земеме светилка во раката која сјае кон ѕидот, светла точка ќе се појави на ѕидот.
  • Светилката е нашата потрага за вистината... за разбирањето.
  • Премногу често, ние претпоставуваме дека светлото на ѕидот е Бог, но светлото не е целта на нашето барање, тоа е само резултат на пребарувањето.
Колку посјајно е светлото на ѕидот, колку поголемо ни е чувството дека го откриваме гледајќи го. Спротивно на ова, некој кој не пребарува, кој не носи светилка - не гледа ништо.

Тоа што ние го сфаќаме како Бог - е само производ на нашата потрага за Бог. Потрагата благодарејќи на светлината може да биде чиста и без недостатоци, но ние не сфаќаме дека доаѓа од нас, од нашата светилка, нашата потрага....
 
Бог не може да се дефинира затоа што е нешто надприродно и ние немаме толкави моќи за да можеме ни приближно да каземе како тој изгледа итн.Многумина се обидувале да го објаснат меѓутоа никој не успеал затоа што како може да се објасни нешто што не е видено до сега?!?Во него може само да се верува и да се сака безимерно со целото срце и душа!
 
Ќе го повторам она што го кажав на некоја претходна тема, имено, не може да се каже што е Бог, како изгледа, може да се каже што не е. Затоа што секој збор кажан за негово опишување води во погрешна насока... Човечкиот јазик не е доволен да се опише нешто така големо.
А ако одиме според Библијата... Таму стоеше нешто како "И Бог го создаде човекот според образот свој"... Не цитирав точно, ама имам подзаборавено, одамна ја читав Библијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom