Ваша поезија!

Атриум

Си играме, со смислата на животот
а тој, ни ја праќа неа
да и ја облечеме омилената облека
а плакарот, да зјае празен
си играме, со значењето дека ја нема
а таа демне
на секоја страна од обичните нешта
во залакот набрзина изеден
во секундата пред поминување улица
во каблите што висат
на студот што во април ѕемне

Често се шегувам
дека сакам да ме закопаат
во шарено комплетче и со карминче во ковчегот
да, смртта е шега
на која не и се смееме. Оти не смееме.
Ставете го и микрофонот внатре, им велам
за секој случај, може ќе оживеам
и сама ќе си запеам песна.
Ве молам, аплаудирајте
му

на животот
кога ја облекувате смртта.
 
И така терам ден след ден
и гледам -шефот е кретен!
И мислам шо да правам јас
во овој тежок касен час?
Ке земам пасош бугарски
во касна доба
и ке си најдам некаде во тугина гробот!
 
Тука сум (I am here)

Ќе викам пред тебе се,се што на ум ми е,
знам каде беше и знам кој од таму иде,
остави се да замине,вода нека одведе...

Кога сакаш ти некого,така нека биде,
само сврти се назад и некој ќе видеш,
кода чувствуваш слабост,кога срце се кочи,
помисли на мене,не затворај очи...

Знај дека јас сум тука,тука цело време,
дади ми шанса,испружи ми рака,
да покажам се што срцево крие,
да плачам ко дете,кое тажно се крие....
 
Поминаа неколку години,
милион вечности без тебе...
Поминаа неколку мигови, ратсрчкани весели зеници
љубов, цвеќиња и Наполеони!
Поминав и јас покрај твојата слика деновиве
неколку пати, всушност сто пати...
Зарем е важно кој погреши, кој излажа,
кој не ги крена и не ги гушна дечињата
шо ни ги раѓаја насмевките?
Помина ти покрај мене сиромавиот
и сиромашка ти остана душата!
Поминаа и ветровите и сите коски стресени...
Поминаа и заминаа...
Сонцето нови сцени нуди, нови животи,
нови палети од бои, нови љубови...
Ти повторно се смееш,
Јас повторно глумам лудило!
 
а да беше љубов, немаше да биде песна

Сакав да бидеш дом
за моите крилја да одмараат
по напорните летови
сакав да бидеш сон
за моите мисли да спијат
создавајќи светови.

Сакав да возиме брзо,
да ми пресадиш место срце, лале
да научам така холандски
да готвам бавна француска супа
и да читам на глас рецепти
што сама сум ги измислила.

Сакав да мислам во множина,
партнерство, љубов и кризи
рози, филм и пица
надеж, виткање подароци
стуткана постела
сонце на нашите лица.

(Човек, забегува
кога ја гледа иднината
онаква каква што
(не) би можела да биде)

Навистина сакав
да не те запишам
никогаш
во песна.
 
Кога нема каде

Кога нема каде, излезот е во влезот
на вратичката од долапот со зачини
мирисам шафран и блесавеам
биберот е истурен како песок и во него дупче
мравјалник од зборови
мрморам молитва
мерам без рецепт, споулавувам од мирисите
опојни, заборавени, расипани
фрлам во кантите
сечам, љубам ножеви
а во нив ни крв ни зарез, само редици
зеленчук, парченца занес, сон,
тава со крива рачка, од играчка плачка
музика од далеку и блиску, дожд од балкон
се сушат крпи за бришење, звук на птици
место престилка, монашка мантија
се кријам, а сум тука пред вас, аплауз и брашно на нос
и глас
глас
глас
готвам мрсен блуз, плачам, твитам, вадам сладолед од фрижидер, заборавам како се викам, отворам и затворам кутии со чаши од вино, живеам,
дивеам и се надевам дека ќе преживеам
солзи во сосот пуштам.
А во чоколадата заразна смеа.
И има да греам!
 
Ќе се родиме

Распарченост на сите страни
фронтови без граници и граничари без фонтови
напишани мисли без потцртани места
вреснати имиња без потпишани страници
книги што се палат сами од себе
оти им е срам да се претставуваат
правдата носи товар на грб
Луѓето, заминуваат
се симнуваат од себе
од подножје до врв

Ќе се родиме ли одново, кога сево ова ќе биде приказна
со мастилави букви запечатена во читанките
ќе бидеме ли млади пак, како што знаевме
со мазни мисли и бликнати ко булки
нацртани невешто, ко чистина пред дамките?
Ќе бидеме ли Младина, што гласно бара правда
го затрупува сеќавањето ко лавина
што ни следува, животе, прашувам
оти сакам да живеам додека живеам
без да се будам во страв и гнев
со тупаница стегната
како ова срце што пишува и издишува
како лавји рев
се искушува
да стане борба сама по себе
до последната капка крв и пот
Ќе се родиме, ли одново, за да те спасиме
тебе, ти што не’ имаш само како луѓе и нелуѓе
под овој крвав
неуморен свод?

Ќе се родиме...
 
те љубам

те љубам утрински
со првите птици и последните студенти
кои забрзано патуваат кон изгрејсонцето

те љубам, севселенски
севезденски
како кога сонуваш нешто сочно
и перницата станува море од лигавење

те љубам, во приказни
речиси никогаш јавно
те чувам во џебовите од фустаните
како цреши украдени од маалските дворови

те љубам, како сонцето што ги љуби чадорите
забодени во песокта
и ги мачка со крем за сончање
а луѓето ги гори до исцрпување

те љубам, како заљубена поетеса
како уморна стјуардеса што едвај чека да падне во хотелскиот кревет
сама и без пилот

те љубам, како да си од прав сторен
и те обликувам,
во песна, во стих
во наречје те запишувам на дланките

те љубам, со мало т и мало љ
а се’ во мене за тебе е големо

те љубам, а зошто да не те љубам
зар може некој да ми те забрани
освен самата јас?
 
Го знаеш ли она чувство


Го знаеш ли она чувство

кога сите те одбегнуваат

ти се смеат

и те повредуваат

го знаеш ли она чувство

кога никој не те љуби

чувство кога солзи течат по образите

чувство кога срцето ти е празно.

Не, ти не го знаеш тоа

со тебе сите сакаат да се дружат

и сите околу тебе кружат

секој тебе љубов ти дари

а солзите не потекле по твоето лице.
 
Ти

Нема никому да кажам за тебе
ќе те скријам и од себе
може ќе не’ видат како мезиме ќебапи
или како ја држиме Чаршија за рака

Нема никому да кажам колку ми се допаѓаш,
ќе си го чувам копнежот во една од книгите
што си ги купив со намера да ти ги подарам
и ќе те сонувам кога спиеме заедно

Нема никому да кажам
колку е јарка бојата на оваа приказна
такви темпери не се произведуваат
можеби сето ова не е вистина?

имам толку елегии за тебе
имам толку зборови
толку впивливи колкови
за сето сонце што во мене го создаваш

Море, ќе им кажам на сите за тебе!
и ќе ја затворам устата конечно
ќе го отворам срцето
додека зајдисонцата на Скопје не потемнат.
 
Признание


Сакам да ти кажам дека е време
да почнеме да живееме, онака како во древните времиња
да постоиме еден за друг и да нема во ниеден момент плач
само соживот со лавовите
ниеден крвав меч ниту крвопролевања
да научиме дека грстот песок некому е земја од соништата
дека капка вода е спас на срцевиот пожар
да ја видиме светлината

Сакам да ти кажам дека е време
да сме луѓе и љубовници
да ти постелам ѕвезди роеви
да бидам магија, да ме има и снемува,
да те нацртам на морскиот брег
како бразда од бран исчезната

Сакам да ти кажам
дека Љубовта е единствениот одговор
иако ти никогаш не ме праша
дали навистина сево ова можеме да го издржиме.
 
„Бегам како протерана од еден пекол во друг
o зошто боговите ме натераа да го изливам нивниот гнев?
Газам врз пепелта од нивните коски
чувствувајќи го секој прободен меч,
о зошто ја видов светлината на овој ден?
Не побарав коси од растопено злато,
нити смарагдни очи и тело како ленено платно
Се родив од нечија страст во сон,
да бидам кралица и слугинка,
да носам тага во сечиј дом.
Ги слушам во ноќта врисоците на сираците и вдовиците,
го проколнуваат моето име за овој сторен грев..
Ја молам смртта да ме понесе на дланки,
не доведов ли доволно страдање на овој свет?
Ова бегство во рајот по цена на дожд од стрели,
и прегратките на саканиот за мирисот на челик и крв
огнените ветрови доведоа гневни едра
да ја вратат украдената чест на оној кој ме зароби прв.
И низ вековите тие ќе го шепотат моето име,
таа која распосла гробови зад петите,
таа која остави крвави солзи во очите,
таа која направи браќа да си зариваат ножеви во грбовите.
Јас Божицата протерана од рајот,
јас грешницата недостојна за пеколот,
јас која се родив и умрев во рацете на љубениот.
Сонцето веќе не сјае над моето небо,
замолкнаа и гласовите на мечовите,
ова тело кое ми е бесмртен дар
веќе не е пехарот со вино во рацете на краловите.
Молчам пред татковите порти,
срамот е потежок и од сандак злато.
Додека светлината не се претвори во мрак,
и времето не се излее како песок низ прстите
ќе бидам проколнувана, ќе бидам посакувана..
Еј богови понесете ме на градите,
еј кралови одведете ме на дланките,
ќе ја вратам гордоста која ви ја украдов вас
ќе живеам за денот кога вашиот гнев ќе згасне
да ја освојам повторно љубовта на Спарта јас.“

(Колекција Митска поезија - „Таа поради чие лице испловија илјада бродови“)
 
Навраќање


Одамна не сум се сетила на тебе
Како да е вчера, се’ што сме изгубиле
па одново нашле, во редовите муабети
на сите ќошиња низ светот
Тие јазици, научени, приучени, заборавени, задробени

навистина имам љубов за тебе, но ќе морам да ја прекројувам
си мислам додека слушам некои нови песни додека се расонувам
го завиткувам вчерашниот ручек и го делам со мачињата
знаат ли тие колку труд и љубов се сее по улиците
без оглед на политичката состојба?

се прашувам дали ќе чекам да ја видам Месечината
како јава бранови додека се ѕиркаме
таа меѓу згради, јас во твоите прегратки
одамна не сум ја видела таа скица
освен на рабовите по театрите

Го видов вчера морето,
ми застана на нос додека чекав ред пред рибарницата
како да е пеперутка во ливада
случајно или не, само тогаш застанува
кога сеќавањата тргнуваат.

Одамна не сум се сетила на твоите алергии
А сум зависник од сензации.
Еден ден, моето умирање ќе биде
казна да гледам во црно бела програма на колор телевизор.

Ни тогаш, нема да ги читам титловите.

Одамна беше, одамна тоа бев јас
И ти

Сега веќе сме големи
Смалени во некои нови простори.
 
Велиш, верувам во Бога
а секој ден скришум ги менуваш сказалките од часовникот
му пркосиш демек на времето
купуваш креми против брчки
и се надеваш на стареење без умирање
велиш, верувам во човештвото
а секој ден фрлаш отпадоци насекаде
за тебе трошењето е складирање
и ти се полни срцето
како кошничката во супермаркетите
велиш, верувам во Љубовта
а се сакаш само себе
но сам,
никој никогаш никаде не е запишан.
 
Здраво, сакам само да ви соопштам дека има нов сајт во етер, каде имаат цела посебна категорија за поезија, проза, мотивациони текстови и сл, а целиот концепт на сајтот е самите корисници да го пополнуваат. Па кој од вас смета дека има дека има нешто да сподели со јавноста и на сајт освен на формум слободно пратете им ги вашите материјали. Можете и таму да се потпишете под псевдоним доколку сметате дека треба. Еве ја категоријата, ваљда ќе ви се допадне...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom