Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Никогаш нема да бидеме исти
само затоа што времето така реши
ни покажа среден прст преминувајќи на црвено
а јас и ти гледавме зачудено
од кога овој свет стана така залуден
зошто кога заспиваме одвоено
секој секому недостасува
а ништо не ни чини кога е споено?
Никогаш нема да бидеме исти
знам, еве и кога сме загледани
во иста точка на хоризонтот
ти гледаш авион што полетува
јас птица што исчезнува низ облаците
правецот е тој
но ниеден не ги следи знаците.
Никогаш нема да бидеме исти,
ти ќе се плашиш, јас ќе бидам храбрата
ќе го презирам твоето молчење
а ти ќе ме препознаваш во вревата
ќе свенуваме како ириси безнадежно
и пораки од роса во тревата
Никогаш
Нема
Да бидеме исти.
само затоа што времето така реши
ни покажа среден прст преминувајќи на црвено
а јас и ти гледавме зачудено
од кога овој свет стана така залуден
зошто кога заспиваме одвоено
секој секому недостасува
а ништо не ни чини кога е споено?
Никогаш нема да бидеме исти
знам, еве и кога сме загледани
во иста точка на хоризонтот
ти гледаш авион што полетува
јас птица што исчезнува низ облаците
правецот е тој
но ниеден не ги следи знаците.
Никогаш нема да бидеме исти,
ти ќе се плашиш, јас ќе бидам храбрата
ќе го презирам твоето молчење
а ти ќе ме препознаваш во вревата
ќе свенуваме како ириси безнадежно
и пораки од роса во тревата
Никогаш
Нема
Да бидеме исти.
