Ваша поезија!

Да се биде некој друг


Денес сум тетка Маре
и гушкам внучиња
скришум плачам оти не ми успеал пандишпанот
лакирам нокти со сребрено бел лак
тивко липам на Love story.
Саксиите со шери доматчиња
ме гледаат блед
уште не ги фатило сонце
чекаат и тие некој друг да ги полее
тетка Маре, не можеше
оти појде
да го посети гробот
на својот одамна починат сопруг
признат пијаница
но и голем љубовџија.

Нејзиниот мираз беа вредните дланки
срце полно босилек и црешови гранки,
скромното злато блеснато на чело
младоста, завиена во кревко тело

Денес сум тетка Маре
и онаа женичка во автобусот
со испукана кожа
што грчевито го држеше кусурот
и торбата со спакувани надежи
во очите и гледав тага
и ја запишав.


сите сме некој друг
кога плачеме
за животот.
 
Да си на рана - сол

зад фолија би те чувал
да ни зрно не би допрело воздух
како што ја допира кожата моја.
Како солза би те оживеал и водел
во од времето создадени
корита на ликот мој.
Oд бол би сплел ќебе,
и во сон би те чувал блиску,
од страв да не те изгубам.

Да си на рана - сол,
цел рана би се сторил.

Да си на рана -сол,
во солта рана, јас би бил.
 
Невидлива


Иднината знае дека ја посакувам
со жар и пепел потоа
не се грижам, лузните и онака се на тело
не ми требаат нејзините сеќавања
еве урлам
Сакам Живот!
Сакам Живот!
Сакам Живот!
Сосе крв, сосе протегање
ја барам пребрзо
со тупаница стегање.

Ја чекам, во секое изгубено утро
во непрочитаните книги, заборавените пријателства
ја демнам, во неизградените врски, закоравените ставови
мртвите пиксели, изгорените слики, непријатните погледи
ми треба да ми каже, што е следно
што е,
самата таа...

Невидлива, како стаклените врати
на телефонските говорници
како издишаниот воздух по уморен ден
што се лепи на зеници
Таа е недопирлива а сеприсутна



и мене и неа ни



се умира и по стопати, ако би можеле
секој ден по малку
особено кога телефонот ѕвони предоцнa
кога децата се раѓаат прерано
кога вресокот низ облаците прави секавици
кога сечија сенка низ чекалницата не’ одминува.


Иднината е тука
ти,
не си.
 
Секoгaш се чувствувaм oсaменo
Кoгa ти прв зaспивaш
a јaс ги мијaм сaдoвите
сo филoсoфскa чистoтa
Сфaќaм декa
и пoкрaј сите тoчки нa пoврзувaње,
Секoј зa себе
е тoчкa oд кoјa немa врaќaње.

Секoгaш се чувствувaм oсaменo
кoгa те чекaм дa дoјдеш
Јaс, веќе сум стигнaлa
А ти, зaдишaн
Дoцниш.
Секoгaш се чувствувaм oсaменo
кoгa и вo нaјгoлемaтa блискoст
Ние сме две небa
гледaни oд дaлечинa
Две тoчки
И немa гoлемa филoсoфијa вo тoa.
 
Замислувам. Овој свет е една голема душевна болница
некои плачат, некои се смеат
смртта носи докторски мантил
дијагнозите се различни, но лекот е ист
само оној кој Љуби гласно
тивко го погребуваат.

во градините расте надеж
никој не ја гледа - дворот е покриен со троскот
една педа,
Косачот ја гори со поглед
нудејќи им свежа лага во сокчињата
на пациентите
Замислувам. Овој свет е една голема душевна болница
никој не те посетува
но, не ти ни треба тоа
Ти одамна
Побегна.
 
Човек ќе се роди
ќе му дадат име
ќе го заковаат за некакви одредници
географски
бројчани
ќе му кажат - верувај во ова
не верувај во она
мрази го секој што не е како тебе
сакај го ближниот свој
Ќе се роди
и ќе умре, чекајќи
некое ново небо
безгранично топло
како првата прегратка
на Мајката Земја

Ќе се родиш и тераш
точак
кола
проблеми
први заби и последни пелени
се сонуваш себеси
дека можеше да бидеш подобар од ова
а пак немаш платено рата од кредит
сонуваш во пар
а на вратата ти стои табличка со едно презиме
мируваш а бранови те носат
тонеш во побуди
и заблуди

Човек ќе се роди
и пред да се сети дека треба да живее
тој умрел
оставајќи ги саксиите цвеќе
ненавадени
душите што ги љуби
ненасадени
ѕвездите што ги гледал
засрамени.

Затоа:
Живеј.
 
дали ти недостасуваат
сите што одамна ги нема
дали се сеќаваш
на сите солзи испиени крајпатно
како чашки ракиичка
можеби и истурени
не знаеш, дали ти недостигаат
оние што се живи
затоа што бараш причина
и во пратените писма
на погрешни адреси
непостојаните места на живеење
чекаш, а животот кине дневни весници
пречкртуваш датуми, а часовниците
на ниедна улица не работат.
дали
ги разбираш луѓето
кога не го зборуваат твојот јазик
ветувајќи им нешта со срцето?

Дали, направи нешто денес
освен нарачката во ресторан
за којa заборави да оставиш бакшиш
а келнерката те гледаше.

И се допаднаа твоите солзи
додека се криеше зад менито.
 
Те носам со себе како ангел чувар,
те носам во себе како амајлија,
те носам пред себе како патоказ,
ти кој на јаве само сенка си,
ти кој во сон надеж си,
тебе кој секој ден те откинувам од себе,
и душава на ченгел ја обеси ,
те носам како божество во ова време -невреме,
како небиднина која ја живеам,
и секој ден се молам на небото
да не исчезнеш од мене.
 
Мандала

Нека исчезнат сите мередијани,
обични луѓе, но со силен центар,
кој сепак не се пикадо,
со малку бледи бои и живот.

Како Сиријци бегалци,
со копнеж кон слобода,
проколнат како чума,
моите нозе залудно ескивираат.

Ми се има случено да полетам,
да паднам силно на неспремни нозе,
имам икусено љубов и задоволство,
среќа и восхит, но во јаве никогаш.

Ги сакам сите битија, со страв,
со страв им пристапувам,
јас сум силен, но тие не,
кому му е грижа, освен на мене?!

Да бидеш поткрепа на целата вечност,
да го држиш просторот подеднакво,
да бидеш нишка на сите страни,
секоја клетка да ја бојадисуваш.

Во замор, но со мотив,
да продолжиш да бараш
каменче во вреќа со ориз,
не е лесно, но сакаш да си жив.[DOUBLEPOST=1443025157][/DOUBLEPOST]Турбуленција

Ќе напишам неколку машки зборови,
својата суета ќе ја покажам на нив,
со решителност ќе зборувам,
но нема да го оправдам падот.

Силно е моето битие да преживува,
но немоќно да создава метафори.
Секој здив со желба за нов момент
и ми се чини дека нема време за губење.

Колку сум само храбар во своите мисли
и моето срце нека биде такво,
нека ветува како умот,
нека не пукне како стар нерв.

Крвта бела ме плаши, но кријам,
во мислите композирам убави фрекфенции,
за да не би чувствувал како вришти телото,
вришти во вакум, а вакумот е безвучен...[DOUBLEPOST=1443025733][/DOUBLEPOST]Копнеж

Секој сака да биде креатор,
од пепел да направи кристали,
не ограничен од жива ограда,
како слухот на Бетовен да пропаѓа.
Копнеж за контрола, до деструктивност
со својата креација да си играш без милост,
покажувајќи его и гордост,
не давајќи значење на тешкиот помор.
Кристалите да не бидат љубени,
но уништени и да горат во лава,
да се привикнат и калат на спротивности,
да пораснат сами од себе како Феникси.[DOUBLEPOST=1443026547][/DOUBLEPOST]Слобода

Брадата нема да ја избричам,
луѓето ќе ми зборуваат,
но јас сакам да се разбудам со насмевка,
покрај прозорецот да се одморам од спиењето.

Денот да ми почне со моливот во рака,
алхемија на руда и дрво,
на лист од хартија да цртам апстракти,
но никој да не ја виде лудоста на мојот ум.

Напладне да бидам обичен човек,
да глумам висока класа,
во себе да кријам едностност,
но да искажувам боемски манири.

Кога ќе легнам во тишина,
умот да ми врви кон бесконечното.
Реалноста за мене не постои,
премногу е мала за да и дадам значење.
 
Последно уредено од модератор:
Чекори

По патот - жежок асвалт,
нозете наши в'јад итат,
во марш секој чекор цврсти,
молк и покор, болни плуски.

С'нце златно, а за нас казна,
после дождот, плуќи тешки,
земи здив, вода вдиши,
во стари чевли, оди пешки.

До целта сите солзи да ги скриеш,
со грч насмевка назад да се враќаш
дај и сила Боже на снагата ни наша,
како цела вечност во место да тапкаш.
 
Таа

Мистичен е нејзиниот поглед,
џамлија око под везени трепки,
зелена боја со кафеави нијанси,
страст и желба во усни жешки.
Цигара и вино црвено,
цинкова кожа и ум во немир,
сладок грев во мисли мои,
дека магична и гола пред мене стои.
 
Ја познавам смртта
од далеку, како сенка која надвиснува над лицето на татко ми
кога дедо ми не се врати дома
ја познавам смртта и од блиску
како ден за ден крпење спомени и враќање назад
кога баба ми почна се’ да заборава
ја познавам смртта, како погон
во кој неуморно работат вредни невидливи раце
кршат бодликави жици и врескаат во прогон
носат еден, друг, трет
блиску, а далеку од нас
на Оној свет
таа е тука, сеприсутно владее
дише и кога спиеме, те гледа
воопшто не и е тешко да го исклучи телевизорот
да ја расипе сијаличката од фрижидерот
да го фрли погледот кон зајдисонцето
Ја познавам смртта
како ладната дланка на чичко ми, тетка ми, вујна ми
сите вратоломно паднати солзи
како крик на жерави пред полетување
ја познавам, од иконите кои ги бакнувам
со доза страв и молитва што не ја разбирам
но, срцето ја толкува
Ја познавам смртта
ја сеќавам - сме се сретнале неколкупати
со одминување
Секогаш е насмеана.
- затоа Животот плаче по неа.
 
Околина

Во воздухот шум,
ехо на алчност, бес,
нетрпение, бесвест.
Збунетост и црна желба,
кратка молитва, не изустена,
луди мисли вриштат,
поради душа пуста, изпрепустена.
Стари градби и улици,
внатре шноли и гердани,
слики стари, фиоки со спомени,
од гниење во гниење,
не истрпливи промени.
На клупите заљубени птички,
бакнежи искрени помалку,
чудни погледи од автомобили,
не чесна крв завидлива,
опиена со високи промили.

Мостот кој го гледавте,
не мириса исто...
на река и шавори,
повеќе не го слушате шумот,
само ехо на алчност и бес,
црна мисла како чума во умот.
Има патека, но нема чекори,
има чекори, но нема чевли,
има чевли ама два броја помали,
сепак и тие нема кој да му ги подари.
А црвената ограда, уште по црвена,
кафеава, не, црна! Па таа е р'ѓава.
Мајчини паранои и таткови заповеди,
со пива во раце и чудни ритуали,
зар сум на крајот од овој свет,
кошмари и грижи во сред пубертет.
 
Зборови

Да се одморам везејќи зборови,
почивајќи после сите заговори.
Работата нема крај, некој ми рече,
ми шепна збор што безмилосно пече.
А зборовите мој абстрактни, не разбирливи,
немаат смисла, но сепак се изворни.
но јас не ги пишувам, ниту измислувам
тие се надвор, неопходно е да ги извисувам.
Дали јас ги создавам - не, туку тие,
постојано се тука, поткрепа на моето име.
На почетокот беше зборот и Бог беше во него,
или пак зборот беше во Бог, знае само едно небо.[DOUBLEPOST=1443906459][/DOUBLEPOST]Бело злато

Гледам во Нејзе, жолта или бела,
Таа е толку овде, присутна,
независно од - колку е таму,
може да се огледа во моите зеници.
Не го слушнав нејзиниот глас,
ниту мирисот не го осетив,
единствена убавица - во која,
се заљубив гледајќи.

Ми дава чувство на антика,
не е црвена, но како крв да пролева,
како животи да дава и зема,
како што сака, како Божица,
таму некаде над ридот,
таа е Пресвета Месечина!
 
Последно уредено од модератор:
Кој сум јас?

Мојата поезија,
е само низа на гласови,
напразно извикувајќи,
замаглување огледала.

Мојата мисла,
е шкртаница на табла,
оставена, неизбришана,
од Петок, до следниот Понеделник.

Моите чувства,
се дрски, некогаш прекрасни,
тие не се под контрола,
достапни се за сите, освен мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom